Патување со новороденчиња и бебиња

Информации и услуги

Wizz Air

Информации и услуги

Патување со новороденчиња и бебиња

travelling_with_children_hepfull_Wizz_services

КОРИСНИ УСЛУГИ НА WIZZ

Бесплатно Приоритетно влегување во авионот ако патувате со новороденче
Безбедна брза лента
Дозволени се претходно спакувани бебешка храна и течности

travelling_with_children_what_to_take_with_you_onboard

ШТО ТРЕБА ДА НОСИТЕ ВО АВИОНОТ

1 пелена за секој час од патувањето
бебешки марамчиња
алишта за промена
резервни цуцли
мали играчки
една бебешка количка на расклопување или мала лулка
може да се носи во авионот бесплатно

За патувањето да Ви го направиме поудобно, собравме неколку корисни совети од родители кои имаат искуство со патување со мали деца.

WIZZ услуги што ќе Ви го олеснат животот

  • дополнителен личен предмет во авионот (40x30x18 cm)
  • приоритетно влегување во авионот за патниците со новороденчиња
  • во авионот може да се носи бебешка количка на расклопување или мала лулка бесплатно
  • изберете седишта така што целото семејство да седи заедно
  • WIZZ Café нуди грицки и пијалаци во авионот
  • изборот во WIZZ Boutique опфаќа боенки, играчки и мали подароци
Бебешките колички може да се носат до вратата или скалите на авионот каде член на нашиот екипаж безбедно ќе ги смести за Вас. Може да си ги земете кога ќе го напуштате авионот. Количките мора да се означат на шалтерот за пријавување или за оставање на багаж. Ако сте се пријавиле на интернет и носите само рачен багаж, количката може да се означи на портата за влегување во авионот.

Хармоники

Понесете седиште за автомобил во авионот!

Ќе треба да купите дополнително седиште по стандардна цена за да може да го сместите седиштето за автомобил во кое бебето може удобно да патува.  

Безбедносни барања на седиштето за автомобил 

  • во авионот може да се носат само седиштата за автомобил свртени наназад за децата
  • мора да има рачка за безбедносно прицврстување со појасот на седиштето на патникот

Од безбедносни причини, јамката на појасот мора да се користи при полетување и слетување и секогаш кога ќе се вклучи знакот за појасот на седиштето. Јамката за појасот ќе Ви ја обезбедат вработените во Wizz Air при влегување во авионот и мора да ја вратите по завршувањето на летот.

Резервирање

Внесете „НОВОРОДЕНЧЕ“ како име на патникот при резервирање на интернет. Презимето на патникот треба да се внесе во полето за презиме.

Ако сте резервирале дополнително седиште, не мора да платите такса за новороденче. Не е дозволено носење дополнителен багаж за новороденче.

Работи што треба да ги носите во авионот

  • Храна и течности за бебето, спакувани согласно правилата за безбедност
  • Нешто за џвакање при полетување и слетување (малечките честопати не знаат како да си ги одзатнат ушите за да се ослободи притисокот)
  • Облека за Вас и за бебето за преслекување
  • Дополнителни цуцли (ако Вашето дете ги користи)
  • Бебешки марамчиња
  • Пелена за секој час од патувањето
  • Мали играчки

Често поставувани прашања

Местото за седиште за автомобил за новороденчето е седиште покрај прозорец. На местото веднаш до седиштето за автомобил за новороденчето мора да седи физички способно лице, на возраст од најмалку 16 години кое ќе биде одговорно за детето во седиштето за автомобил.

Седиштето за автомобил за новороденчето не може да се смести во ред со седишта што се наоѓа или до излез за итни случаи или пак, пред или зад таков ред.

Следните редови не се погодни за седиште за автомобил за новороденче:  

Авион A-320: редови 1, 11, 12, 13 ,14, 30.
Авион A-321: редови 1, 10, 11, 12, 25, 26, 27, 39.

Често поставувани прашања

Вие сносите одговорност за поставување на седиштето за автомобил за Вашето новороденче. Екипажот на WIZZ во авионот ќе ви го покаже седиштето што е најпогодно за поставување на седиштето за автомобил и визуелно ќе провери дали седиштето за автомобил за новороденчето е одобрено и правилно поставено за користење во авионот.