Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Израел е навистина убава земја што секој треба да ја посети барем еднаш. Ќе посакате да се вратите уште многу пати!
Зошто треба да се посети Израел?
Израел е компактна земја, а тоа само значи дека е полесно да се истражува! Ерусалим плива во богата историја и вдомува три религии, а сето тоа е отсликано во архитектурата. „Светиот град“ честопати е инспиративно патување и подалеку од урбаните центри, посетителите може да најдат плажи, пустини и природни резервати. Вреди да се спомене и вкусната кујна што опфаќа фалафел, баба гануш и шакшука и многу други специјалитети!
Работи што мора да се видат во Израел
Тел Авив е одлична база за секаков тип одмор. Овој неверојатен град живее 24/7 и располага со секаков вид барови, клубови и центри на уметност што се очекува да постојат во една модерна метропола. Меѓу другите чудесии, вреди да се спомнат оазата Ен Геди, старата тврдина во Масада и раскошните пејсажи во Галилеја.
Мртвото Море во Израел
Покрај тоа што е меѓународна атракција, Мртвото Море е и природен феномен, затоа што ја има најсолената вода на светот. Поради тоа, невозможно е да се потоне во него. Земете весник и обидете се да го читате додека лебдите во водата на Мртво Море!