Истражете ги Вашите можности за патување

Лесно организирајте го целиот Ваш одмор

Информации и услуги

Поврат на средства и компензации

Up to 2 weeks

До 2 седмици

ТАКСА ВО ИЗНОС ОД [cancellation location=CallCentre]
Откажете ја Вашата резервација најдоцна 14 дена пред поаѓањето и ќе треба да ја платите само таксата за откажување за да добиете поврат на средствата.

within 2 weeks

Во рок од 2 седмици

ТАКСА ВО ИЗНОС ОД [seat-protection location=CallCentre] +УСЛУГИ
Ако откажете во рок од 14 дена од поаѓањето на Вашиот лет, ќе треба да платите повисока такса и нема да може да добиете поврат на износот што сте го платиле за купените услуги.

Очекувате промени? Купете WIZZ Flex

Купувањето WIZZ Flex ќе ви овозможи да ги променувате датумот, времето и маршрутата на летот на интернет колку пати сакате.

Дознајте повеќе за WIZZ Flex

Хармоники

Најдоцна 14 дена пред летот

Откажете ја Вашата резервација најдоцна 14 дена пред поаѓањето на летот со плаќање такса за откажување во износ од [cancellation location=CallCentre] и добијте поврат на средствата. Постојат неколку начини за откажување на резервацијата:

Во рок од 14 дена од летот

Откажете ја резервацијата во рок од 14 дена пред летот и добијте целосен поврат на средствата откако ќе ја платите таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште во износ од [seat-protection location=CallCentre].

Може да го откажете летот со WIZZ Flex и да побарате поврат на платените средства, што ќе Ви се кредитира на Вашата WIZZ сметка, најдоцна 3 часа пред времето на поаѓање на Вашиот појдовен лет: 

• на страницата за преглед на летот 

• преку Центарот за поддршка на Wizz Air  

• на шалтерите на аеродромот

Ако сте купиле билет со Plus цена на превоз или пак, имате резервација со WIZZ Flex, може да побарате поврат на средствата што сте ги платиле. Платениот износ за Вашата резервација ќе се врати како кредит на Вашата WIZZ сметка.

Имајте предвид дека платениот износ за услугата WIZZ Flex нема да се врати на Вашата WIZZ сметка и нејзината вредност ќе се одземе од вкупниот платен износ.

Видете ги Правилата и условите за услугата WIZZ Flex во целост. 

Вратениот износ на Вашата WIZZ сметка ќе биде достапен за користење во период од 90 дена за купување летови и услуги на Wizz Air.

Ако се побара поврат на средства на WIZZ сметка, сите летови за сите патници опфатени во резервацијата ќе се откажат и ќе станат неважечки.

Кога станува збор за резервации што опфаќаат купување членство во WIZZ Discount Club или Privilege Pass, износот платен за членството нема да се врати по откажувањето на летот и ќе важи и понатаму согласно Правилата и условите.

Во случај на откажување на летот, имате неколку опции согласно Регулативата (EC) бр. 261/2004 („Регулативата“) што ги поставува општите правила на компензација и помош на патниците во случај на одбивање влез во авионот, откажување или значително доцнење на летовите.

  1. Повторно ќе Ви резервираме лет со Wizz Air или со друга авиокомпанија со слични превозни услови до Вашата конечна дестинација што е можно поскоро, зависно од достапноста на седишта.
  2. Ќе Ви го вратиме вкупниот износ што сте го платиле за откажаниот лет, заедно со, ако сте резервирале, повратниот лет.
  3. Ќе ја кредитираме целосната вредност на износот што сте го платиле за откажаниот лет, плус 20% од од платената цена на превоз за откажаниот лет (како и за повратниот лет, ако го има) на Вашата WIZZ сметка. Кредитот може да се употреби за секој лет со Wizz Air.

Освен гореспоменатите опции, ќе Ви овозможиме и два телефонски повици (наместо тоа, може да изберете телекс, факс или е-пошта) бесплатно или пак, кога не е изводливо Wizz Air да Ви обезбеди такви можности, ќе Ви ги надоместиме трошоците за таквата комуникација.

Во случај на пренасочување, ако времето на поаѓање на новиот лет е денот по првично планираниот датум на поаѓање на откажаниот лет, ќе Ви обезбедиме хотелско сместување и превоз меѓу аеродромот и местото на сместување, бесплатно. Во ситуациите кога не е изводливо Wizz Air да Ви го обезбеди сето тоа, ќе Ви ги надоместиме трошоците за храна, хотелско сместување и превоз меѓу аеродромот и местото на сместување.

Имајте предвид дека враќањето на средствата за трошоците за помошта наведена погоре важи до разумен износ и притоа треба да се приложат фактури како доказ.

