Правила и услови на Wizz Air и
промовирање на Booking.com
1. Дефиниции
Давател на хотелски
услуги во понатамошниот текст се однесува на партнерот на Wizz Air преку кој
може да резервирате сместување.
Број на сметка на
WIZZ се однесува на 10-цифрениот број што се добива при регистрирањето на
wizzair.com. Бројот на сметката е прикажан во „Профил“, по најавувањето на
myWizz.
Сметка на WIZZ се однесува на
сметката за кредит што се создава при регистрирањето на wizzair.com или
апликацијата за мобилни уреди на WIZZ.
Wizz Air се однесува на Wizz
Air Hungary Ltd. со регистрирано седиште на Laurus Offices, Kőér street 2/A,
Building B, H-1103, Будимпешта, Унгарија
2. Промоција
Ако резервирате сместување на страница на давател на хотелски услуги и
го внесете Вашиот 10-цифрен број на сметка на WIZZ при резервирањето хотелско
сместување, Wizz Air ќе Ви додели кредит на Вашата сметка на WIZZ во вредност
од 5%* од вкупната вредност на хотелската резервација („Кредит“).
2.1. Вкупната вредност на резервацијата е износот на резервацијата на
сместување на страницата на давателот на хотелски услуги, без данокот на
додадена вредност и туристичката такса.
2.2. Ако внесете неточен број на сметка на WIZZ или ако пропуштите да го
внесете Вашиот број на сметка на WIZZ при резервирањето на Вашиот хотел на
веб-страницата на давателот на хотелски услуги, нема да имате право да го добиете
кредитот.
2.3. Кредитот ќе се додели по завршувањето на Вашиот престој во хотелот.
2.4. Ќе направиме разумен напор да го доделиме кредитот во рок од 90 дена по
Вашиот престој во хотелот во којшто сте резервирале. Доделувањето на кредитот
секогаш зависи од потврдата од хотелот дека успешно сте го завршиле Вашиот
престој во хотелот. Поради различните политики на хотелите, можно е потврдата
да ја добиеме во различни временски периоди во зависност од хотелот.
2.5 Ако ја откажете резервацијата за сместување, веќе нема да имате право на
кредит.
2.6 Ако Вашата првична резервација ја откажал давателот на сместување поради
нецелосно/задоцнето плаќање или други проблеми што не ги предизвикал давателот
на сместување (односно, не се одговорност на давателот на хотелски услуги),
нема да имате право на кредит.
2.7. Кредитот може да се искористи во рок од 6 месеци, по што автоматски ќе
истече.
2.8. Кредитот се пресметува и доделува во евра. Ако Вашата сметка на WIZZ е во
друга валута, износот ќе го конвертираме во Вашата валута согласно нашиот
внатрешен девизен курс. Алатката за конвертирање валути што ја користиме е
Forex. Пресметката се врши во периодот меѓу престојот во хотелот и моментот
кога кредитот ќе се појави на Вашата сметка на WIZZ.
3. Заштита на податоци
Ако го внесете Вашиот број на сметка на WIZZ при резервирањето хотелска
соба, се согласувате Wizz Air да ги добие информациите за Вашата хотелска соба,
како и Вашиот број на сметка на WIZZ. Таквата дозвола овозможува последователни
известувања од Wizz Air за целите на спроведување на тековната промоција, што
опфаќа и потврдување на правото за и доделување на кредитите ако ги исполнувате
условите, согласно овие „Правила и услови“. Политиката за приватност на Wizz
Air важи при обработувањето на Вашите лични податоци од Wizz Air: Политика за приватност
4. Општи правила
4.1. Кредитот на Wizz Air не може ниту да се пренесе ниту да се повлече од сопственикот на кредитот на Wizz Air.
4.2. Притоа, за користењето на кредитот важат Правилата и условите на сметката на WIZZ.
4.3. Wizz Air не прифаќа одговорност во случај на задоцнето испраќање на
барањата или губење на барањата поради технички причини со интернет-врската.
Документи на испраќање, фактура, не се сметаат за документ на прием.
4.4. Wizz Air го задржува правото на повлекување, скратување, продолжување, преместување, изменување или откажување на промоцијата во секое време без претходно известување на лична одлука.
4.5. Учеството во промоцијата подразбира целосно, неограничено и безрезервно
прифаќање на правилата.
4.6. Користењето лажни податоци ќе доведе до неприфаќање на испратеното барање.
4.7. Промоцијата завршува на 31 декември 2023 година, освен ако се откаже
порано.
*Резервациите
на хотелско сместување извршени пред 11 април 2019 година имаат право на кредит
од 10%
Октомври
2019 год.