WIZZ Flex

Информации и услуги

Wizz Air

Информации и услуги

WIZZ Flex

Up to 3 hours

До 3 часа

Неограничени промени на летот на интернет или поврат на средствата на Вашата WIZZ сметка, најдоцна 3 часа пред почетокот на патувањето.

Flight change

Промена на летот

Променете ги датумот, времето и маршрутата на Вашиот лет на интернет. Нема да Ви се наплати такса за промената, ќе треба да ја платите само разликата во цените на превоз и таксите за багаж.

Refund to wizz account

Поврат на средствата на WIZZ сметката

Откажете го летот и добијте поврат на средствата на Вашата WIZZ сметка.

Летајте каде што треба и кога треба! WIZZ Flex Ви овозможува да правите неограничен број промени на летот на интернет за само [wizzflex location=AllNotShown] по лет и по патник, без да плаќате такса за промена на лет. Освен тоа, летовите може и да се откажат и да се изврши поврат на платените средства на Вашата WIZZ сметка најдоцна 3 часа пред патувањето. Во врска со постапката за поврат на средства, видете во нашите Правила и услови.

Како функционира тоа?

1. Променување на летот

а) Ако сте додале WIZZ Flex во Вашата резервација, датумот, времето или маршрутата на летовите опфатени во резервацијата може да се променат најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање. Нема да Ви се наплати за оваа услуга. Ќе треба да ја платите само разликата во цените на превоз за летовите и таксите за багаж. 

б) WIZZ Flex не ја покрива таксата што треба да се плати за промени на име на патник или пак, за промени на групни резервации. 

в) Имајте предвид дека поради променувањето на летовите, ќе треба да се пријавите за новиот лет.

2. Откажување на летот и барање поврат на средствата 

а) Ако сте додале WIZZ Flex во Вашата резервација, може да ги откажете летовите опфатени во резервацијата најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на Вашиот појдовен лет. Платениот износ за откажаниот лет ќе се кредитира на Вашата WIZZ сметка. За резервации што опфаќаат членство во WIZZ Discount Club или пак, членство во Privilege Pass, платените средства за членството нема да се вратат. Членствата ќе важат и понатаму согласно нивните соодветни Правила и услови. 

б) Таксата платена за додавањето на WIZZ Flex во која било резервација не може да се врати. 

в) WIZZ Flex не важи за услугите купени од трета страна во врска со летот што сакате да го откажете (заедно со, но не и ограничено на, таксите за изнајмување автомобил или пак, таксите за осигурување). Проверете во политиките за поврат на средства на третите страни. 

г) Во Вашата WIZZ сметка ќе се додаде кредит за сите летови и сите патници опфатени во резервацијата со WIZZ Flex. Барањата за откажување или поврат на средства ќе важат за сите летови и сите патници опфатени во резервацијата.

д) Повратот на средства ќе се кредитира на WIZZ сметките. Кредитот добиен од откажување на лет важи 90 дена од датумот на извршениот поврат на средствата. Имајте предвид дека датумот на новите резервирани летови може да биде по тие 90 дена.

Како се доаѓа до WIZZ Flex?

WIZZ Flex може да купите за сите нови резервации на лет со едно кликнување. Едноставно додајте ја опцијата WIZZ Flex при процесот на резервирање и толку.