Правила и услови за групи ученици и стари лица
1. ГРУПИ: Групни резервации се достапни за групи од 16 или повеќе патници.
2. СТУДЕНТИ: Лице на возраст под 25 години на датумот на патувањето. Во случај на повратни летови, патник што патува како студент мора да биде на возраст под 25 години на датумот на повратниот лет.
3. СТАРО ЛИЦЕ: Лице на возраст од 65 или повеќе години на датумот на патувањето.
4. НЕГУВАТЕЛИ: Еден патник „Негувател“ има право да биде и дел од резервација за студенти/стари лица на секои 9 резервирани патници што се студенти/стари лица. Негувателите не се ограничени со возраст.
5. СТУДЕНТСКИ ГРУПИ: Студентски попусти се достапни само за групи во кои сите патници се студенти, со исклучок на дозволениот број негуватели.
6. ГРУПИ НА СТАРИ ЛИЦА: Попусти за стари лица се достапни само за групи во кои сите патници се стари лица, со исклучок на дозволениот број негуватели.
7. Попустите за студенти или стари лица не може да се користат наизменично за членови на една групна резервација.
8. Сите имиња и датуми на раѓање на сите патници во групата треба да се наведат во системот за резервирање на wizzair.com најдоцна 72 часа пред закажаното поаѓање на првиот лет. Наведените имиња и датуми на раѓање треба да бидат идентични со податоците на патничките документи на патниците што се користат за летовите.
9. На аеродромот, на шалтерот за пријавување и на портата за влегување во авионот, агентите може да ги проверат патничките документи на членовите на групата за да потврдат дека групата има право на соодветните попусти. Ако не се исполнети барањата за попусти за студенти или стари лица, Wizz Air го задржува правото да одбие превоз на групата или багажот на членовите на групата.
10. Ако сте создале
Групна резервација со попуст за студенти или стари лица, но патниците не ги
задоволуваат критериумите на барањата за попуст за студенти или стари лица, може да контактирате со
нашиот Оддел за групни резервации каде што ќе ги одвојат патниците што не ги задоволуваат
критериумите. Ваквата нова резервација што претходно била дел од целата
група може одново да се резервира согласно моменталните стандардни или групни цени на билети,
во зависност од бројот на патниците или пак, да се откаже (согласно Општите услови
на превоз). Промената на резервацијата мора да се побара најдоцна 72 часа
пред поаѓањето на првиот лет.
За сите дефиниции и прашања што не се одговорени во Правилата и условите, важат Општите услови на превоз на Wizz Air.