Откажан лет: што да правите?

Свесни сме за тоа дека каква било нерегуларност на летот може да предизвика многу непријатности и промени во плановите на патниците. Иако откажувањето на летот не зависи секогаш од нас, ние даваме сѐ од себе за да го минимизираме негативното влијание и да се погрижиме за патниците, во согласност со тековната регулатива.

Доколку сакате да ја откажете вашата резервација поради промена на плановите или каква било лична причина, посетете Промена на резервација на соодветната страница.

Во случај да сте искусиле откажување предизвикано од Wizz Air, може да изберете една од опциите наведени подолу. Конкретниот список на опции достапни за вас може да го најдете на вашата WIZZ-сметка или во пораката за откажување, испратена од Wizz Air на вашата е-пошта.

1. ПРИФАТЕТЕ АЛТЕРНАТИВЕН ЛЕТ

Може да го прифатите новиот или алтернативниот распоред на летање, доколку оваа опција ви е понудена. За повеќе информации, проверете ја вашата WIZZ-сметкаили е-пошта.

2. РЕЗЕРВИРАЈТЕ ПОВТОРНО

Може повторно и бесплатно да резервирате друг лет управуван од Wizz Air на иста или слична маршрута на датум 14 дена пред или 30 дена попрвично закажаниот датум на поаѓање, во зависност од достапноста на седиштата.

3. WIZZ-КРЕДИТИ

Можете да ја откажете вашата резервација и да побарате целосен поврат на средства за цената на билетот во форма на WIZZ кредити.

4. ПОВРАТ НА СРЕДСТВАТА

Може да ја откажете вашата резервација и да побарате поврат на вкупната цена за превоз што сте ја платиле за откажаниот лет, на првичниот начин на плаќање. Употребете гоовој формулар за да ги претворите вашите WIZZ-кредити во готовина.

Најавете се на Wizz-сметката која ја користевте за да го резервирате летот и направете го вашиот избор од опциите споменати погоре. Изборот е достапен до 3 часа пред првичното време на поаѓање. Во спротивно, целосниот поврат на средства за цената на билетот автоматски ќе се кредитира на вашата WIZZ сметка.

Алтернативно, ова може да се направи:

  • преку нашиот пулт за информации/издавање билети на аеродромот
  • преку линкот во е-поштата за откажување на летот, претходно испратена од нас
  • прекууслугите за Разговор во живо
  • преку нашиот Центар за поддршка

Информации

Доколку резервацијата не е извршена директно со Wizz Air, контактирајте со туристичката агенција или веб-страницата од трета страна што е сопственик на резервацијата. Имате две опции:
  1. Побарајте од туристичката агенција да нѐ контактира и да побара да ја промениме, презакажеме или да направиме поврат на средства за резервацијата во ваше име.
  2. Контактирајте со туристичката агенција и побарајте ги следниве податоци:
  • Шифра за потврда (6-цифрена шифра)
  • Е-пошта (може да се разликува од адресата на е-пошта што сте ја користеле на веб-страницата на трета страна)
  • Телефон (може да се разликува од телефонот што сте го користеле на веб-страницата на трета страна)
  • Четири последни цифри и датум на истекување на картичката што се користела за плаќање (може да се разликува од картичката што сте ја користеле на веб-страницата од трета страна)

Потоа може да контактирате со нас за да ја промените, презакажете или направите поврат на средствата за вашата резервација.

За жал, без овие информации не можеме да ги промениме/презакажеме резервациите направени преку трети страни.

Дали ова Ви беше од помош?

Препорачани теми


Контактирајте со нас

За итна поддршка, разговарајте со насилијавете ни се.

За неитни барања, препорачуваме поднесување барање.