Верзијата на Вашиот прелистувач е многу стара
Верзијава на Вашиот прелистувач не е поддржана!
Страницава ја гледате затоа што откривме застарена или неподдржана верзија на прелистувачот. За да продолжите со прелистување на wizzair.com и притоа, тоа да биде најдобро искуство, препорачуваме да го ажурирате Вашиот прелистувач.
Ги препорачуваме следниве прелистувачи:
Mozilla Firefox
Преземете бесплатно
Google Chrome
Преземете бесплатно

Информации и услуги

Патување со новороденчиња и бебиња

travelling_with_children_hepfull_Wizz_services

КОРИСНИ УСЛУГИ НА WIZZ

Бесплатно приоритетно влегување во авионот ако патувате со новороденче*

Безбедна брза лента

Дозволени се претходно спакувани бебешка храна и течности

 

Foldable baby stroller

ШТО ТРЕБА ДА НОСИТЕ ВО АВИОНОТ

пеленаза секој час од патувањето

бебешкимарамчиња

облеказа преслекување

резервницуцли

мали играчки

бебешка количка на расклопување што може да ја туркате до вратата на авионот (по „авионски мост“) или до подвижните скали (ќе се смести во складот на авионот)

 

Хармоники

Носете седиште за автомобил во авионот!

Ќе треба да купите дополнително седиште по стандардна цена за да може да го сместите седиштето за автомобил во кое бебето може удобно да патува.

Безбедносни барања на седиштето за автомобил

  • во авионот може да се носат само седиштата за автомобил свртени наназад за децата
  • мора да има рачка за безбедносно прицврстување со појасот на седиштето на патникот

Од безбедносни причини, јамката на појасот мора да се користи при полетување и слетување и секогаш кога ќе се вклучи знакот за појасот на седиштето. Јамката за појасот ќе Ви ја обезбедат вработените во Wizz Air при влегување во авионот и мора да ја вратите по завршувањето на летот.

Резервирање

Внесете „НОВОРОДЕНЧЕ“ како име на патникот при резервирање на интернет. Презимето на патникот треба да се внесе во полето за презиме.

Ако сте резервирале дополнително седиште, не мора да платите такса за новороденче. Не е дозволено носење дополнителен багаж за новороденче.

Работи што треба да ги носите во авионот

  • храна и течности за бебето, спакувани согласно правилата за безбедност
  • нешто за џвакање при полетување и слетување (малечките честопати не знаат како да си ги одзатнат ушите за да се ослободи притисокот)
  • облека за Вас и за бебето за преслекување
  • резервни цуцли (ако Вашето дете ги користи)
  • бебешки марамчиња
  • пелена за секој час од патувањето
  • мали играчки

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Местото за седиште за автомобил за новороденчето е седиште покрај прозорец. На местото веднаш до седиштето за автомобил за новороденчето мора да седи физички способно лице, на возраст од најмалку 16 години кое ќе биде одговорно за детето во седиштето за автомобил.

Седиште за автомобил за новороденче не може да се смести во редовите со излези за итен случај, ниту пак во редот пред или зад редовите со излези за итен случај.

Секогаш следете ги упатствата на кабинскиот екипаж.

Вие сносите одговорност за поставување на седиштето за автомобил за Вашето новороденче. Екипажот на WIZZ во авионот ќе ви го покаже седиштето што е најпогодно за поставување на седиштето за автомобил и визуелно ќе провери дали седиштето за автомобил за новороденчето е одобрено и правилно поставено за користење во авионот.

Приоритетно влегување во авионот со новороденче: 2 возрасни лица, неограничен број деца на 1 бебе

Сите што патуваат со новороденче (на возраст под 2 години) добиваат бесплатно Приоритетно влегување во авионот (2 возрасни лица на едно новороденче). Приоритетното влегување во авионот може да опфати и неограничен број деца што патуваат во истата група.

Според правилата, бебињата мора да седат во скутот на возрасно лице во авионот, што значи дека секое од новороденчињата во авионот мора да биде во придружба на возрасно лице. Освен тоа, секое новороденче што патува во група со услугата „Приоритетно влегување во авионот“ овозможува рано влегување во авионот за 2 возрасни лица во групата. Тоа значи дека семејство со 2 новороденчиња во групата може да опфати 4 возрасни лица во групата за „Приоритетно влегување во авионот“ итн. Соодносов од 1 бебе/2 возрасни лица во заедничка резервација е ограничен само со дозволениот број деца на возраст под 2 години што е дозволено да патуваат во авионот.