Како може да ви помогнеме?
Политика за поврат на средства и исполнување на условите
Поврат на средства може да се иницира во следните случаи:
- Доброволно откажување (иницирано од страна на патник)
- Откажување од страна на Wizz Air
- Одложувања за повеќе од 5 часа или преку ноќ
- Одбиен влез во авионот
- Смрт на член на семејството
Во зависност од ситуацијата, повратот на средства може да се побара преку интернет на вашата WIZZ сметка или со контактирање на нашата Служба за корисници.
- Доброволно откажување
Ако вашите планови се променети и повеќе не сакате да летате, можете лесно да побарате поврат на средства на вашатаWIZZ сметка. Повратот на средства може да се спроведе со кредити на WIZZ директно преку WIZZ сметката или на првичниот начин на плаќање преку Центарот за поддршка. - Откажување или одложување од страна на Wizz Air
Ако летот има сериозни прекини, ќе можете да побарате поврат на средства на вашата WIZZ сметка. Поврат на средства може да се направи во форма на WIZZ-кредити со дополнителен бонус од 20 % или целосно, на првичниот начин на плаќање.
Употребетего овој формулар за да ги претворите вашите WIZZ-кредити во готовина.
За повеќе детали, Одложување, откажување и поврат на средства. - Одбиен влез во авионот
Доколку доброволно побарате да ви биде одбиен влез во авионот или пак доколку Wizz Air го одбие вашето влегување во авионот против ваша волја, може да изберете враќање на вкупната цена на билетот за летот или за делови од летот кои не се реализирани, или на првичниот начин на плаќање или во форма на кредити на WIZZ. Ова може да се направи на аеродромот, преку претставниците за услуги на аеродромот или кога ќе бидете контактирани од страна на претставник од контакт-центарот. - Смрт на член од семејството
Во случај на смрт на член на потесното семејство (мајка, татко, сопруга, сопруг, животен партнер, сестра, брат, дедо или баба, син, ќерка, внук, внука) во период од 30 дена пред датумот на поаѓање, може да побарате поврат на платениот износ со испраќање на барање. Треба да доставите извод од матична книга на умрените во рок од 7 дена од поднесувањето на формуларот за барање.
Дали ова Ви беше од помош?
Препорачани теми
Контактирајте со нас
За итна поддршка, разговарајте со нас..
За не итни барања, можете да не повикате или да поднесете молба.