Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Како земја на волшебни природни панорами, од вулкани до глечери, па сѐ до лагуни, патувањето на Исланд сигурно ќе Ви го промени начинот на кој го гледате светот!
Зошто треба да се посети Исланд?
Исланд ги крие највпечатливите, но и најекстремните природни убавини на Земјата. Ако Ве интересираат прошетки и спортови, нема што не може да правите тука. Може да нуркате, да се качувате по карпи, да планинарите, да возите велосипед, да гледате китови итн. Жителите на Исланд ги обожаваат активните начини на откривање на својата природа!
Работи што мора да се видат на Исланд
Рејкјавик е модерниот главен град на Исланд и овозможува динамична ликовна и музичка сцена. Неверојатно добрите ресторани им нудат исландски традиционални јадења на модерните гурмани. Сината лагуна е оддалечена половина час од главниот град. Тоа е природна геотермална бања и искуството да се бањате во неа во зима е навистина волшебно.
Северната светлина на Исланд
Исланд е едно од најдобрите места во светот за гледање на Северната светлина. Неверојатното светлосно шоу може да се појави во секое време од есен до пролет и честопати, тоа е главната причина да се посети Исланд. „Аурора Бореалис“ привлекува толку многу туристи што некои од хотелите нудат опција за будење на гостите ако светлината се појави додека гостите спијат!