Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Откријте ја Естонија, земјата богата со историја, култура и недопрена природа!
Зошто треба да се посети Естонија?
Со преку 2 илјади острови, Естонија има многу да им понуди на сите што бараат мирни, идилични глетки. Особено шармантни се светилниците по должината на брегот чијашто бројка надминува 100. Копнениот дел е познат по карпестите плажи и старите замоци и цркви, а главниот град Талин е центарот на најважните настани во земјата, каде што може да се видат и прават многу работи.
Работи што мора да се видат во Естонија
Секој посетител на Естонија мора да го види Стариот град во Талин, заштитен како Светско наследство на УНЕСКО. Добро зачуваниот средновековен град може да се пофали со прекрасни калдрмени улици и архитектура стара речиси илјада години. Иако климата во земјата е поладна од останатите дестинации за летен одмор во Европа, Естонија располага со неверојатни песочни плажи, како на пр., плажата Пјарну.
Спорт и технологија
Во Естонија може да испробате и стари и нови спортови, како на пр., натпревар во носење сопруги или киикинг, односно лулашка на која натпреварувачот стои исправено и се врти во круг од 360 степени. Штом ќе застанете на нозе, веднаш прикачете ги своите фотографии, затоа што Естонија располага со една од најдобрите Wi-Fi-услуги во светот!