Верзијата на Вашиот прелистувач е многу стара
Верзијава на Вашиот прелистувач не е поддржана!
Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Ги препорачуваме следниве прелистувачи:
Mozilla Firefox
Преземете бесплатно
Google Chrome
Преземете бесплатно

Информации и услуги

Водич за наплата

Изберете ја картичката Приватно лице или Компанија
на страницата „Информации за наплата“
во текот на процесот на резервирање.

billing_as_company

КАКО ПРИВАТНО ЛИЦЕ

Патувате сами или со семејството и сами ќе ја платите сметката.

billing_as_individual

КАКО КОМПАНИЈА

Патувате службено и Вашиот лет ќе го плати Вашиот работодавач, училиштето, итн.

Хармоники

Електронска копија

Издаваме електронски копии на фактурите во .pdf, а се испраќаат на адресата на е-пошта што сте ја навеле со резервацијата. 

  • содржи електронски потпис и временски печат што се создаваат со технологијата PKI (Инфраструктура на јавен клуч)
  • потписот се става во име на Wizz Air Hungary, заедно со „квалификуван бизнис сертификат“
  • електронската фактура е во согласност со унгарските прописи
  • стандардно, ќе Ви издадеме фактура пополнета со Вашите детали

Хартиена копија

Ако Ви треба хартиена копија на фактурата, побарајте во Центарот за поддршка на Wizz Air. Таксата за создавање и испраќање хартиена фактура изнесува [paper-invoice]. 

Може да издадеме фактура само за летот. Ако ви треба потврда или фактура за други услуги што сте ги платиле заедно со авионскиот билет, но не ги дава Wizz Air (на пр., патничко осигурување, автобуски или такси превоз, аеродромска такса), контактирајте со давателите на услугите директно.

Може да издадеме фактура само за летовите што сте ги купиле директно од нас. Ако сте резервирале во туристичка агенција или преку веб-страница на трети страни, фактурата ќе мора да Ви ја издаде продавачот на билетот.

Иако имате можност да изберете валута за плаќање различна од валутата на градот на поаѓање, фактурата ќе се издаде во оригиналната валута на резервацијата (односно, не во валутата во која се извршило плаќањето).

Контактирајте со нас ако имате проблем со фактурата:

Ќе се потрудиме да го обработиме Вашето барање во рок од 30 дена од приемот на жалбата.

Wizz Air Hungary издава електронски фактури и ги испраќа на корисниците по е-пошта. Датотеката во .pdf приложена во е-поштата е оригиналната електронска фактура што ја издава Wizz Air Hungary.

Согласно соодветните првни прописи во Унгарија (2001/XXXV Акт за електронски потпис; 2000/C Акт за сметководство; 23/2014. Декрет на Министерството за државна економија), дадена компанија има право да издава фактури и во електронска форма. Електронската фактура е датотека во специфичен формат што ја содржи сликата на традиционалните фактури што ги издава Wizz Air Hungary како документ во .pdf (во согласност со унгарските барања за форматот на фактурите како што е назначено во Законот за ДДВ 2007/CXXVII) и (во датотеката во PDF) напреден електронски потпис и временски печат на фактурата создадени со технологијата PKI (Инфраструктура на јавен клуч), согласно унгарските прописи споменати  погоре. Потписот се става во име на Wizz Air Hungary, заедно со „квалификуван бизнис сертификат“ од квалификуван сертификатор задолжен за тоа од Wizz Air Hungary. Датотеката на електронската фактура ги содржи сите потребни информации за да се потврди сертификатот приложен со потписот и временскиот печат на фактурата.

Примачот е обврзан да ја чува електронската фактура во електронски формат - слично на хартиените фактури - ако фактурата треба да се користи за сметководствени цели.

За да пристапите до електронската сметка и да ги проверите потеклото и веродостојноста, треба да инсталирате Adobe Reader 9 или понова верзија. Контактирајте со Вашиот администратор на систем ако наидете на проблеми со инсталирање.

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Ќе добиете електронска фактура на адресата на е-пошта што сте ја навеле при резервирањето. Електронските фактури се издаваат во согласност со важечките правни прописи во Унгарија.

Освен тоа, може да побарате хартиена копија на електронската фактура со плаќање такса во Центарот за поддршка на Wizz Air. Хартиените копии ќе Ви пристигнат по пошта на адресата што сте ја навеле во резервацијата.

Може да побарате изменета фактура што ќе содржи други детали со плаќање такса.

За повеќе информации, прочитајте го Водичот за наплата.