Патувајте
на поволен лет кога најмногу Ви одговара!
Како се купува
услугата WIZZ Flex:
- Услугата може да се купи само при создавање
нова резервација и не може да се додаде на веќе постоечки резервации.
- Услугата може да се купи самостојно
или како дел од пакетот WIZZ Plus.
- Како самостојна услуга, WIZZ Flex може
да се купи по патник. Ако станува збор за повратен лет, купената услуга
WIZZ Flex важи и за двата лета (појдовен и дојдовен) и таксата за услугата ќе се пресмета соодветно,
согласно бројот на патниците и летовите.
- При купување WIZZ Flex како дел од
пакетот WIZZ Plus, купувањето на услугава важи за сите патници и
сите летови во резервацијата. Таксата за услугата ќе се пресмета соодветно,
согласно бројот на патниците и летовите.
- Услугата WIZZ Flex не опфаќа
можност за промена на името на патниците.
- WIZZ Flex не може да се користи за групни резервации
(повеќе од 15 патници).
- За таксата за WIZZ Flex, погледнете тука.
Како функционира тоа?
1. Промена на лет
Промените на резервацијата мора да се завршат најдоцна 3
часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Имајте предвид дека
промената ќе се смета за завршена откако ќе пристигне платениот износ (ако
име). Имајте предвид дека може да платите само со кредитна картичка.
а) Ако сте купиле WIZZ Flex (како самостојна
услуга или како дел од пакетот WIZZ Plus), може да се извршат следниве промени:
а. Ако имате резервација за еднонасочен лет:
i. Датумот, времето и дестинацијата на резервираниот лет може да
се променат најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. (Промената
мора да се заврши најдоцна 3 часа пред закажаното
време на поаѓање на летот.)
б. Ако имате резервација за повратен лет (што опфаќа и
појдовен и дојдовен лет):
i. Ако резервацијата опфаќа повратен лет, маршрутата мора да
се промени и за двата лета (односно, и за појдовниот и за дојдовниот лет). Аеродромот на поаѓање на појдовниот лет
не смее да се разликува од аеродромот на дестинацијата на
дојдовниот лет. Исто така, аеродромот на дестинацијата на појдовниот лет не смее да се разликува
од аеродромот на поаѓање на дојдовниот лет. (На пр., резервацијата за летовите Будимпешта
- Лондон Лутон - Будимпешта може да се промени во летовите Варшава - Барселона - Варшава, но не и во летовите
Будимпешта - Лондон Лутон - Варшава.)
ii. Ако
појдовниот лет веќе заминал, може да се променат само датумот и времето на дојдовниот
лет.
в. Постапка на
изменување резервации што опфаќаат повеќе од еден патник (не се групни резервации, 2-10 луѓе)
1. За да го промените
летот, најавете се на Вашата сметка на WIZZ;
2. Изберете ја
резервацијата што сакате да ја промените;
3. Изберете ги
патниците за коишто ќе важат промените (ако сакате да ја извршите истата
промена за сите патници, може да ги изберете сите патници
одеднаш);
4. Наведете
детали (датум, време и маршрута) за новите летови за коишто сакате да ги
промените првичните летови.
5. Потврдете ја промената
и подмирете ги сите плаќања за разликата во цените на превоз и таксите за промена на лет (ако има)
б) Такси што треба да се платат за промена на лет со WIZZ Flex;
а. Нема да Ви се наплати такса за промена на лет
б. Разликата
меѓу цените на новиот и првичниот (променетиот) лет согласно следниве услови:
i. Ако
цената за превоз на новиот лет е повисока од цената на превоз на првичниот,
мора да се плати разликата во цените на новиот и првичниот лет;
ii. Ако
цената на превоз на новиот лет е пониска од цената на превоз на првичниот лет,
патникот не мора да доплати. Сепак, износот на разликата во цените на новиот и
првичниот лет нема да се рефундира;
iii. Ако
цената на превоз и на првичниот и на новиот лет е иста, патникот не мора да
доплати.
в) Враќање на погодностите на WIZZ Discount Club
Износот што треба да се плати ги опфаќа разликите меѓу стандардната и цената на билетот преку WIZZ DiscountClub и стандардната и таксата за багаж преку WIZZ Discount Club. Таксата важи за патниците што не патуваат со членот на WIZZ Discount Club по промената на летот. Според тоа, ќе ги изгубат погодностите на WIZZ Discount Club.
г) По завршувањето
на промената на летот, патникот мора да се пријави
за новиот лет.
г) Услугите од трети
страни купени заедно со резервацијата (на пр., осигурување, превоз од/до аеродромот) не се
менуваат автоматски. За да ги измените ваквите услуги, контактирајте со давателите на
услугите.
