Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Во динамичната Литванија може да уживате во одмори во град, бегства во природа или одморалишта во рурална средина!
Зошто треба да се посети Литванија?
Главниот град Вилнус нуди барови, ноќен живот и храна, во Кернаве се наоѓа едно од најраздвижените места за славење на летната долгоденица, а безброј други градови нудат сопствени кулинарски специјалитети и конечно, брегот на Балтичкото Море овозможува да поминете прекрасен ден во уживање покрај водата.
Работи што мора да се видат во Литванија
Во Литванија има многу места што вреди да се видат, како на пр., Ридот на крстовите во близина на Шјауљај, место со 100 илјади крстови што ги оставиле аџиите. Паганско место на истата тема постои во близина на Курската превлака, каде што се поставени 80 скулптури од дрво на вештерки и други фолклорни суштества. Алхеолошкото наоѓалиште во Кернаве нуди многу историја и покрива период од 10 илјади години, а замокот на островот Тракај како да е излезен од бајките.
Песочните дини во Литванија
Балтичката земја Литванија, неочекувано, е дом на Курската превлака, местото со највисоките подвижни дини на целиот континент. Повеќето дини се високи по 25 метри во просек и се протегаат на територија од приближно 100 km. Тоа е одличен предуслов за незаборавен ден!