Покрај тоа, Wizz Air ќе Ви исплати компензација согласно член 7 од Регулативата:

Износ

Растојание

Белешка

250 евра

1500 km или помалку

Ако Ви понудат нов лет и времето на пристигнување не го надминува закажаното време на пристигнување на Вашиот резервиран лет повеќе од 2 часа, овој износ ќе се намали за 50%

400 евра

меѓу 1500 и 3500 km

Ако Ви понудат нов лет и времето на пристигнување не го надминува закажаното време на пристигнување на Вашиот резервиран лет повеќе од 3 часа, овој износ ќе се намали за 50%

600 евра

 преку 3500 km

Ако Ви понудат нов лет и времето на пристигнување не го надминува закажаното време на пристигнување на Вашиот резервиран лет повеќе од 4 часа, овој износ ќе се намали за 50%

Гореспоменатата компензација нема да се исплати ако сте добиле известување за откажувањето:

  • две седмици пред Закажаното време на поаѓање (ЗВПо);
  • меѓу 2 седмици и 7 дена пред ЗВПо и Ви понудат друг лет со Wizz Air со време на поаѓање најмногу два часа пред ЗВПо, а времето на пристигнување е најмногу четири часа по Закажаното време на пристигнување (ЗВПр);
  • помалку од 7 дена пред ЗВПо и Ви понудат друг лет со Wizz Air со време на поаѓање најмногу еден час пред ЗВПо, а времето на пристигнување е најмногу два часа по Закажаното време на пристигнување (ЗВПр).

Имајте предвид дена не сме обврзани да Ви исплатиме компензација ако откажувањето настанало како последица на вонредни околности што не можело да се избегнат дури и ако се применеле разумни мерки.

Вонредни околности може да бидат, но не се ограничени на, следните причини: контрола на воздушен сообраќај, временски непогоди, индустриски дејства (освен индустриски дејства на вработените во Wizz Air), предупредување за терористички напад или безбедносни причини, затворање аеродром или писта, граѓански немири, природни катастрофи или причини поврзани со безбедноста на летот.

Секој од случаите ќе се разгледува посебно за да се утврди дали постојат неизбежни вонредни околности.

Ако имате поплаки поврзани со остварувањето на Вашите права согласно Регулативата, може да контактирате со Националното тело за спроведување одговорно за Вашето место на поаѓање (http://apr.europa.eu).

Во случај на откажување на летот, имате неколку опции согласно Регулативата (EC) бр. 261/2004 („Регулативата“) што ги поставува општите правила на компензација и помош на патниците во случај на одбивање влез во авионот, откажување или значително доцнење на летовите.

РАСТОЈАНИЕ

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОЦНЕЊЕТО

ОБЕЗБЕДЕНА ПОМОШ ЗА СЕКОЈ ПАТНИК ШТО КУПИЛ БИЛЕТ

1500 km или помалку

2 часа или повеќе

  • пијалак и оброк во вредност соодветна на доцнењето
  • два телефонски повика или пак, телекс, факс или е-пошта (во ситуациите кога не е изводливо Wizz Air да Ви ги обезбеди овие можности, ќе ги покриеме Вашите трошоци до разумен износ, при што ќе треба да се приложат фактури како доказ)

1500-3500 km

3 часа или повеќе

3500 km или повеќе

4 часа или повеќе

Ако Вашиот лет доцни најмалку 5 часа, може да изберете една од следните опции (заедно со горенаведената помош):

  • ќе ја откажеме Вашата резервација и ќе Ви го вратиме целиот износ што сте го платиле за откажаниот лет по цената на купување, за деловите од патувањето што не сте ги поминале и за деловите од патувањето што веќе сте ги поминале, ако се утврди дека летот веќе нема цел за Вас во однос на првичниот план на патување, заедно со, ако може да се примени (односно, во случај на поврзани летови)
  • ќе Ви резервираме повратен лет со Wizz Air или друга авиокомпанија со слични превозни услови до Вашата прва точка на поаѓање што е можно поскоро, зависно од достапноста на седишта. За детали околу други летови и/или копнен превоз, контактирајте со Шалтерот за информации на аеродромот.
  • Ќе ја откажеме Вашата резервација и ќе ја кредитираме целосната вредност на износот што сте го платиле за дадениот лет, плус 20% од од платената цена на превоз на Вашата WIZZ сметка. Кредитот може да се употреби за секој лет со Wizz Air.

Ако како резултат на предолгото доцнење, времето на поаѓање на летот што доцни е денот по првично планираниот датум на поаѓање, ќе Ви обезбедиме хотелско сместување и превоз меѓу аеродромот и местото на сместување, бесплатно. Во ситуациите кога не е изводливо Wizz Air да Ви го обезбеди сето тоа, ќе Ви ги надоместиме трошоците за хотелско сместување и превоз меѓу аеродромот и местото на сместување до разумен износ, при што ќе треба да се приложат фактури како доказ.

Согласно член 7 во Регулативата, патниците чии летови доцнат повеќе од три часа по времето на пристигнување имаат право на компензација, освен ако доцнењето настанало како последица на вонредни околности што не можело да се избегнат дури и ако се применеле разумни мерки.