ѓ) Важно! Ако патникот има право на
компензација и/или обештетување согласно членовите 7 и 8 од Регулативата
261/2004/EC (Регулатива) затоа што Wizz Air го откажал новиот лет (со којшто
патникот го променил својот првичен лет согласно горенаведеното), износот на
компензацијата и/или обештетувањето ќе се дефинира согласно новиот лет и цената
на превоз на новиот лет. Тоа значи дека патникот има право на обештетување
согласно член 8 од Регулативата и ако цената на првичниот лет била повисока од
цената на новиот лет, патникот ќе има право на обештетување само на цената на
превоз на новиот лет.
2. Откажување на резервацијата и барање за поврат на платените средства
Ако сте купиле WIZZ Flex (како самостојна услуга или како дел од пакетот
WIZZ Plus), може да ја откажете Вашата резервација согласно следново:
а. Ако имате резервација за еднонасочен лет:
Резервацијата мора да
се откаже најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот.
б. Ако имате резервација за повратен лет (што опфаќа и
појдовен и дојдовен лет):
Откажувањето може да се направи за целосната резервација или за
секој лет посебно, најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на
појдовниот лет (во случај на откажување на два лета) или дојдовниот лет (во
случај на откажување на повратен лет).
в. Постапка на
откажување резервации што опфаќаат повеќе од еден патник (не се групни резервации, 2-10 луѓе)
- За откажување на резервацијата, најавете се
на Вашата сметка на WIZZ;
- Изберете ја резервацијата што сакате да ја откажете;
- Изберете ги патниците за коишто ќе важи
откажувањето (ако сакате да ја откажете резервацијата за сите патници,
може да ги изберете сите патници одеднаш);
- Потврдете го откажувањето и подмиерете ги сите плаќања поврзани
со откажувањето (ако има).
г. Важечки плаќања при откажување на
резервацијата
i. Патниците што купиле WIZZ Flex, не
плаќаат такса за откажување/такса за заштита на седиште при откажување на
резервацијата
ii. Враќање на погодностите на WIZZ Discount Club. Износот што треба да се плати ги опфаќа разликите меѓу стандардната и цената на билетот преку WIZZ Discount
Club и стандардната и таксата за багаж преку WIZZ Discount Club. Ако
членот на WIZZ Discount Club ја откаже својата резервација, таксиве
ќе важат за патниците што ќе останат во резервацијата затоа што ќе ги изгубат
погодностите на WIZZ Discount Club.
iii. Следниве
такси за услуги се неповратни:
- таксата за
услугата WIZZ Flex;
- таксата
за членство во WIZZ Discount Club или Privilege Pass ако резервацијата била
првично извршена со некоја од овие услуги. Во случај на откажување на
резервацијата, членството во WIZZ Discount Club или Privilege Pass и понатаму
важи согласно нивните соодветни „Правила и услови“.
- услуги
од трети страни купени заедно со резервацијата што сакате да ги откажете
(на пр., осигурување, превоз од/до аеродромот и друго). За услугите од трети страни ќе важат
политиките за поврат на средства на давателите на услугите.
- Ако
износот платен за патникот чијашто резервација е откажана е повисок од
таксите поврзани со откажувањето (такса за WIZZ Flex, враќање на погодностите на WIZZ Discount
Club), разликата ќе се врати на сметката на WIZZ на
сопственикот на резервацијата (лицето што првично ја создало резервацијата) во кредит на WIZZ.
- Ако
износот платен за патникот чијашто резервација е откажана е понизок од таксите
поврзани со откажувањето (такса за Wizz Flex, враќање на погодностите на WIZZ
Discount Club), разликата меѓу вкупната цена на превоз и таксите поврзани со
откажувањето на резервацијата треба да ја плати патникот.
- Ако
износот платен за патникот чијашто резервација е откажана е еднаков на
таксите поврзани со откажувањето (такса за WIZZ Flex, враќање на погодностите на WIZZ Discount
Club), нема да се плати и нема да се изврши поврат.
д. Износот
од откажаната резервација се враќа на сметката на WIZZ на сопственикот на
резервацијата во рок од 72 часа независно од бројот на патниците во дадената
резервација. Ако резервацијата се откаже со услугата WIZZ Flex, платениот износ
за откажаната резервација не може да се врати на банкарската сметка или
кредитната картичка со којашто била првично платена.
ѓ. Вратениот износ може да
се користи во период од 90 дена од датумот на повратот. Датумот на поаѓање на новите
летови резервирани со износот од повратот не мора да биде во временскиот период од
90 дена.
е. Овој дел од услугата (откажување
на резервацијата и барање за поврат на средствата) не е достапен за патниците што летовите ги резервирале
преку туристичка агенција.