ТЕСТИРАНИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАЧЕН БАГАЖ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАВРЕМЕНАТА ИЗВЕДБА И ИСКУСТВОТО НА ПАТНИЦИТЕ
Wizz Air, најголемата компанија со ниски цени во Централна и Источна Европа, денес најави дека од 1 август 2012 год. започнува со тестирање на новите правила за рачен багаж за зголемување на навремената изведба и подобрување на искуствата на патниците за време на качување во авионот. Тестот ќе се спроведува од следниот месец на сите летови од аеродромот Лутон во Лондон до Катовице (и обратно). Тој е одговорот на растечкиот проблем кај кратките летови, каде што ограничениот просторот за багаж ја намалува удобноста и комфорот при влез во авион кога премногу рачен багаж се внесува во кабината. Поради недостиг на простор, екипажот го истовара багажот од авионот што често предизвикува доцнење. За понатамошно зголемување на изведбата и намалување на непријатностите кај патниците, посебно оние кои патуваат со мали деца или постари луѓе, клиентите се поттикнуваат да носат помали торби.
Почнувајќи од 9 јули, патниците кои резервираат карти на пробната маршрута за патување од 1 август и понатаму, може да патуваат со бесплатна мала кабинска торба или да платат такса од 10 евра преку интернет за голема кабинска торба во авионот. Оние кои ќе одберат да платат за голем кабински багаж профитираат со рано качување во авион (веднаш по приоритетните патници) со гарантиран простор во преградите над главите за целиот голем кабински багаж. Изборниот чекиран багаж им стои на располагање на сите патници. Новата такса за голем кабински багаж ги поттикнува патниците да носат помали торби. Производите купени на аеродромот (важен извор на приход за 78-те партнери на аеродромот Wizz Air) и понатаму се бесплатно дозволени во кабината. Wizz Air верува дека тестот ќе ја намали збрката при влез во авионот и ќе ја подобри навремената изведба, а вкупниот резултат ќе биде подобро патничко искуство. Планирано е пробниот тест да заврши кон крајот на август, но доколку резултатите не задоволуваат, пробата може да се продолжи. Доколку пробата се покаже успешна, новите правила за кабински багаж ќе се употребат низ целата мрежа на Wizz Air.
Од 1 август се тестира аеродромот Лутон во Лондон до Катовице и Катовице до Лутон во Лондон
Тип на кабински багаж |
Димензии |
Максимална тежина |
Примери |
Такса |
Мала кабинска торба |
До 42x32x25 cm |
10 кг. |
рачна торба, ранец, ташна за лаптоп, (мора да ги собира под седиштето) |
БЕСПЛАТНО |
Голема кабинска торба |
Поголема од мала кабинска торба до 55x40x20cm |
10 кг. |
багаж на тркала |
10 евра (преку интернет) |
Правила за кабински багаж: 1 мала кабинска торба ИЛИ 1 голема кабинска торба по патник. Производите купени на аеродром по безбедносната проверка бесплатно ќе бидат дозволени во кабината!
„Wizz Air прв го доближува патувањето со авион по ниски цени до потрошувачите: нашите клиенти го фалат услужниот и пријателски екипаж на Wizz Air и производите скроени по мерка за фамилии, како што е Wizz Xclusive Club. Wizz Air го подобрува непопуларниот дел од летот - често стресниот и непријатен процес на качување во авион. Веруваме дека плаќањето преку интернет на такса од 10 евра за голема кабинска торба ќе ги поттикне повеќето патници да носат мала кабинска торба, која лесно ќе ја собере под седиште. Тоа ќе го направи качувањето во авион попријатно, без неудобноста од натрупаниот простор помеѓу седиштата, преполнувањето на редуцираниот складишен простор и последователните доцнења поради истовар на вишок багаж. Помалата тежина во кабината дава и помала потрошувачка на гориво, ги намалува трошоците и ја заштитува околината. Се надеваме дека нашите патниците ќе уживаат во подобностите за време на тестирањето на маршрутата Лондон-Катовице. Доколку тестот се покаже успешен, новите правилата за кабински багаж и придобивките од најдоброто качување во авион во индустријата, ќе ги спроведеме на сите 244 маршрути низ 28 земји“- изјави Даниел де Карвало (Daniel de Carvalho) портпаролот на Wizz Air.
Повеќе информации