Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Ви треба одмор во град? Сакате да избегате на плажа? Барате место за забава? Што и да е целта на Вашето патување, Португалија со сигурност е совршената дестинација за Вас!
Зошто треба да се посети Португалија?
Португалија располага со некои од најубавите плажи во Европа, а нуди и одлични места за да може светските патници да уживаат во одмор во град. Лисабон е сѐ попопуларен избор за луѓето што знаат да се забавуваат, а како место за посмирен одмор, шарениот Порто е одлична дестинација. А може и да избегате во дивината и да ги откриете урнатините од минатото на земјата преточени во природата.
Работи што мора да се видат во Португалија
Градовите имаат да им понудат многу на страсните патници - од Белемската Кула во Лисабон до стариот град во Фаро. Ако отпатувате во руралните предели на Португалија, ќе видите места како што се Дос Алмендрес и селото-тврдина Монсанто. Напуштете го копното и видете ги прекрасните Азурни Острови од вулкански карпи. Од плажите, посетете ја Праја де Афифе, главна локација за сурфање.
Португалија за гурмани
Португалија е позната по својата храна и ниеден одмор нема да биде целосен без да се вкусат локалните специјалитети, како на пр., португалската рибја чорба и слатките задоволства, како што е паштел де ната (pastel de nata). Португалија е позната и по најомилениот зачин за пилешко во светот, наречен „пири, пири“!