Често поставувани прашања
Често поставувани прашања
Апликацијата на Wizz Air е БЕСПЛАТНА!
Апликацијата е достапна на мобилни уреди со Android 4.4 или понова верзија и уреди iPhone со iOS 9.3 или понова верзија.
Со бесплатната апликација може да пристапите до следниве функции:
- резервирање летови на Wizz Airпрегледување постоечки резервациипроверување распореди на летовидодавање услуги на постоечките резервациивршење промени на постоечките резервациипријавувањепреземање карти за влегување во авионот на мобилни уреди ако се прифаќаат на аеродромот на поаѓањеинформирање за статус на летови
- рекламни известувања за информации за летови и најнови промоции
Кога ќе кликнете на врската „Заборавена лозинка“ на екранот за најавување на апликацијата, ќе најдете објаснување за ресетирање на лозинката.
Најлесниот начин да станете член на WIZZ Discount Club е да го започнете Вашиот лет со резервирање преку апликацијата за мобилни уреди. Непосредно по избирањето на летот, ќе се појави известување со покана да се придружите на WIZZ Discount Club. Следете ги следните едноставни чекори за да ги обезбедите Вашата резервација за летот и членството во клубот.
Имајте предвид дека не може да станете член на WIZZ Discount Club без купување лет. За повеќе информации за членството во WIZZ Discount Club, одете на wizzair.com.
Да, може да се пријавите со помош на апликацијата. Ако се пријавите со апликацијата, имате неколку опции за вчитување на Вашата карта за влегување во авионот:
- ако картата за влегување во авионот на мобилен уред е прифатена на аеродромот, може да се користи картата во апликација
- ако имате оперативен систем iOS, картата за влегување во авионот може да ја зачувате и во Wallet*
ако претпочитате стандардна картата за влегување во авионот, може да ја отпечатите од wizzair.com.
Ваша одговорност е да носите употреблива картата за влегување во авионот, независно од тоа дали е во апликацијата, зачувана во Wallet или пак, отпечатена.
Некои од авионите во мрежата на Wizz Air сѐ уште не поддржуваат карти за влегување во авионот на мобилни уреди. Во такви случаи, ако се пријавите преку апликацијата, нема да се генерира карта за влегување во авионот на мобилни уреди. Одете на wizzair.com, најдете ја Вашата резервација и отпечатете ја картата за влегување во авионот.
Да, лесно може да додадете приоритетно влегување во авионот, багаж, спортска опрема, WIZZ Flex, патничко осигурување, пријавување на аеродром, потврда преку SMS и да изберете или да го промените седиштето во текот на резервирањето.
Услуги може да се додадат и на постоечки резервации преку функцијата „Додавање услуги“.
Да, апликацијата може да се користи за купување пријавени торби и опции за пријавување во текот на резервирањето.
Услуги може да се додадат и на постоечки резервации преку функцијата „Додавање услуги“.
Да, ако ја внесете шифрата за потврда на Вашата резервација, може да додадете опции за приоритет и удобност, багаж и пријавување на аеродром на сите постоечки резервации. Опцииве може да ги додадете дури и ако лично не сте резервирале првично. Можно е да се додадат услуги на само една резервација дури и кога постојат повеќе патници со истата шифра за потврда.
Имате право на следново:
- Промена на датумот, времето и маршрутата на летот најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Имајте предвид дека се плаќа дополнителна такса за промена на лет, како и разликата во цените на билетите (ако има).
- Промена на името. Имајте предвид дека се плаќа дополнителна такса за промена на име.
- Откажување на летот. Имајте предвид дека ќе Ве пренасочат на веб-страницата. Се плаќаат такси за откажување
Апликацијата е достапна на следниве јазици: англиски, босански, бугарски, германски, италијански, литвански, македонски, норвешки, полски, романски, руски, српски, украински, унгарски, француски, холандски, шведски и шпански.
Јазикот може да се промени во менито, во „Поставки“.
За Вашата резервација може да платите со кредитна картичка (Visa, Mastercard, Maestro, UATP), ваучер за подарок на WIZZ, кредит на Вашата сметка на WIZZ или банкарска трансакција.
Може да користите ваучер за подарок на WIZZ како начин на плаќање за Вашата резервација за лет во апликацијата со избирање на опцијата за ваучер на екранот за плаќање.
Во моментов не може да купите нови ваучери за подарок во апликацијата.
Да, сопственик сте на Privilege Pass и најавени сте во моментов. Ќе може да уживате во погодностите на Privilege Pass во текот на резервирањето.
Во моментов не може да купите нова Privilege Pass во текот на резервирањето во апликацијата.