Цената нема да се зголеми
Услугата „Заклучување цена на превоз“ Ви овозможува да задржите избрана цена на превоз во период од 48 часа со плаќањеодредена такса.
Избраните летови нема да се
распродадат и цената нема да се зголеми додека не донесете одлука.
Резервацијата може да ја завршите во секое време во рок од 48 часа со плаќање на целосниот износ на цената на превоз со кредитна картичка или кредит од Вашата WIZZ сметка.
Како функционира
Услугава е достапна само за
резервации извршени преку wizzair.com или апликацијата за мобилни уреди на Wizz
Air.
- Започнете ја резервацијата и изберете ја маршрутата и класата на цената
на превоз што Ви одговараат
- Изберете ја услугата „Заклучување цена на превоз“ подолу во секцијата за
цени на превоз
- Продолжете со резервацијата без додавање имиња на патници
- Додајте детали за плаќање и платете ја таксата за „Заклучување цена на
превоз“ или со кредитна картичка или со кредит од вашата сметка на WIZZ
- Датумот ќе се прикажува на Вашата страница со преглед на летот сѐ додека
не ја завршите резервацијата
Како се пристапува до
резервацијата
Може да се вратите на задржаната резервација во секое време во период од 48 часа ако се најавите на Вашиот профил на wizzair.com и ја отворите страницата со преглед на Вашиот лет.
Ако не ја завршите резервацијата во рок од 48 часа, резервацијата ќе се откаже и таксата за „Заклучување цена на превоз“ нема да се врати.
Повеќе инфромации за услугата „Заклучување цена на превоз“
може да најдете во Правилата и условите.