Истражете ги Вашите можности за патување

Лесно организирајте го целиот Ваш одмор

Информации и услуги

Деца и новороденчиња

infant

0-2 години

цена на превоз за новороденче, патува во скутот на возрасното лице

14y

2-14 години

цена на превоз за возрасно лице, патува со возрасно лице

15y

15 години

цена на превоз за возрасно лице, може да патува самостојно

16y

Повеќе од 16 години

се смета за возрасно лице, може да придружува најмногу 10 деца

Хармоники

Такси

 

Новороденчињата на возраст до 2 години може да патуваат во скутот на возрасното лице што ги придружува, за такса од [infant location=AllNotShown] по еднонасочен лет.

  • ако цената на превоз за еднонасочниот лет на возрасното лице кое го придружува новороденчето е пониска од 27 евра, таксата за новороденче ќе биде иста како цената на превоз за еднонасочниот лет
  • ако ја платите таксата преку Центарот за поддршка на Wizz Air за трансакцијата ќе Ви се наплати дополнителна такса за трансакција преку Центарот за поддршка
  • ако во резервациојата се додаде новороденче, при резервирање на интернет, освен такса за новороденче, нема да се наплати ниту данок ниту такса за резервација

Услови

  • само едно новороденче може да патува во скутот на едно возрасно лице во придружба
  • наместо дозволениот багаж, може да се носи детска колична бесплатно
  • седиштата за автомобил за новороденчиња може да се носат во авионот ако се купи дополнително седиште
  • новороденчињата треба да бидат на возраст под 2 години на датумот и на појдовниот и на дојдовниот лет
  • малолетните државјани на Украина и Русија треба да исполнуваат специјални барања

Деца на возраст под 14 години може да патуваат само во придружба на возрасно лице.

  • возрасното лице мора да биде на возраст од најмалку 16 години  
  • треба да преземе целосна одговорност за детето
  • едно возрасно лице може да придружува група од 10 деца
  • децата на возраст над 14 години може да патуваат сами
  • децата на возраст од 14 и 15 години може да патуваат без придружба, но не може да бидат одговорни за друго дете

Како се резервира

  • за децата на возраст меѓу 2 и 14 години се резервира како за деца, но им треба засебно седиште и ја плаќаат цената на превоз како за возрасен
  • детето и возрасното лице кое го придружува мора да патуваат со истата резервација

Семејствата може да искористат некои услуги на WIZZпогодни за семејства, како што се WIZZ Discount Club и Приоритетно влегување во авионот за да заштедат време, пари и патувањето да си го направат поинтересно!

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Новороденчињата на возраст до 2 години може да патуваат за такса за новороденче во скутот на возрасното лице што ги придружува. Сепак, ако цената на билетот за еднонасочниот лет на возрасното лице кое го придружува новороденчето е пониска од тековните такси, истиот износ ќе се примени за таксата за новороденче. Едно лице може да придружува само едно новороденче. Децата на возраст над 2 години не е дозволено да патуваат во скутот на возрасното лице што ги придружува. Таксата за новороденче може да се плати на интернет при резервирањето или преку Центарот за поддршка на Wizz Air.

За повеќе информации, посетете ја страницата Деца и новороденчиња.

Ако детето наполни 2 години по поаѓањето, а пред повратниот лет, мора да се купи седиште и во такви случаи, треба да се направат одделни резервации - една за појдовниот, а друга за повратниот лет.

Возрасното лице кое патува со новороденчето има право да носи дополнителен личен предмет за новороденчето во авионот, заедно со кабинската торба. Дополнителниот личен предмет не смее да биде поголем од 40x30x18 cm.

Освен дополнителниот личен предмет, патниците со новороденчиња може бесплатно да носат и детска количка или бебешка количка на расклопување. И еден од овие предмети за мали деца може бесплатно да се носи во авионот.

Имајте предвид дека детските и инвалидските колички мора да се пријават со останатиот багаж и ќе се превезуваат бесплатно само ако патува и корисникот на опремата. Сепак, ако не патува новороденче или дете, сите овие предмети ќе се превезуваат како пријавен багаж за дополнителна такса.

Децата на возраст под 14 години може да патуваат само во придружба на возрасно лице кое има најмалку 16 години и ќе преземе целосна одговорност за детето.

Имајте предвид дека важат посебни услови за државјани на Романија на возраст под 18 години. Повеќе детали околу тоа може да прочитате на страницата Патнички документи.

Во авионот може да носите седиште за автомобил за новороденче што гледа наназад со внатрешен појас на седиштето ако сте купиле дополнително седиште на летот. Седиштето за автомобил мора да има рачка за безбедносно прицврстување со појасот на седиштето на патникот.

Дополнителното седиште може да се купи по стандардната цена во моментот на резервирањето на интернет или ако резервацијата веќе е завршена и потврдена преку Центарот за поддршка на Wizz Air. Во случајов нема да се наплати такса за трансакција преку Центарот за поддршка.

Ако дополнителното седиште го резервирате на интернет, внесете ја шифрата „НОВОРОДЕНЧЕ“ во полето за име на патникот. Презимето на патникот треба да се внесе во полето за презиме. Ако сте резервирале на интернет, контактирајте и со Центарот за поддршка на Wizz Air и наведете го целото име на новороденчето и потврдете дека ќе патува во седиште за автомобил.

Ако сте резервирале дополнително седиште, не важат дополнителниот дозволен багаж за новороденчиња и таксата за новороденче.