За Скопје
Замислете место што е мешавина од луѓе и култури, територија на којашто живееле и за којашто војувале многу царства и кралства низ вековите и оставиле траги дека биле тука што може да се видат на секој чекор.
Лесно е да се замисли таков град. Се вика Скопје. Главниот град на Македонија е безбедна мешавина од култури на Балканот. Тоа е уникатен град што станува сѐ попопуларен кај авантуристички настроените патници како Вас.
Скопје е шаренолика дестинација каде што може да влезете во еден стар град од времето на Отоманската Империја, да откриете егзотични православни цркви и манастири, но и џамии и да ги видите бројните нови монументални херојски статуи и згради што се градат во неокласичен стил. Во суштина, тоа е град со длабоки традиции што истовремено повторно се открива!
Покрај тоа, во Скопје има толку многу што може да правите. Посетете ја тврдината Кале над градот, која датира од 6. век, прошетајте се низ Националната галерија која некогаш била турска бања или дишете свеж воздух во прекрасниот кањон Матка надвор од градот, каде што може да одите на пешачење или кајакарство, а таму може и да ги посетете пештерите.
Цените на собите, храната и атракциите во Скопје се исклучително разумни. Некои велат дека Македонија може да биде една од најскапите земји во Европа, па не заборавајте да уживате во шармот на ова прекрасно место што нема сосема да го испразни Вашиот паричник. Резервирајте си билет до ова богатство на Балканот веднаш!
Аеродром Скопје (SKP)
Превоз
Аеродромот се наоѓа 17 km (11 mi) југоисточно од Скопје
Резервирањето полн пакет на изнајмување автомобил за одмор или службено патување не може да биде полесно со нашиот партнер, rentalcars.com!
Изнајмување автомобил за само 8 евра дневно.
Сместување
Резервирајте преку нашиот партнер Booking.com и добијте 5% попуст