„Флексибилен сопатник“
ФЛЕКСИБИЛЕН
Додајте најмногу 9 патници без имиња во Вашата резервација.
ДО 3 ЧАСА ПРЕД ПОАЃАЊЕТО
Додајте најмногу 9 патници без имиња во Вашата резервација.
Услугава не е достапна за групни резервации, новороденчиња или патници за коишто е потребна специјална помош. Ако патувате со новороденче, името на новороденчето мора да се навете во текот на резервирањето.
Услугава е достапна само пред завршување на процесот на резервирање. Откако ќе ја завршите резервацијата и сакате да ги промените имињата на сопатниците, не може да ја изберете услугата „Флексибилен сопатник“, но мора да ги наведете имињата на новите сопатници и да ја платите соодветната такса за промената на името.
Не, во резервацијата мора да се наведе барем едно име.
Не, сите имиња мора да се наведат за да може да се пријавите за летот.
Пријавувањето мора да се заврши најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање.
Ако не се наведат имињата на сите „Флексибилни сопатници“ до пријавувањето на интернет, тоа ќе се земе како откажување на резервацијата од Ваша страна за „Флексибилните сопатници“ чиишто имиња не се наведени и ќе се применат Општите услови на превоз.
Ако сте избрале Plus цена на превоз и сакате да се пријавите на аеродромот, мора да ги наведете имињата на „Флексибилните сопатници“ на интернет со отворање на резервацијата најдоцна три часа пред закажаното време на поаѓање. Ако не ги внесете имињата што недостасуваат навреме, тоа ќе се земе како откажување на резервацијата од Ваша страна.
На пример, ако сте резервирале за пет лица и во текот на резервирањето сте навеле две имиња и сте додале три „Флексибилни сопатници“ и името на еден од „Флексибилните сопатници“ ќе го наведете во одредениот временски период, ќе се води дека сте ја откажале резервацијата за еден од патниците, при што ќе важат Општите услови на превоз
За резервацијата може да платите со кредитна картичка или кредит од Вашата WIZZ сметка. Банкарската трансакција не е достапна за плаќање за резервации со „Флексибилни сопатници“.
Откако ќе се наведат имињата на „Флексибилните сопатници“, секое од имињата може да се промени со плаќање на таксата за промена на име.
Да, може да се пријавите на аеродромот, но само ако сте го навеле името на „Флексибилниот сопатник“ на интернет најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на Вашиот лет.
Во спротивно, ќе се земе дека резервацијата за „Флексибилниот сопатник“ чиешто име не е наведено е откажана од Ваша страна.
Ако не го наведете името во наведениот рок, ќе се земе дека резервацијата за Вашиот сопатник чиешто име не е наведено е откажата од Ваша страна и ќе постапиме согласно Општите услови на превоз. Ако дојдете на аеродромот со Вашиот сопатник чиешто име не е наведено, на сопатникот нема да му се дозволи да патува.
Услугата за пријавување на аеродром не е достапна ако Вашата резервација опфаќа услуга „Флексибилен сопатник“, освен ако сте избрале Plus цена на превоз.
Имајте предвид дека дури и ако избравте Plus цена на превоз и сакате да се пријавите на аеродромот, мора да го наведете името на Вашиот „Флексибилен сопатник“ на интернет, најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на Вашиот лет.