Ако имате поплаки поврзани со остварувањето на Вашите права согласно Регулативата, може да контактирате со Националното тело за спроведување одговорно за Вашето место на поаѓање (http://apr.europa.eu).

Во случај на одбивање влез во авионот, имате неколку опции согласно Регулативата (EC) бр. 261/2004 на Европскиот Парламент и Советот од 11 февруари 2004, што ги поставува општите правила на компензација и помош на патниците во случај на одбивање влез во авионот, откажување или значително доцнење на летовите.

Ако се откажете од резервацијата во замена за погодностите како волонтер, може да изберете една од следните опции (заедно со погодностите договорени со Wizz Air):

  1. а) Пренасочување на лет со Wizz Air или друга авиокомпанија со слични превозни услови до Вашата крајна дестинација, што зависи од достапноста на седишта.
  2. б) Враќање на целиот износ што сте го платиле за откажаниот лет по цената на купување, за деловите од патувањето што не сте ги поминале и за деловите од патувањето што веќе сте ги поминале, ако се утврди дека летот веќе нема цел за Вас во однос на првичниот план на патување, заедно со, ако може да се примени (односно, во случај на поврзани летови), резервирање повратен лет со Wizz Air или друга авиокомпанија со слични превозни услови до Вашата прва точка на поаѓање што е можно поскоро, зависно од достапноста на седишта.
  3. в) Кредитирање на целосната вредност на износот што сте го платиле за сите правци на летот, плус 20% од платената цена на превоз. Кредитот може да се употреби за секој лет со Wizz Air.

Ако бројот на доброволци е недоволен и екипажот на Wizz Air одбил да влезете во авионот спротивно на Вашите желби и без никаква друга причина, ќе Ви се обезбеди помош заедно со горенаведеното, согласно следното:

  1. а) Обезбедуваме ваучери за пијалак/оброк во вредност соодветна на времето на чекање.
  2. б) Нудиме два телефонски повици, пораки по телекс или факс или е-пошта бесплатно, или пак, кога не е изводливо Wizz Air да Ви обезбеди такви можности, ќе Ви ги надоместиме трошоците за таквата комуникација.
  3. в) Во случај на пренасочување, ако времето на поаѓање на новиот лет е денот по првично планираниот датум на поаѓање на откажаниот лет, ќе Ви обезбедиме хотелско сместување и превоз меѓу аеродромот и местото на сместување, бесплатно. Во ситуациите кога не е изводливо Wizz Air да Ви го обезбеди сето тоа, ќе Ви ги надоместиме трошоците за храна, хотелско сместување и превоз меѓу аеродромот и местото на сместување.

Враќањето на средствата за трошоците за помошта наведена погоре важи до разумен износ и притоа треба да се приложат фактури како доказ.

Покрај тоа, Wizz Air ќе Ви исплати компензација согласно член 7 од Регулативата:

Износ

Растојание

Белешка

250 евра

1500 km или помалку

Ако Ви понудат нов лет и времето на пристигнување не го надминува закажаното време на пристигнување на Вашиот резервиран лет повеќе од 2 часа, овој износ ќе се намали за 50%

400 евра

меѓу 1500 и 3500 km

Ако Ви понудат нов лет и времето на пристигнување не го надминува закажаното време на пристигнување на Вашиот резервиран лет повеќе од 3 часа, овој износ ќе се намали за 50%

600 евра

преку 3500 km

Ако Ви понудат нов лет и времето на пристигнување не го надминува закажаното време на пристигнување на Вашиот резервиран лет повеќе од 4 часа, овој износ ќе се намали за 50%

Ако имате поплаки поврзани со спроведувањето на Вашите права согласно Регулативата, може да контактирате со Националното тело за спроведување одговорно за Вашето место на поаѓање (http://apr.europa.eu).

Во случај на смрт на член на потесното семејство (мајка, татко, сопруга, сопруг, животен партнер, сестра, брат, дедо или баба, син, ќерка, внук, внука) во период од 30 дена пред датумот на поаѓање, може да побарате поврат на платениот износ со поднесување жалба. Треба да доставите умреница во рок од 7 дена од поднесувањето на образецот за жалба.

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Пополнете го образецот за жалби и внимателно изберете ја соодветната категорија.

Ќе добиете единствен ID. Секогаш повикувајте се на него. Ќе се потрудиме да го обработиме Вашето барање што е можно побргу. Сигурно ќе добиете одговор од нас во рок од 30 дена.

Ќе контактираме со Вас за да Ве информираме за промените и можностите по е-пошта, при што ќе ја користиме адресата што сте ја навеле во текот на резервирањето.

Проверете ги поставките за филтрирање во Вашата е-пошта и сите поштенски сандачиња за да бидете сигурни дека нема да пропуштите важни известувања. Може да ги следите и информациите што се објавуваат на нашата веб-страница во „Статус на лет“.