Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Како дом на неверојатни планински пејсажи, единствена култура и секако, Дракула, Романија е земја што ветува незаборавен одмор.
Зошто треба да се посети Романија?
Романија располага со сликовити пејсажи, крајбрежје со антички урнатини на Црното Море и еклектична мешавина од модерни и традиционални градови. Тоа е совршена дестинација за сите коишто уживаат во историјата и градовите што го прифаќаат модерното време.
Работи што мора да се видат во Романија
Задолжително мора да се посети главниот град Букурешт, со важните атракции, како на пр., Палатата на Парламентот и огромниот број музеи. Сите што ќе дојдат во Тулча, може да го посетат Екосистемот на делтата на Дунав, прогласен за Светско наследство на УНЕСКО, каде што може да се види уникатен животински свет. Уште една прекрасна знаменитост е Замокот Пелеш, сместен во близина на Синаја.
Вампирите во Романија
Додека мештаните сакаат да се фалат со својата поврзаност со Грофот Дракула, тој е моќен лик што привлекува многу луѓе коишто патуваат во земјата. Трансилванија можеби не е гнездо на вампирите, но со сигурност е еден од неверојатно убавите делови во земјата. Освен тоа, Замокот Бран, познат и како „Замок на Дракула“, е важно обележје во земјата, независно од тоа што неговиот станар е плод на фантазијата.