![]()
Mozilla Firefox
| ![]() Google Chrome |
За сите други популарни дестинации, кликнете тука.
Во Wizz Air се стремиме
да услужиме сѐ повеќе патници секој ден, на најодржливиот можен начин.
Прочитајте ја нашата
изјава за одржливост тука. Но ако сепак одлучите да летате, еве 7 причини зошто
Wizz Air е вашиот најеколошки избор:
Споредбава се заснова на статистиката за 2019 година на Меѓународниот совет за чист транспорт, при што предвид се зема разликата меѓу просечните јаглеродни емисии во Европската Унија по патнички километар.
Пред COVID, просечно 94 % од нашите седишта на летовите беа зафатени. За споредба, просекот во индустријата во истиот период изнесуваше 70 - 85 % и за жал, празните седишта сѐ уште имаат јаглероден отпечаток.
Едноставно нема смисла да се остават празни седишта за да се направи простор за некој од патниците да се опушти и да го чита својот весник поудобно.
Можеби веќе сте слушнале, но во просек, 15 - 20 % од вкупното потрошено гориво на кратки летови се троши при полетувањето и слетувањето на авионите.
Моторите од семејството на Airbus A320neo се најефикасни во индустријата затоа што може да произведат поголем потисок иако трошат иста количина гориво, што овозможува најмала потрошувачка на гориво во споредба со другите мотори што се користат во комерцијалните авиони.
Најчесто летаме со авиони од семејството на Airbus A321neo, а просечната старост на авионите во нашата флота моментално е пет години. Тоа е навистина неспоредливо меѓу поголемите авиокомпании и помага за пониски јаглеродни емисии.
Прочитајте повеќе за нашите иницијативи за одржливост тука