Ваучер на
WIZZ
Услови на вредносен ваучер:
Ако
имате ваучер на Wizz, може да го искористите и за резервирање билет.
Преостанатиот износ (ако има) треба да се плати со банкарска картичка. Ваучерите
може да се искористат на wizzair.com. Ваучерот
може да се искористи за секој закажан лет на Wizz Air Hungary Ltd. (“Wizz
Air”).
Патувањето
мора да се заврши до назначениот датум на важење/истекување на ваучерот, по кој
ваучерот станува неважечки. Ако
ваучерот не се искористи/активира целосно при резервирањето, средствата се
неповратни.
Вредноста на неискористените ваучери и неискористените билети
не се враќа. Рокот на важење на ваучерите не може да се продолжи.
Ваучерите
може да се користат за трошоци за летови на Wizz Air (заедно со даноци,, такси и
давачки) и дополнителни услуги достапни за купување со летовите
што се достапни во текот на постапката на резервирање (како на пример: такса за новороденче, приоритетно
влегување во авион, дополнителен простор за нозете, такси за багаж).
Не може да се користат за купување
услуги што не се достапни во текот на постапката на резервирање (заедно со,
но не и ограничено на изнајмување автомобил, паркирање на аеродром,
хотели)
Ако
вредноста на ваучерот не ја покрива вкупната вредност на летот,
мора да се изврши дополнителна уплата со банкарска картичка. Ваучерите не важат со плаќање со банкарка
трансакција и плаќање со WIZZ сметка.
Можно е
ваучерот да се користи за резервирање во валута различна од
валутата наведена на ваучерот.
Цената на избраните услуги и/или билети
ќе се претвори во валутата избрана за плаќање преку процесот на резервирање
по девизниот курс што се користи од страна на Wizz Air за време на резервирањето.
Само
еден ваучер може да се користи по резервација. Ваучерите
не може да се користат за додавање услуги на резервација откако резервирањето е
завршено или за променување лет или име.
Користењето
на билетите и воздушниот превоз што го врши Wizz Air е според
Општите услови за превоз на Wizz Air.
Wizz Air
строго забранува нудење ваучери за комерцијални цели од ваша страна или
од страна на трето лице, особено на наддавања на интернет или други платформи на интернет.
Услови
на ваучерот за лет:
Ваучерот
за лет може да се користи за еден повратен лет на еден патник. Ваучерот
покрива цена на превоз, даноци, давачки и такси за управување со плаќање. Ваучерот
не ги покрива таксите за изборните услуги (приоритетно влегување во авионот, седиште со
дополнителен простор за нозете итн.) ниту таксите за голема кабинска торба, за пријавен и за дополнителен багаж.
Ваучерот
не покрива пријавување на аеродром.
Патувањето
мора да заврши пред истекувањето на рокот на важење на ваучерот. Погледнете го
распоредот на wizzair.com.
Треба да се резервира
преку Центарот за поддршка на Wizz Air најдоцна 30 дена пред
датумот на планираниот почеток на патувањето. Броевите
на Центарот за поддршка се наведени на wizzair.com. Шифрите
и броевите на ваучерот треба да се наведат при резервирањето.
Билетите
резервирани за ваучери се ограничени и зависат од достапноста. Достапноста на
седишта е особено ограничена во период на државни празници, распусти
и важни спортски и културни настани. Центарот за поддршка на Wizz Air ќе
обезбеди информации за бројот на седишта достапни за резервирање со ваучер.
Зависно од достапноста на седишта, Wizz Air или ќе ја направи бараната резервација
или ќе понуди алтернативни датуми за летот. Користењето
на билетите и воздушниот превоз што го врши Wizz Air е според
Општите услови за превоз на Wizz Air. Вредноста
на неискористените ваучери и неискористените билети не се враќа.
Во случај на
променување на името на патникот, датумот или дестинацијата на патувањето (понатаму,
„промена на резервацијата“), треба да се плати тековната административна такса,
но разликата меѓу првичната и новата цена на превоз, даноците и
давачките не треба да се плати. Промената на резервацијата треба да се изврши најдоцна
30 дена пред датумот на планираниот почеток на патувањето. Промената на датумот на патувањето
треба да се изврши најмалку 30 дена пред изменетиот почеток
на патувањето.