Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Како нордиска дестинација каде што може да се истражуваат неприкосновени можности за планинарење и модерни градови, надополнета со опуштена култура, Шведска е совршеното место за бегство.
Зошто треба да се посети Шведска?
Од Шведска потекнуваат многу познати имиња, како што се АББА и Absolut Vodka. Јасно е дека постои нешто креативно во воздухот во Шведска, а опуштениот начин на живот ја прави совршено место за одмор. Љубителите на природата може да се наситуваат на планините, долините и шумите во Норланд, во Свеаланд се наоѓа главниот град, а Јеталанд е на југ, каде што има неколку национални паркови.
Работи што мора да се видат во Шведска
За навистина незаборавна посета, може да го посетите Ледениот хотел! Оваа позната структура се гради секоја година и целосно се изработува од мраз. Стокхолмскиот архипелаг е една од најспектакуларните дестинации во светот и им овозможува на гостите да уживаат во разгледување на островите. Истото се однесува и на градовите и прекрасната природа во Шведска.
Направете пауза за кафе (фика) во Шведска
Нешто што ќе Ви падне во очи при престојот во Шведска, а ќе посакате и да го правите, е т.н. фика, односно пауза за кафе. Паузата за кафе (фика) може да се случи неколку пати дневно и всушност означува квалитетно време поминато со семејството или колегите со шолја кафе и нешто слатко.