Wizz сметка

Информации и услуги

Wizz Air

Информации и услуги

Wizz сметка

Ако се регистрирате на Wizzair.com, за Вас автоматски ќе се отвори WIZZ сметка со со 10-цифрен број на WIZZ сметка (со почетна состојба 0).

Управувајте со Вашите резервации

  • Прегледајте ги тековните резервации
  • Следете плаќања
  • Ажурирајте лични информации

Користете ги средствата на Вашата WIZZ сметка за резервирање и плаќање на билети. Можно е и делумно плаќање. Ако средствата на сметката не ги покриваат вкупните трошоци, разликата може да ја платите со кредитна картичка.

Дополнете ја Вашата WIZZ сметка со поени од кредитни картички

Може да ги дополните средствата на сметката со конвертирање поени заработени од кобрендирани кредитни картички на WIZZ, како на пр.,

  • Erste Bank во Унгарија
  • Bancpost во Романија
  • Raiffeisen во Полска

Имајте предвид дека поените конвертирани од кобрендирани кредитни картички на Wizz може да имаат датум на истекување, согласно Вашиот договор со издавачот на картичката.

Дополнување со пари

За дополнување на средствата со пари, јавете се во Центарот за поддршка на Wizz Air. Минималниот износ на една трансакција е 300 евра или еквивалентен износ во други валути.

Ако претходно сте додале паричен износ на средствата на Вашата WIZZ сметка и рокот на средствата истекол, поднесете жалба преку нашиот образец за жалби за да Ви се надоместат истечените средства.

Прочитајте ги Правилата и условите на користење WIZZ сметка.

Wizz сметка - ЧПП

Често поставувани прашања

Frequently asked questions

Можно е да има повеќе регистрации на една адреса на е-пошта, што во вакви случаи го блокираат меѓусебниот пристап. Контактирајте со Центарот за поддршка на Wizz Air и нашите колеги ќе спојат повеќе сметки во една.

Можно е да сте биле најавени и сте ги резервирале Вашите летови со друг профил. Контактирајте со Центарот за поддршка на Wizz Air!

Грешките може да ги поправите со повторно внесување на важните лични детали на Вашиот профил. За таа цел, само најавете се и кликнете на Мој профил. Сите полиња може да се уредуваат, освен името, звањето и адресата на е-пошта. За уредување, кликнете Зачувај за завршување со поправките. Може да контактирате и со Центарот за поддршка на Wizz Air за помош.

Средствата на Вашата WIZZ сметка може да ги дополните со кредитна картичка или со конвертирање поени заработени од кобрендираните кредитни картички на WIZZ. Контактирајте со Центарот за поддршка на Wizz Air за да побарате дополнување. Нашите колеги ќе се погрижат за Вашата регистрација и ќе Ви го дадат бројот на банкарската сметка на WIZZ што Ви е потребен за трансакцијата.

Откако ќе се префрлат средствата, износот ќе се кредитира на состојбата на Вашата WIZZ сметка во рок од два дена/ За тоа ќе добиете известување по е-пошта.

Минималниот износ за дополнување е 300 евра.

Имајте предвид дека поените од кредитните картички може да имаат датуми на истекување, согласно Вашиот договор со издавачот на картичката..

Повторното полнење на WIZZ сметката Ви овозможува да кредитирате пари на Вашата WIZZ сметка. Оваа опција е особено наменета за лицата што често летаат.

Средствата може да ги користите за резервирање седиште или помошна услуга со Wizz Air, а важи и за седиштата на промоција. Откако ќе се регистрирате на Wizzair.com, ќе добиете 10-цифрен број на WIZZ сметка.

За повеќе информации, прочитајте ги Правилата и условите на користење Wizz сметка.