Погледнете ги нашите врвни дестинации.
Абу Даби - име што се изговара само со копнеж. Копнеж да се откријат чудата во него за првпат или сѐ поголемиот копнеж да се вратите таму. Вгнезден во Персискиот Залив, Абу Даби се протега на околу 200 острови, природни и вештачки, поврзани со копното преку мостовите „Макта“, „Мусафа“ и „Шеик Зајед“. Како важен културен центар, главниот град на Обединетите Арапски Емирати ги исполнува сите желби што секој може да ги посака: климата, хоризонтот, кујната, слободното време, авантурите, пријатните продавници и блескавите песочни дини, се само неколку од нив. Покрај тоа, неговата блискост со Дубаи го прави идеална порта кон квинтесенцијалното доживување на Обединетите Арапски Емирати, обезбедувајќи безбедна основа за секој што сака да прошета низ регионот.
Разберете ја суштината на Абу Даби разгледувајќи ја големата џамија „Шеик Зајед“, исламски архитектонски подвиг дизајниран да собере над 40 илјади верници и да привлече милиони посетители секоја година. Најголемата и најспектакуларната џамија во ОАЕ е изградена со цел да ја отелотвори исламската порака за толеранција и почит. Арапскиот луксуз е изразен и со куполите во форма на кромид, повеќе од 1000 колони, златни лустери и најдолгиот рачно изработен тепих во светот. Откријте ја неверојатната претседателска палата „Каср ал Ватан“ и нејзината импресивна библиотека што може да се пофали со огромна колекција антички книги. И палатата „Емирати“ дочекува гости и посетители со затворени градини, приватен залив и вкусни деликатеси како што се капучиното „Палас“ или хамбургерот со месо од камила.
Посетете ја огромната, живописна и разновидна сцена за купување во Абу Даби, за сукови со риби, сјајни бутици со приватни сесии за купување и многу повеќе! Островот Галерија Ал Марија располага со преку 400 малопродажни марки под еден покрив, плус некои од најдобрите јадења во градот, вклучувајќи ги и современите италијански творби на готвачот Енрико Бартолини со четири ѕвезди на Мишелин, во „Роберто“ во Абу Даби. Продавниците на „Мадинат Зајед“ ќе бидат поприфатливи за Вашиот буџет, со исклучок на продавниците за накит со злато, дијаманти и бисери во соседниот центар за злато „Мадинат Зајед“. Традиционалните пазари се неопходни само за нивниот амбиент, но нема да разочараат ниту на малопродажниот фронт. Погледнете го уловот на денот во сукот со риби во Мина Зајед, снимете фотографија од тезги во боите на виножитото во сукот со овошје и зеленчук во Ал Мина или пронајдете совршено ѓезве за кафе во Сук Ал Зафарана.
Не дозволувајте нивната големина да ве измами и за автентично доживување, истражете ги и помалите острови во Абу Даби! Посетете го Островот Сир Бани Јас и истражете го арапскиот парк за диви животни, опуштете се во бесконечниот базен на Островот на среќата, надополнете ги батериите во еколошките одморалишта со пет ѕвезди на Островот Заја Нурај или напијте се коктел под кабаната на плажата на Островот Ал Маја. За исклучително различни доживувања, пријавете се за пешачење по дини во рана зора, јавање камили или ноќно сафари 4х4 низ драматичните дини во регионот Ал Дафра. Може и да ја заобиколите пустината и да се фокусирате на вода за да го откриете Националниот парк „Мангров“ во источните периферии на градот: пловете со кајак меѓу мангровите дрвја високи неколку метри и неверојатните суштества што живеат на нив, како што се птиците фламинго и чапјите на западниот гребен.
Меѓународниот аеродром Абу Даби се наоѓа на 30,6 km источно од градот Абу Даби, но може да се смета и како порта кон ОАЕ. Дубаи се наоѓа на 120 km и приближно 80 минути од аеродромот и таму лесно може да се стигне со такси, WIZZ Ride или уште поудобно, со изнајмување автомобил за само 8 евра на ден. Резервирајте на rentalcars.comсега!
Од едноставни апартмани до најлуксузните хотели: резервирајте преку нашиот партнер, Booking.com , за да добиете попуст од 5 %. Резервирајте си хотел веднаш!
Погледнете ги нашите активни маршрути за да може да видите каде може да летате со нас, како и важечките правила за патување на нашата интерактивна карта за планирање патувања.
Со поврзување на опциите за превоз, WIZZ Ride ги поедноставува патувањата затоа што обезбедува едношалтерски систем за Вашите потреби, од моментот кога ќе ја напуштите куќата, до пристигнувањето на Вашата дестинација од соништата. Преземете ја апликацијата за мобилни уреди на Wizz Airсега и видете колку е сето ова едноставно.
Ако додадете WIZZ Flex на Вашиот билет, може да го промените летот подоцна без да платите такса за промена на лет. Добијте поврат во кредит на WIZZ на Вашата сметка на WIZZ ако одлучите да го откажете патувањето.
Патувате со семејството? Знаеме дека тоа може да биде проблематично. Затоа подготвивме неколку корисни совети и избор од услуги погодни за семејства. Искористете ги специјалните понуди и услуги!