Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Сместена на Јадранското Море, Црна Гора ужива во медитеранската клима на своите соседи, богатата историја на регионот и сопствениот уникатен шарм!
Зошто треба да се посети Црна Гора
Црна Гора долго време привлекува туристи од целиот свет и единствено политичките немири своевремено ја намалија популарноста на оваа дестинација. Во поново време, Црна Гора почна одново да го освојува светот, поради што, секој светски патник, љубител на плажи или спортист треба да ја посети оваа сончева дестинација.
Работи што мора да се видат во Црна Гора
Едно од најважните места, со најубавите панорами во земјата, е Заливот во Котор што треба да се посети барем на еден ден. Под заштита на УНЕСКО, располага со неверојатни пејсажи и приморски градови. Уште едно место под заштита на УНЕСКО е кањонот на реката Тара, втор по должина во светот, сместен во Националниот парк Дурмитор. Тука понекогаш може да се видат мечки волци.
Најексклузивниот остров во Црна Гора
Ако добиете пристап до него, островот Свети Стефан е еден од најважните делови во земјата. Некогашното село во морето, островот е поврзан со копното со пат и претворен во одморалиште со 5 ѕвезди. До него може да пристапат само гости во хотелите на островот, но и покрај тоа, придонесува за прекрасна глетка од копното.