Правила и услови
Ако го купите производот „Седење заедно“, прифаќате и се согласувате дека тековните „Правила и услови“ важат за Вас и патникот во вашата резервација.
1. ТОЛКУВАЊЕ
1.1. Поимите и изразите дефинирани во Општите услови за превоз на Wizz Air го имаат истото значење кога се користат во овие Одредби и услови освен ако не е одредено подолу или контекстот бара поинакво значење.
1.2. Дефиниции „Општи услови на превоз“ се однесува на општите услови на превоз на Wizz Air Hungary Ltd и/или Wizz Air UK Ltd, во зависност од летот за кој е купен производот „Седење заедно“, како што се објавени на веб-страницата и одвреме-навреме дополнувани од соодветен ентитет на Wizz Air.
1.3. ВИЕ или ЛИЦЕ КОЕ РЕЗЕРВИРА се однесува на поединец на возраст од најмалку 18 години коешто резервира во негово/нејзино име и/или во име на други патници и коешто ги презема обврските наведени во Клаузулите 6.1.4 - 6.1.7. од „Општите услови на превоз“.
1.4. Производот „Седење заедно“ или „Седење заедно“ се однесува на нашата услуга што се обезбедува согласно тековните „Правила и услови“, што Ви дава право Вам и на патникот во Вашата резервација на доделување седишта еден до друг по пријавувањето за Вашиот лет.
2. ПРОИЗВОД „СЕДЕЊЕ ЗАЕДНО“
2.1. „Седење заедно“ може да се купи на веб-страницата или преку апликацијата за мобилни уреди на Wizz Air при резервирањето на Вашиот лет, а може и да се додаде на постоечка резервација 4 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. За да се избегнат недоразбирања, „Закажано време на поаѓање“ се однесува на информацијата за времето на поаѓање на летот што сте ја добиле при резервирањето или подоцна, од Wizz Air, поради промени во распоредот. Доцнењата не се сметаат за промена во распоредот. Со други зборови, купувањто на „Седење заедно“ мора да се заврши (односно, плаќањето мора да се заврши) 4 часа пред закажаното време на поаѓање на Вашиот лет.
2.2. „Седење заедно“ може да се купи на следниов начин:
- Производот „Седење заедно“ е достапен за резервации што опфаќаат 2 возрасни патници.
„Седење заедно“ може да се купи само со купување резервација со цена на превоз Basic.- Производот „Седење заедно“ може да се купи при резервирање или да се додаде на постоечка резервација на wizzair.com и на апликацијата за мобилни уреди.
2.3. За „Седење заедно“ се плаќа такса што се плаќа по лет.
2.4. Ако купите „Седење заедно“ за повратен лет, ќе купите и за двата лета.
2.5. Со „Седење заедно“ нема можност да се изберат седишта. Не може да се изберат конкретни седишта при купувањето „Седење заедно“. Седиштата едно до друго ќе Ви се доделат по пријавувањето за летот.
2.6. Седиштата што се доделуваат во рамките на „Седење заедно“ не се премиум седишта. За да се избегнат недоразбирања, седиштата со дополнителен простор за нозете, седиштата во првиот ред и седиштата во предниот дел не се опфатени во производот „Седење заедно“.
2.7. За резервациите со „Седење заедно“, пријавувањето на интернет за летовите е достапно 48 часа пред закажаното поаѓање.
- Ако сте купиле и „Седење заедно“ и „Автоматско пријавување“, доделувањето седишта и пријавувањето за летот ќе се случи 50 часа пред закажаното време на поаѓање на вашиот лет ако сте ги навеле потребните податоци (согласно Клаузулата 2.4. од „Правилата и условите“ на „Автоматско пријавување“).
2.8. Ако ја измените резервацијата, ќе важат следниве правила:
- Во случај на промена на летот, износот што сте го платиле за заеднички седишта за првичната резервација, може да го искористите за да купите седишта за новиот лет. Имајте предвид дека не може да купите заеднички седишта при промена на летот, и нема гаранција дека ќе ви бидат достапни седишта едно до друго на новиот лет.
- Во случај кога платениот износ за заеднички седишта за првичната резервација не важи при купувањето седишта за новиот лет, платените средства нема да ви бидат вратени.
- Во случај на промена на патник (промена на името, родот или типот на патник), нема да има промени во заедничките седишта. Имајте предвид дека ако го смените возрасниот патник за заедничките седишта со дете, платената цена за заедничките седишта нема да ви биде вратена.
2.9. Производот „Седење заедно“ се нуди согласно достапноста.
2.10. Производот „Седење заедно“ е достапен само за резервации преку wizzair.com или апликацијата за мобилни уреди на Wizz Air.
2.11. Производот „Седење заедно“ не е достапен за резервации преку агенција.
2.12. Освен ако е поинаку наведено во задолжителните одредби на дадениот важечки закон, овие „Правила и услови“ се регулираат со законите во Унгарија. Секаков спор меѓу Вас и нас во врска со услугава на кој било начин ќе подлежи на неексклузивната надлежност на судовите на Унгарија. „Неексклузивна надлежност“ значи дека може да поднесете жалба против нас во судска надлежност надвор од судовите на Унгарија.