Истражете ги Вашите можности за патување

Лесно организирајте го целиот Ваш одмор

Информации и услуги

Како се резервира

АПЛИКАЦИЈА ЗА МОБИЛНИ УРЕДИ

landline_phone

ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА

Броеви во Центарот за поддршка

  Такса за трансакција во Центар за поддршка [callcenter-transaction location=CallCentre]

Хармоники

Откако ќе завршите со резервирањето, ќе добиете шифра за потврда.  Ќе Ви треба за пријавување.

На Вашата адреса на е-пошта ќе добиете план на патување што опфаќа 

  • единствена шифра за потврда
  • број на лет
  • датум и време на патување
  • детали за поаѓање и за дестинација
  • вкупни трошоци

Патниците кои резервирале лет преку туристичка агенција, планот на патување ќе го добијат од туристичкиот агент.

Најевтиниот и најбрз начин на резервирање седиште. Едноставно најдете го Вашиот лет на нашата почетна страница и следете ги чекорите.

Кога ќе треба, пополнете ги потребните информации:

  • детали за патникот
  • информации за контакт
  • информации за плаќање

На крајот, ќе добиете план на патување. 
Мора да имате најмалку 18 години за да резервирате на интернет.

Слично
Преземете ја бесплатната апликација на Wizz Air за мобилни уреди на телефонот за лесно резервирање во движење! Достапна е за Android, iPhone и како апликација на Amazon

Може да се јавите во Центарот за поддршка на Wizz Air на премиум броевите специфични за секоја земја.

Ќе Ви се наплати такса за трансакција во Центарот за поддршка ако резервирате преку Центарот за поддршка на Wizz Air. Таксата за трансакција во Центарот за поддршка е неповратна. Проверете ја таксата тука.

Може да платите на неколку различни начини:

  • со кредитни или дебитни картички (Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro)
  • со банкарска трансакција
  • со средствата на Вашата Wizz сметка
  • со ваучери на WIZZ
Слично
За дополнителни информации околу начините на плаќање, одете на страницата Плаќања !

Цените на нашите еднонасочни летови опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и цената на Вашиот рачен багаж (55x40x23 cm, макс. 10 kg).

Патници превезуваме директно меѓу два града. Не нудиме успуга на поврзување летови, што значи дека ќе треба да се пријавувате со багажот за секој одделен лет.

Ве советуваме да си оставите доволно време меѓу закажаното време на пристигнување на дојдовниот лет и закажаното време на поаѓање на последователниот лет за подигнување на пријавениот багаж и завршување на пријавувањето и безбедносната контрола за Вашиот следен лет..

Информациите за контакт што сте ги навеле при резервирањето можно е да се употребат за испраќање известувања во врска со промени на летот. Потребни ни се следните информации за контакт

  • телефонски број/број на мобилен телефон 
  • адреса на е-пошта

Ако резервацијата ја направил туристички агент кој не навел адреса на е-пошта за патникот, во тој случај за испраќање известувања ќе се користи адресата на е-пошта на туристичкиот агент. Според тоа, известувањата за промени на летот ќе Ви ги проследи туристичкиот агент. 

Wizz Air нема да сноси одговорност за штетите што произлегуваат од случаите во кои наведената адреса на е-пошта и/или телефонскиот број биле неточни или патникот немал пристап до или не ја проверувал редовно наведената адреса на е-пошта или пак, патникот не бил достапен на ниеден од наведените телефонски броеви.

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Се трудиме да ги заштитиме и безбедно да ги складираме Вашите лични податоци, со спречување неовластен пристап, искористување, изменување или бришење. Особено внимание посветуваме на безбедното пренесување на личните и финансиските податоци преку шифрирани канали со најсовремената технологија Secure Socket Layer (SSL).

За сопствениците на VISA и MasterCard нудиме и услуга за безбедност на интернет. Шемите со Безбедносен код, потврдени од VISA и MasterCard, Ви овозможуваат да регистрирате дополнителна лозинка на Вашата кредитна картичка со цел да се спречат неовластени купувања со кредитната картичка.

Ако Вашата банка учествува, при одјавувањето ќе добиете барање за регистрирање за една од шемите. Едноставно следете ги упатствата на интернет за да ја поставите дополнителната лозинка. Некои од банките нудат опција да се регистрирате подоцна, а некои ќе побараат да се регистрирате веднаш откако ќе завршите со трансакцијата на интернет. Наскоро, овие шеми ќе станат задолжителни за сите сопственици на картички. Ако имате прашања, контактирајте директно со издавачот на Вашата картичка.

Wizz Air не работи со поврзани летови и затоа не може да го олесни преносот на патници или нивниот багаж до други летови (независно од тоа дали со нив управува Wizz Air или друга авиокомпанија). Од таа причина, не преземаме одговорност за кои било пропуштени последователни летови.

Ве советуваме да си оставите доволно време меѓу закажаното време на пристигнување на дојдовниот лет и закажаното време на поаѓање на последователниот лет.

Од безбедносни причини, временското ограничување за резервирање е 30 минути. Потоа системот автоматски Ве одјавува. Ако поракава се појави на крајот од процесот на резервирање, контактирајте со Центарот за поддршка на Wizz Air, при што ќе ги наведете датумот на поаѓање и маршрутата за да проверите дали резервацијата е успешно завршена.

Додајте „помл.“ (со значење: помладиот) по презимето на помладиот патник за системот да Ви дозволи да го резервирате летот. Пример: 1. Ристески / Александар; 2. Ристески помл. / Александар.

За сите трансакции што се достапни на интернет, ќе се пресметува дополнителна такса за трансакција во Центарот за помош ако трансакцијата се врши преку Центарот за помош. Таксата за трансакција во Центарот за поддршка е неповратна. 

Исклучоци: Таксата за трансакција во Центарот за помош не важи за следните барања:

  • додавање дете на постоечка  резервација
  • додавање новороденче на постоечка резервација
  • додавање новороденче на одделно седиште (со седиште за автомобил) на постоечка резервација
  • додавање музички инструмент на постоечка резервација
  • променување датум, време и маршрута на летот само за дел од патниците
  • додавање дополнително седиште ако патувате со скршена нога што не може да се витка
  • барање за поддршка „Пречекување и помош“ на постоечка резервација
  • доделување седиште за PRM
  • додавање куче-водич
  • опрема POC
  • корекција на лет
  • корекција на фактура
  • хартиена фактура

Во такви случаи неопходна е промена на името, што може да се направи бесплатно ако се достават патничките документи и венчаницата.

Контактирајте со нас со пополнување Образец за поплаки на нашата веб-страница што е можно поскоро. Ќе Ве контактираме со детали за тоа каде треба да ги испратите потребните документи. Може да поминат до 30 дена за да добиете одговор на Вашата е-пошта. Ако барањето е итно, Ве советуваме да контактирате со Центарот за поддршка на Wizz Air за бесплатна корекција на име.