Пријавување и влегување во авионот
На интернет
БЕСПЛАТНО
отпечатете ја Вашата карта за влегување во авионот
достапна согласно Вашиот избор на седиште
најдоцна 3 часа пред поаѓањето
Апликација за мобилни уреди
БЕСПЛАТНО
користете карта за влегување во авионот на мобилен уред
наместо карта за влегување во авионот
Аеродром
СЕ ПЛАЌА
земете карта за влегување во авионот на аеродромот
поевтино е ако се купи однапред
Хармоники
За да ги намалиме трошоците и нашите цени на превоз да останат ниски, нудиме опции за бесплатно пријавување на интернет. Пријавувањето на интернет е достапно од 30 дена до 3 часа пред закажаното време на поаѓање ако сте купиле седиште во текот на резервирањето.
Ако не сте купиле седиште при резервирањето, пријавувањето ќе биде достапно само 48 часа пред поаѓањето.
- пријавете се на интернет
- отпечатете ја картата за влегување во авионот
- покажете ја отпечатената карта за влегување во авионот на портата заедно со патничките документи најдоцна 30 минути пред закажаното време на поаѓање
- ако патничките документи не Ви се издадени во ЕУ, треба да дојдете на шалтерот за пријавување за да Ви ги проверат документите и да Ви удрат печат на картата за влегување во авионот
- ако имате багаж за оставање, одете на шалтерот за оставање багаж најдоцна 40 минути пред поаѓањето
Ако патувате во Шенген-зоната, не мора да ги пополнувате деталите од патничкиот документ при пријавувањето на интернет затоа што не е потребно да наведувате такви информации.
При пријавувањето на интернет можно е да треба да наведете детали за визата за патувања на одредени маршрути. Ако не е потребна виза за Вашата дестинација, едноставно пополнете го полето со знаци xxxxx.
Децата на возраст под 14 години треба да ги придружува и пријави на интернет патник на возраст над 16 години.
Може да ја промените Вашата резервација (освен летот и името) или да купите дополнителни услуги дури и по пријавувањето на интернет.
Може да се пријавите на аеродромот за одредена такса.
- Платете во текот на резервирањето.
- Додајте подоцна на страницата со преглед на Вашиот лет.
Ако услугата на пријавување на интернет сѐ уште не е достапна на аеродромот од каде што ќе поаѓате, пријавувањето на аеродромот ќе биде бесплатно сѐ додека услугата не стане достапна.
Список со аеродроми каде пријавувањето на интернет не е достапно и пријавувањето на аеродромот е бесплатно:
- Дубаи (само до Будимпешта))
- Крф
- Палма де Мајорка
- Тирана (само до Будимпешта)
- Сарагоса
- Москва
- Аеродром „Менара“ Маракеш
Шалтерот за оставање багаж обично затвора 40 минути пред закажаното време на поаѓање. Во некои случаи, шалтерот за пријавување на аеродромот затвора порано. Подолу може да најдете список со аеродроми каде што шалтерот за пријавување на аеродромот затвора порано:
- Меѓународен аеродром „Хенри Коанда“ Букурешт - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Ајндховен - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Будимпешта (само за маршрутите TLV и PRN) - 60 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Малага - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Меѓународен аеродром Ал Мактум - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Милано Малпенса (само за маршрути надвор од Шенген-зоната: KUT, SKP, TGD) - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Лондон Лутон (само за маршрутата Тел Авив) - 60 минути пред закажаното време на поаѓање
- Лондон Лутон (за сите летови, освен летовите од Тел Авив) - 45 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром „Бен Гурион“ Тел Авив - 60 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром „Менара“ Маракеш - 60 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Овда - 60 пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Агадир Ал Масира - 60 минути пред закажаното време на поаѓање
Преземете ја нашата бесплатна апликација за мобилни уреди за Android, iPhone !
