Кратка, но богата историја
Во јуни 2003 се направи планот за основање на Wizz Air, кога шест луѓе со огромна стручност во областа на воздухопловството и други успешни приказни се здружија со Јожеф Варади (József Váradi), Извршниот директор на компанијата. По само три месеци, Wizz Air стана регистрирана компанија подготвена за летање.
Првиот авион полета на 19 мај 2004 од Катовице. Денес Wizz Air нуди преку 600 маршрути од 25 бази во регионот: Виена
во Австрија; Тузла во Босна и Херцеговина; Софија и Варна во Бугарија;
Кутаиси во Грузија; Будимпешта и Дебрецин во Унгарија; Рига во Латвија; Вилнус
во Литванија; Скопје во Северна Македонија; Кишињев во Молдавија; Катовице, Варшава,
Гдањск, Познањ и Вроцлав во Полска; Букурешт, Клуж-Напока, Крајова, Јаши,
Сибиу и Темишвар во Романија; Белград во Србија; Лондон Лутон во Обединетото
Кралство; Киев во Украина.
По една деценија стабилен раст, Wizz Air стана најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа. Wizz Air успешно заврши почетна јавна понуда на хартии од вредност на 25 февруари 2015 и доби место на Лондонската берза. На Лондонската берза, компанијата сега се води под тикерот WIZZ и брои повеќе од 3000 вработени.
На својата единаесетта годишнина во мај 2015, WIZZ најави целосно освежување на брендот и нов изглед на авионите со цел да одговори на барањата на искусните патници, истовремено заземајќи го своето место меѓу водечките авиокомпании во Европа. WIZZ се префрли на пожив, свеж, софистициран изглед и чувство. Некои од многубројните иницијативи воведени заедно со иницијативата за брендирање се: доделување седишта, приоритетно влегување во авионот, подобрен систем на цени на превоз итн.
Според Air Transport World, водечко списание за авионската индустријата, Wizz Air е „Авиокомпанија од вредност на годината“ за 2016 година.
Според рангирањето на Airlineratings,Wizz Air е „Најдобра нискобуџетна авиокомпанија во Европа“ за 2020 година!
Понуда на услуги
Wizz Air е авиокомпанија ориентирана кон вредност што се фокусира на постојано воведување новитети на патувањата на корисниците. Целта ни е летањето да го направиме пристапно за луѓето од ЦИЕ, а и да обезбедиме нови патувачки искуства за патниците од ЕУ.
Ги воведовме и најновите технологии за да бидеме сигурни дека „искуството со Wizz Air“ е исклучително и во однос на услугата и во однос на вредноста за парите. Нудиме едноставен модел на услуга: патување без билет, употреба на споредни аеродроми што заштедува пари и време, конфигурација од кожени седишта во една класа и кетеринг на барање со доплата.
Нашите авиони, најдобри во својата класа, се направени по најнова технологија од некои од најугледните компании, како што е Lufthansa Technik. Тоа овозможува компанијата да достигнува постојано високи стандарди на услуги за патниците.
Аеродроми и мрежа
Wizz Air постојано бара можности за проширување на својата мрежа на дестинации и за обезбедување евтин авионски превоз. Wizz Air се стреми да ја постигне најниската основна цена во регионот на Централна и Источна Европа, а изборот на аеродромот има клучно влијание. Токму затоа соработуваме со голем број главни, споредни и регионални аеродроми што нудат пријатна и брза услуга на корисниците за ниски цени, а тоа се гледа од цените на билетите на WIZZ. Постојано сме во преговори за создавање мрежа на соработка со повеќе аеродроми.
Луѓе
Сметаме дека луѓето ја прават целата разлика. Нашиот тим, и во авионот и на тлото, ја дели истата страст: страста за воздухопловниот бизнис. Тимот на Wizz Air верува во високи етички стандарди поттикнати од одличниот пристап на тимски играчи. Нашата авиокомпанија вработува посветен персонал од различни земји ширум Европа. Благодарение на посветениот, мултикултурен раководен тим од професионалци, движечка сила и клуч на успехот во начинот на водење бизнис во Wizz е лидерството и мотивацијата.
Флота на Wizz Air
Wizz Air располага со флота што ја сочинуваат нови авиони од типот Airbus од семејството авиони A320, што опфаќа и авиони A320s и A321ceo. Wizz Air го доби својот прв авион A321ceo во ноември 2015 и ќе добие уште преку 20 авиони во текот на 2018.
Wizz Air има нарачано и 110 Airbus A321neo по нова технологија со напредни системи и мотори што дополнително ќе ги намали основните трошоци на Wizz Air како водач во индустријата, како и јаглеродниот отпечаток на компанијата. Сите нови авиони ќе имаат вметнато уреди во крилцата, т.н „Sharklets“.
Компании во Wizz
Air Group
- Wizz Air Hungary Ltd. (регистрирано седиште: no. 6, Lechner Ödön fasor, Budapest, HU-1095,
Hungary; регистарски број:
01-10-140174).
- Wizz Air Holdings Plc. (регистрирано седиште: 44 Esplanade, Сент
Хелие, Џерси JE4 9WG, регистарски број: 103356).
- Wizz Air UK Ltd. (регистрирано седиште: Percival House 134 Percival Way, London Luton
Airport Roundabout, Luton, United Kingdom LU2 9NU; регистарски број: 10982241).
- Wizz Air
Malta Limited (регистрирано седиште: Skyparks Business Centre, Level 2, Malta
International Airport, Luqa LQA 4000, Malta; регистарски број: C 102218).
- Wizz Air Abu
Dhabi L.L.C. (регистрирано седиште: Business Park 01, Plot P6, Office number 208,
Abu Dhabi International Airport, Abu Dhabi, United Arab Emirates; регистарски број: 11513393).