Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Побегнете од Вашето секојдневие и посетете го Азербејџан! Уживајте во Каспиското Море на исток или пак, во Кавкаскиот планински венец и на север и на запад.
Зошто треба да се посети Азербејџан?
Како земја на два континента, Азербејџан ужива во пријатно време во текот на целата година и нуди волшебна комбинација од клими и култури и од Европа и од Азија. Истражувајте ги урбаните градови и историските села недопрени од модерното живеење или шетајте по прекрасните плажи.
Работи што мора да се видат во Азербејџан
Се препорачува патувањето низ земјата да го започнете од главниот град Баку. Тоа е главниот економски, политички и културен центар на Азербејџан. Благодарение на восхитувачката архитектура и слабоста кон работи изработени од злато, честопати го поврзуваат со Дубаи. Тоа е совршена локација и за љубителите на вулкани, затоа што земјата е дом на повеќе од половината вулкани од кал во светот!
Тврдината и Стариот град во Баку
Првата локација заштитена со статус Светско наследство на УНЕСКО е Стариот град во Баку, место што навистина го одзема здивот. Заграден со заштитните стари ѕидови на тврдината, посетителите може да уживаат во раскошот на старите градби, како на пр., „Моминската кула“, што овозможува прекрасен поглед на Стариот град, како и на Заливот на Баку.