Ако се пријавувате преку апликацијата, ги имате следните опции:
- отворете ја картата за влегување во авионот преку апликацијата кога Вашиот телефон е поврзан на интернет
- одете на wizzair.com од прелистувачот на Вашиот мобилен уред, внесете ја шифрата за потврда на Вашиот лет и отпечатете ја картата за влегување во авионот
- Ако користите оперативен систем iOS, картата за влегување во авионот може да ја зачувате и во Wallet*
Некои аеродроми сѐ уште не поддржуваат карти за влегување во авионот на мобилни уреди. Во такви случаи, картата за влегување во авионот на мобилниот уред нема да се создаде и ќе треба да одите на wizzair.com, да ја отворите Вашата резервација и да ја отпечатите картата за влегување во авионот.
Пријавување на интернет
Достапноста на пријавувањето на интернет зависи од Вашиот избор на седиште:
- Ако сте купиле седиште во текот на или по резервирањето: 30 дена пред летот
- Ако не сте купиле седиште: 48 часа пред Вашиот појдовен лет
Пријавување на аеродром
Пријавувањето започнува 2 часа и завршува 40 минути пред поаѓањето. Во некои случаи, шалтерот за пријавување на аеродромот затвора порано. Подолу може да најдете список со аеродроми каде што шалтерот за пријавување на аеродромот затвора порано:
- Меѓународен аеродром „Хенри Коанда“ Букурешт - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Ајндховен - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Будимпешта (само за маршрутите TLV и PRN) - 60 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Малага - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Меѓународен аеродром Ал Мактум - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром Милано Малпенса (само за маршрути надвор од Шенген-зоната: KUT, SKP, TGD) - 50 минути пред закажаното време на поаѓање
- Лондон Лутон (само за маршрутата Тел Авив) - 60 минути пред закажаното време на поаѓање
- Лондон Лутон (за сите летови, освен летовите од Тел Авив) - 45 минути пред закажаното време на поаѓање
- Аеродром „Бен Гурион“ Тел Авив - 60 минути пред закажаното време на поаѓање
Ако имате специјални барања, специјални потреби или пак, патувате со претходно резервирана помош, пријавете се 2 часа пред закажаното време на поаѓање за да бидете сигурни дека ќе имате време за да завршите со постапката на пријавување навреме.
Следните предмети не може да ги носите во кабината на авионот или пак, на местата ограничени со обезбедувањето на аеродромот.
Ако не:
- ги завршите постапките на пријавување во рамките на рокот за пријавување
- дојдете на шалтерот за пријавување или портата за влегување во авионот навреме
Вашата резервација ќе се откаже и нема да може да влезете во авионот. Ќе Ви го вратиме вкупниот износ на средствата што сте ги платиле, со одбивање на таксите за други услуги, како и таксата за заштита на седиштето од 80 евра.
Ве советуваме да си купите осигурување за да ги покриете загубите во такви случаи.
Треба да дојдете на портата за влегување во авионот најдоцна 30 минути пред закажаното време на поаѓање.
Документи
Треба да ги покажете истите патнички документи што сте ги користеле при пријавувањето на интернет, кај обезбедувањето на аеродромот и на портата за влегување во авионот.
Проверете дали ги имате сите неопходни патнички документи, како што се Вашиот пасош и визата. Ако не сте сигурни што сѐ е потребно за влез за Вашата дестинација, проверете во соодветното Министерство за надворешни работи во Вашата земја пред патувањето. Нема да преземеме одговорност ако не Ви дозволат да влезете во авионот затоа што ги немате потребните патнички документи.
Ако патувате со новороденче, треба да ја отпечатите и покажете картата за влегување во авионот на новороденчето на портата.
Порта
Од екраните за информации на аеродромите ќе дознаете на која порта треба да одите по пријавувањето и безбедносната контролна проверка. Ако користите пријавување на аеродром, персоналот на местото може да Ви даде информации за тоа на која порта треба да одите.
Предмети без царина
Предметите што сте ги купиле по пријавувањето и безбедносните проверки може да се носат во авионот.