Како се резервира
НА ИНТЕРНЕТ
АПЛИКАЦИЈА ЗА МОБИЛНИ УРЕДИ
ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА
[callcenter-transaction location=CallCentre] Call Centre Transaction Fee
Хармоники
Откако ќе ја завршите резервацијата, ќе добиете шифра за потврда - таа ќе Ви треба за да се пријавите.
На Вашата адреса на е-пошта ќе добиете план на патување што опфаќа
- единствена шифра за потврда
- број на лет
- датум и време на патување
- детали за поаѓање и дестинација
- вкупни трошоци
Патниците кои резервирале лет во туристичка агенција, планот на патување ќе го добијат од патничкиот агент. Ако не сте резервирале Вие лично, известувањата за сите промени на летот ќе се испраќаат на деталите за контакт на сопственикот на резервацијата.
Најевтиниот и најбрз начин на резервирање седиште. Едноставно најдете го Вашиот лет на нашата почетна страница и следете ги чекорите.
Кога ќе треба, пополнете ги потребните информации:
- детали за патникот
- информации за контакт
- информации за плаќање
На крајот, ќе добиете план на патување.
Мора да имате најмалку 18 години за да резервирате на интернет.
Може да се јавите во Центарот за поддршка на Wizz Air на премиум броевите специфични за секоја земја.
Ќе Ви се наплати такса за трансакција во Центарот за поддршка ако резервирате преку Центарот за поддршка на Wizz Air. Таксата за трансакција во Центарот за поддршка е неповратна. Проверете ја таксата тука.
Слично
Може да платите на неколку различни начини:
- со кредитни или дебитни картички (Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro)
- со банкарска трансакција
- со средствата на Вашата Wizz сметка
- со ваучери на WIZZ
За дополнителни информации околу начините на плаќање, одете на страницата Плаќања !
Цените на нашите еднонасочни летови опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и цената на Вашиот рачен багаж (40x30x20 cm, макс. 10 kg).
Патници превезуваме директно меѓу два града. Не нудиме успуга на поврзување летови, што значи дека ќе треба да се пријавувате со багажот за секој одделен лет.
Информациите за контакт што сте ги навеле при резервирањето можно е да се употребат за испраќање известувања во врска со промени на летот. Потребни ни се следните информации за контакт:
- телефонски број/број на мобилен телефон
- адреса на е-пошта
Ако резервацијата е извршена преку туристички агент или веб-страница од трети страни, при што не е наведена адреса на е-пошта за патникот, во тој случај за испраќање известувања ќе се користи адресата на е-пошта на туристичкиот агент. Туристичкиот агент е одговорен да Ви ги проследи таквите информации.
Wizz Air нема да сноси одговорност за штетите што произлегуваат од случаите во кои наведената адреса на е-пошта и/или телефонскиот број биле неточни или патникот немал пристап до или не ја проверувал редовно наведената адреса на е-пошта или пак, патникот не бил достапен на ниеден од наведените телефонски броеви.