1. Дефиниции
Давател на услуга за изнајмување автомобили
понатаму се однесува на соработник на Wizz Air преку кого може да резервирате
автомобили за изнајмување. Број на сметка се однесува на 10-цифрениот број
што се добива по регистрирањето на wizzair.com. Бројот на сметката е
прикажан во Профил, по најавувањето на myWizz. Wizz сметка се однесува на кредитната сметка по регистрирањето во профилот myWizz на wizzair.com. Wizz Air се однесува на Wizz Air Hungary Ltd. со регистрирано седиште на Laurus Offices, Koer Street 2/A, Building B, H-1103, Будимпешта, Унгарија
2. Промоција
Ако го внесете вашиот 10-цифрен број на сметка кога ќе резервирате изнајмување автомобил, Wizz Air ќе префрли кредит на вашата сметка во вредност од 10 % од вкупниот износ платен за изнајмување автомобил („Кредит“) за резервациите извршени до 14 октомври 2021 година. Wizz Air ќе префрли кредит на вашата сметка во вредност од 5 % од вкупниот износ платен за изнајмување автомобил („Кредит“) за резервациите извршени од 15 октомври 2021 година.
2.1. Вкупната вредност на резервацијата е
износот на резервацијата на автомобил за изнајмување на страницата на давателот на услугата за изнајмување автомобили,
без данокот на додадена вредност, градските даноци, производот за целосна заштита
или кои било локално купени производи.
2.2. Ако внесете неточен број на сметка или пак,
ако заборавите да го внесете Вашиот број на сметка при резервирањето на
автомобилот за изнајмување на страницата за изнајмување автомобили или преку постапката за резервирање на Wizz Air,
нема да имате право на кредитот.
2.3. Кредитот ќе се префрли откако
ќе го искористите изнајмениот автомобил.
2.4. Ќе вложиме соодветен напор
да го префрлиме кредитот во текот на првите 7 дена од месецот по
користењето на изнајмениот автомобил.
2.5. Кредитот ќе може да се искористи во рок од 6 месеци, по што автоматски ќе истече.
2.6. Кредитот се пресметува и доделува во евра. Ако Вашата Wizz сметка е во друга валута, ќе користиме
надворешна курсна листа од давателот на услуга за изнајмување автомобили за да го конвертираме
износот во Вашата валута. Алатката за конвертирање валути што ја користиме е Bloomberg.
Пресметката се врши при потврдувањето на резервацијата.
3. Заштита на податоци
Ако го внесете Вашиот број на сметка
при резервирањето за изнајмување автомобил, се согласувате Wizz Air да ги добие Вашите
информации за изнајмување автомобил, заедно со бројот на сметката. Таквата дозвола овозможува последователна комуникација од Wizz Air за целите на спроведување на тековната промоција, што опфаќа и потврдување на правото за и доделување на кредитите ако ги исполнувате условите, согласно овие правила и услови. Политиката за приватност на Wizz Air важи при обработувањето на Вашите лични податоци од Wizz Air:
https://wizzair.com/mk-mk/politika-za-privatnost.
4. Општи правила
4.1. Кредитот на Wizz Air не може ниту да се пренесе ниту да се повлече од сопственикот на кредитот на Wizz Air
4.2. Wizz Air не прифаќа одговорност во случај на задоцнето испраќање или губење на барањата поради технички причини со интернет-врската. Документот на испраќање, фактура, не се смета за документ на прием.
4.3. Wizz Air го задржува правото на повлекување, скратување, продолжување, преместување, изменување или откажување на промоцијата во секое време без претходно известување на лична одлука.
4.4. Учеството во промоцијата подразбира целосно, неограничено и невоздржано прифаќање на правилата
4.5. Користењето лажни податоци ќе доведе до неприфаќање на испратеното барање.
4.6. Освен ако се откаже порано, промоцијава завршува на 31 декември 2022.