(Последни измени: 12 март 2021 година - v1.0)
Целта на целоснава верзија на „Политиката за приватност“ („Политика за приватност“) е да се опише обработката на податоци на нашиот Chatbot.
Контролор на податоци
WIZZ Air Hungary Ltd.(регистрирано седиште: Laurus Offices, Kőér street 2/A, Building B, H-1103, Budapest, Hungary; „Wizz Air“, „ние“, „наш“ или „нам“).
Која е целта на обработката на податоците?
Вашите податоци ќе ги користиме за целите наведени подолу:
1) Одговарање на Вашите прашања и барања:целта на обработката на Вашите лични податоци е одговарање на прашањата и барањата што ни ги упатувате; за оваа цел, се раководиме според нашиот реален интерес.
2) Подобрување на нашиот Chatbot: со Ваша согласност, можно е да ги обработуваме Вашите податоци за да ги анализираме Вашите разговори со нашиот Chatbot и да ги подобриме алгоритмите за обработка на природниот јазик. Последователно, тоа ни помага да разговараме со Вас поприродно.
3) Рекламни пораки на Chatbot:ако се согласите, со цел подобрување на нашите услуги, можно е да Ви испраќаме директни електронски пораки, што опфаќа и анкети и друга електронска рекламна комуникација за Chatbot.
Обезбедувањето лични податоци е доброволно. Сепак, ако не ни ги обезбедите Вашите податоци, можеби нема да може да ги користите нашите услуги.
Кои лични податоци за Вас ги обработуваме?
За целите наведени погоре, ги обработуваме категориите податоци наведени подол:
А. Податоци за идентификација: име, презиме, пол, адреса на е-пошта, профил на социјалните мрежи, фотографија.
Б. Содржини на разговорите: опфаќаат детали за Вашето прашање, барање или нашата комуникација со Вас.
В. Податоци од анкети: Вашите повратни информации на нашите анкети и прашања, како и друга рекламна комуникација со Вас.
Правна основа за обработка на Вашите лични податоци
За обработка на Вашите лични податоци, може да се раководиме според правните основи подолу:
- согласноста што сте ни ја дале според Регулативата 679/2016 на ЕУ („ОРЗП“) , член 6 (1) a) („Согласност“).
- Обработката на Вашите лични податоци е можна според нашиот реален интерессогласно ОРЗП, член 6 (1) ѓ) („Реален интерес“).
Wizz Air има реален интерес од обработката на податоците за да одговори на прашањата и барањата затоа што е особено важно да комуницира со корисниците ако имаат барања за да продолжат да веруваат во Wizz Air. Ако корисниците контактирале со Wizz Air со прашање (или поплака), разумно е да очекуваат дека нивните податоци ќе се обработат за да се забрза добивањето одговор.
Вашите лични податоци може да ги обработуваме за целите и правните основи наведени подолу:
|
Цел на обработката на податоците | Категории обработени лични податоци | Правна основа |
Одговарање на Вашите прашања и барања | - Податоци за идентификација
- Содржини на разговорите
| Реален интерес |
Подобрување на нашиот Chatbot | | Согласност |
Рекламни пораки на Chatbot | | Согласност |
Колку време ги чуваме Вашите лични податоци?
Ние ги складираме личните податоци, но само во времетраење неопходно за извршување на нашите обврски и исклучиво колку што е потребно за остварување на целите за коишто се прибрани податоците. Кога веќе нема да бидат потребни, личните податоци ќе се отстранат од нашата евиденција или соодветно ќе се анонимизираат.
Вашите лични податоци прибрани од комуникацијата со нашиот Chatbot може да ги чуваме до една година. Ако ни дадете согласност да ги обработуваме Вашите лични податоци, ќе продолжиме да ги обработуваме и чуваме сѐ додека не ја повлечете Вашата согласност.
Кој може да пристапи до Вашите податоци?
Во Wizz Air, до Вашите лични податоци може да пристапат вработените со соодветни дозволи само ако имаат добра причина за тоа. Може да ангажираме други луѓе, трети страни како обработувачи на податоци за да ни обезбедат услуги и судови, владини тела или други органи на власта коишто може да побараат да им ги откриеме Вашите податоци.
