Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Сместена во срцето на Европа, Словачка често е попатна станица на патувањата до Виена, Прага или Будимпешта. Тоа е дестинација што може да им понуди многу задоволства на патниците!
Зошто треба да се посети Словачка?
Земјата може да се пофали со навистина вчудовидувачка, недопрена природна убавина, со национални паркови, планински венци и многубројни места под заштита на УНЕСКО, создадени и од природата и од човекот. Богатата историја на Словачка се гледа од фасадите во многу од градовите во земјата, а ниту главниот град Братислава не е исклучок. Според тоа, Словачка е совршената дестинација и за љубителите на културата, како и за луѓето што сакаат природа.
Работи што мора да се видат во Словачка
Заштитени од УНЕСКО, дрвените цркви на Словачките Карпати придонесуваат за одлична глетка и датираат од 16. век, а некои од структурите се изградени без ниту еден клин. Високите Татри се најголемиот национален парк во Словачка и луѓето доаѓаат тука за скијање. Друг национален парк е Словачки рај каде што може да се видат неверојатни водопади.
Градови со термални бањи во Словачка
Во многу градови во Словачка постојат термални бањи. Еден од нив е Бардјејов, град заштитен од УНЕСКО, со целосно сочуван средновековен центар. Бањата Рајецке Тјеплице привлекува многу посетители во малиот град, а најпозната бања во земјата е Пјештјани што им обезбедува бањски услуги на илјадници гости секоја година.