Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Сѐ уште млада како земја, Босна и Херцеговина се наоѓа во Југоисточна Европа, на Балканскиот Полуостров. Откријте ја прекрасната, живописна природа и неверојатно разновидната култура!
Зошто треба да се посети Босна и Херцеговина?
Поради остатоците од Отоманската ера и бескрајните можности за планинарење, секој може да најде нешто интересно во Босна и Херцеговина! Поради соседните земји: Хрватска, Србија и Црна Гора, посетителите може да очекуваат шареноликост од културни влијанија од секоја од нив, што најмногу се чувствува во главниот град Сараево!
Работи што мора да се видат во Босна и Херцеговина
Една од најважните туристички атракции и дел од Светското наследство на УНЕСКО е мостот „Стари мост“ во градот Мостар. Мостот датира од Отоманската ера и уште од 16. век ги поврзува двата дела на градот. Служел и како место за одржување на натпреварите во нуркање од карпи на Red Bull. Уживајте во прошетките на брегот на Јадранското Море во должина од околу 20 km, сѐ до градот Неум сместен на самиот брег во јужниот дел на земјата!
Физички активности
Копнеете по авантури? Во Босна и Херцеговина имате можност да пловите со кајак, чамец, сплав и да уживате во долги прошетки во лето, а во текот на зимскиот период, се отвораат скијачките одморалишта. Сето тоа земјата ја прави одлична дестинација за зависниците од адреналин!