- Даватели на услуги:како поддршка на нашите внатрешни процеси, користиме надворешни IT-системи или услуги од даватели од трети страни.
|
Обработувачи на податоци | Регистрирано седиште | Активност |
Destygo (Mindsay) | 131, avenue Parmentier, 75011 Paris, France | Развој и функционалност на Chatbot. |
Facebook Ireland Ltd. | 5 Hanover Quay 299136 Dublin, Ireland | Складирање податоци и Messenger |
Amazon Web Services | 38 Avenue John F. Kennedy, L- 1855 Luxemburg | Складирање податоци |
DeepL | DeepL GmbHMaarweg 16550825 Köln, Germany | Преведувачки услуги |
Google Ireland Ltd. | Google Building, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Ireland | Преведувачки услуги |
salesforce.com EMEA Limited | Floor 26 Salesforce Tower, 110 Bishopsgate EC2N 4AY London, United Kingdom | Функции на CRM и LiveChat |
- Wizz Air Group: по потреба, Вашите лични податоци може да се споделат во рамките на Wizz Air Group. За повеќе информации за Wizz Air Group, кликнете на https://wizzair.com/mk-mk/informacii-i-uslugi/za-nas/informacii-za-kompanijata.
- Владини органи на власта и извршни тела:Вашите лични податоци можно е да ги споделиме со владини органи на власта или извршни тела како што се регулаторните органи, на нивно барање и само ако така налага важечкиот закон или за заштита на нашите права или безбедноста на нашите корисници, вработени и имот
Личните податоци може да им се обезбедат на трети страни лоцирани надвор од Европската економска област („ЕЕО“). Во такви случаи, ќе се погрижиме со личните податоци да се ракува според мерки (како што се „Стандардните договорни клаузули за пренос на податоци“) што обезбедуваат ниво на заштита согласно законите за приватност на податоци во ЕУ (како што е „Општа регулатива за заштита на податоците“ или ОРЗП).
Со склучување соодветни договори за пренос на податоци засновани на Стандардни договорни клаузули (2010/87/ЕУ и/или 2004/915/ЕС) како што е наведено во член 46 (5) од ОРЗП или други соодветни средства, утврдивме дека сите други примателите лоцирани надвор од ЕЕО ќе обезбедат соодветно ниво на заштита на податоци за личните податоци и дека се воспоставени соодветни технички и организациски безбедносни мерки за заштита на личните податоци од случајно или незаконско уништување, случајно губење или изменување, неовластено откривање или пристапување, како и против сите други незаконски форми на обработка.
Вашите права
Имате право на остварување на Вашите права наведени подолу:
(i) Право на пристап:имате право да прашате дали имаме лични податоци за Вас и, ако одговорот е потврден, да побарате информации за тоа кои лични податоци ги имаме.
Можно е да побараме дополнителни информации од Вас за идентификација или за дополнителните копии што ги барате, може да наплатиме разумна такса согласно административните трошоци.
(ii) Право на исправка:на барање, мора задолжително да коригираме неточни лични податоци или да дополниме лични податоци што се нецелосни.
(iii) Право на бришење (право на заборавање):во одредени околности, ако предметот на податоците го побара тоа, мора да избришеме лични податоци.
(iv) Право на ограничување обработка: во одредени околности, на барање на засегнатото лице, мора да го ограничиме нашето користење на личните податоци. Во такви случаи, податоците може да ги користиме само за одредени ограничени цели како што е наведено во законот.
(v) Право на преносливост на податоците:може да имате право да ги добиете Вашите лични податоци до коишто имаме пристап, во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат, по што може да имате право да ги пренесете податоците до друг ентитет без пречки од нас.
(vi) Право на приговор:
имате право да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци од која било причина поврзана со Вашата ситуација и во таков случај, можеби нема да можеме да ги обработиме Вашите лични податоци. Ако имате право на приговор и остварувањето на правото е оправдано, Вашите конкретни лични податоци веќе нема да се обработуваат за целите на приговорот. Остварувањето на ова право е бесплатно.
Ако сметате дека се прекршени Вашите права на приватност и заштита на податоците, може да контактирате со соодветниот орган за заштита на податоци во соодветната земја членка на Европската Унија во којашто се наоѓа Вашето место на живеење, работење или каде што се случил наводниот прекршок или Државниот орган за заштита на податоците и слободата на информациите во Унгарија (Nemzeti Adatvédelmi és Információszabadság Hatóság – NAIH; регистрирано седиште: H-1055 Budapest, Falk Miksa str. 9-11.; веб-страница: www.naih.hu; телефон: +36-1-391-1400; адреса на е-пошта: ugyfelszolgalat@naih.hu; факс: +36 1 391 1410.
Службеник за заштита на податоци на Wizz Air
Ако имате дополнителни прашања за „Политиката за приватност“ или за тоа како управуваме со Вашите лични податоци, контактирајте со нас со испраќање е-порака на нашата адреса на е-пошта или писмо до нашиот службеник за заштита на податоци на Wizz Air Hungary Ltd., Laurus Offices, Kőér street 2/A, Building B, II-V., H-1103 Budapest (или на data.protection@wizzair.com).