Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Може да изберете некоја од нордиските земји како стилска дестинација за одмор, каде што е невозможно да се одолее на дизајнот, храната и изразено опуштените сфаќања за животот. Посетете ја Норвешка!
Зошто треба да се посети Норвешка?
Обично, асоцијација за Норвешка е ладно време и градови прекриени со снег, но модерните патници ќе откријат дека тоа е земја со многу интересни можности! Мештаните уживаат во природата на својата земја исто како и туристите, но урбаното живеење во главниот град Осло доаѓа со дополнителна доза шарм. Таму кафето, храната и ноќниот живот се базираат на високи стандарди.
Работи што мора да се видат во Норвешка
Осло и Берген се два од најпознатите градови во Норвешка. На прв поглед, се чини дека се одличен контаст со нивната модерна и традиционална естетика, но разновидноста е клучна работа за да се види најдоброто во една земја. По Музејот на историја на културата, посетете ги неверојатните фјордови, а потоа застанете на Прекестулен!
Полноќно сонце во Норвешка
Како дом на бескрајниот ден или бескрајната ноќ, ако убаво го испланирате Вашето патување во Норвешка, може да бидете сведоци на незаборавно искуство со месечина напладне или пак, силно сонце на полноќ. Ако го посетите градот Тромсе во текот на долгата зима, може да го имате најдобриот поглед на Северната светлина.