Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Грчките острови им се добро познати на патниците и во тоа се состои шармот на нивните сончеви брегови. Секогаш ќе бидат популарни поради својата убавина!
Зошто треба да се посети Грција?
Сонцето, морето, плажите, храната, урнатините и гостопримството се само дел од бесконечниот број причини да се посети Грција! Од Атина до Родос, од Занте до Крит, секој град и остров во Грција има сопствен карактер, па ако барате посебна причина да избегате на сонце, со сигурност ќе го најдете тоа што Ви треба!
Работи што мора да се видат во Грција
На врвот се наоѓа Акропол на Атина, најпознатата знаменитост во Грција. Тоа е само една од стотиците антички урнатини, заедно со Партенон, Акропол на Родос и Храмот на Аполон во Делфи, што се исто толку важни места за љубителите на историјата. Сините покриви на куќите на Санторини се уште едно нешто што мора да се види. Тука се и неприкосновените плажи што мора да се посетат, како на пр., Елафониси.
Кујната во Грција
Сирењата фета и халуми, традиционалниот леб пита, маслинките и баклавата се само мал дел од храната што мора да ја пробате на одмор во Грција. Тоа ќе Ве исполни исто како и културата и сонцето. Пробајте долмадес (превкусни полнети листови од винова лоза), сувлаки (ражничи од месо), богато грчко кафе или лукумадес (сладок десерт со мед).