Како функционира тоа?
Уживајте во погодностите на WIZZ Priority!
- Само патниците со WIZZ Priority имаат право да носат дополнителна торба со тркалца со максимални димензии 55x40x23 cm заедно со бесплатната рачна торба (макс. димензии: 40x30x20 cm) во кабината на авионот.
- „Приоритетното влегување во авионот“ Ви обезбедува предност при влегувањето во авионот. Исто така, ќе Ве повикаат први да влезете во авионот. При превоз со автобус за влегување во авионот, ќе имате резервирано седиште во предниот дел. Вратата на автобусот во делот со резервирани седишта ќе се отвори прва, со што ќе имате приоритет при влегувањето во авионот.
- „Приоритетното пријавување“ Ви обезбедува наменски шалтер за пријавување за да го оставите Вашиот багаж брзо и лесно.
Напомена: WIZZ Priority не нуди погодности за приоритет кај безбедносната контрола. Ако сакате побрзо да поминете кај безбедносната контрола, купете ја услугата Безбедна брза лента!
Имајте предвид дека мора да дојдете на портата за влегување во авионот најмалку 30 минути пред закажаното поаѓање на летот.
Како се добива услугата WIZZ Priority?
- додајте WIZZ Priority во текот на резервирањето
- додајте ја подоцнана страницата за преглед на летот
- јавете се во Центарот за поддршка на Wizz Air
- купете ја на аеродромот за повисока такса
Таксата за WIZZ Priority изнесува
- [priority-boarding location=WizzairComCallCentre] ако ја купите на интернет или преку Центарот за поддршка на Wizz Air
- [priority-boarding location=Airport] ако ја купите на аеродромот
- таксата е неповратна
Купената услуга WIZZ Priority ќе биде видлива на Вашата карта за влегување во авионот:
- зборот „PRIORITY“ќе стои на Вашата отпечатена карта за влегување во авионот ако се пријавите на интернет или
- скратеницата „PRB“ или „PASS“ ќе стои на Вашата карта за влегување во авионот на мобилниот уред ако сте се пријавиле од Вашиот мобилен телефон или пак,
- ќе Ви залепат налепница на Вашата карта за влегување во авионот на шалтерот за пријавување на аеродромот.
Wizz Air го задржува правото на одредени патници да им ја нуди
услугата WIZZ Priority бесплатно како проба или промоција, што
е предмет на условите погоре.