Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Како земја со неверојатна топлина, храна и опции за пазарување, Обединетите Арапски Емирати станаа водечка дестинација за одмор за луѓе што сакаат да уживаат во вистинско бегство од секојдневието.
Зошто треба да се посетат Обединетите Арапски Емирати?
ОАЕ е една од земјите во светот што најбрзо се развиваат и нудат прекрасни модерни места што ќе им овозможат пријатен одмор на гостите. Највоодушевувачките хотели во светот и трговските центри што може да ги задоволат потребите и на најголемите пазарџии, придонесуваат Дубаи и Абу Даби да бидат најпопуларен избор за одмор во град што доаѓа со доза сонце и многу можности за релаксирање на плажа.
Работи што мора да се видат во Обединетите Арапски Емирати
Брзиот развој на ОАЕ овозможи модерната архитектура во земјата да биде една од најинтересните во светот. Облакодерот Бурџ Калифа се состои од 160 ката, со опсерваторија на врвот, а хотелот Бурџ Ал Араб е навистина неверојатен. Од природните убавини, најпознати се песочните дини во оазата Лива и планинскиот венец Хаџар.
Пазарување во Обединетите Арапски Емирати
ОАЕ се несомнено едно од најдобрите места за пазарување во светот, со трговски центри за коишто се потребни неколку дена за да се истражат целосно. Пазарењето во ОАЕ е нешто како хоби, независно од тоа дали Ве интересираат висока мода, прекрасен накит или зачини од локалниот сук-пазар.