Променување на Вашата резервација

Информации и услуги

Wizz Air

Информации и услуги

Променување на резервацијата

Have a break and travel

ПРОМЕНА НА ЛЕТОТ

Такса за промена [flightchange location=WizzairCom]
+ разлика во цените на превоз

billing_as_company

ПРОМЕНА НА ПАТНИК

[name-change location=WizzairCom] на интернет
 

seat_allocation_assigned

ПРОМЕНА НА УСЛУГА

Променете или купете дополнителни услуги дури и откако сте се пријавиле на интернет!

Променете ја Вашата резервација најдоцна 3 часа пред поаѓањето на летот на страницата со преглед на Вашиот лет на интернет !

Хармоники

 

Променете ги датумот, времето и маршрутата на летот за одредена такса и со плаќање на разликата во цените на превоз најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот:

  • на страницата со преглед на Вашиот лет
  • преку туристичките агенти  
  • на шалтерите на аеродромот
  • преку Центарот за поддршка

 

Таксата за промена на летот изнесува [flightchange location=WizzairCom] по патник по лет, заедно со разликата во цените на превоз.

Ако достапната цена на превоз или важечките даноци, такси или давачки се пониски за новиот лет, ќе се врати само износот на разликата од пониските даноци.

Имајте предвид дека ако побарате промена на лет преку Центарот за поддршка на Wizz Air, ќе Ви се наплати такса за трансакција преку Центарот за поддршка.

Ако сакате да ги промените датумот, времето или маршрутата на летот само за некои од патниците во резервацијата, ќе треба да контактирате со Центарот за поддршка за помош. Во случајов, не се наплаќа такса за трансакција преку Центарот за поддршка.

Променете го името на патникот на интернет најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање!

Ќе треба да платите такса за промена на име во износ од [name-change location=WizzairCom] за секоја насока на Вашиот лет:

 

Имајте предвид дека ако побарате промена на лет преку Центарот за поддршка на Wizz Air, ќе Ви се наплати такса за трансакција преку Центарот за поддршка.

Промената на име е бесплатна на интернет ако треба да се поправи погрешно напишано име или печатна грешка:

  • ако треба да се променат најмногу 3 знаци во името додадено во резервацијата
  • ако треба да се промени скратено име (на пр., Иван А. Ристески) во цело име (на пр., Иван Александар Ристески) со цел да се поклопи со името во патничкиот документ 
  • ако треба да се смени полот (звањето) на името додадено во резервацијата

 

Може да се изврши само една бесплатна поправка на име во резервацијата.


Променете или купете дополнителни услуги дури и откако сте се пријавиле на интернет!

Ако сте додале Приоритетно влегување во авионот или сте го промениле седиштето,

  • отпечатете ја картата за влегување во авионот повторно
    или
  • одете на шалтерот за пријавување на аеродромот за да Ви издадат налепница на која ќе бидат наведени промените на оригиналната карта за влегување во авионот

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Може да ја промените резервацијата и да купите дополнителни услуги дури и откако ќе се пријавите на интернет. Ако сте купиле Приоритетно влегување во авионот или сте го промениле седиштето, отпечатете ја новата карта за влегување во авионот или посетете го шалтерот за пријавување на аеродромот со старата карта за влегување во авионот за да добиете налепница на која ќе бидат наведени промените.

Можно е и да се променат датумите, времињата, дестинациите и имињата на патниците на интернет или преку Центарот за поддршка на Wizz Air најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање со плаќање такса за промена. Ако сте го промениле летот или името откако сте се пријавиле на интернет, ќе треба да ја отпечатите картата за влегување во авионот повторно.

Ако сте купиле Plus цена на превоз или услуга WIZZ Flex за Вашата резервација, може да ја откажете резервацијата и платениот износ за билетот да Ви се врати на Вашата WIZZ сметка. Прочитајте повеќе за поврат на платените средства од летовите тука.

 

Поправете ја грешката за да се избегнат недоразбирања на аеродромот. Поправката може да ја извршите на интернет преку опцијата за промена на име на страницата со планот на патување. Имајте предвид дека само Вие може да направите само една бесплатна промена на име по резервација.


Само патниците кои купиле Plus цена на превоз или услуга WIZZ Flex за својата резервација, може да ги откажат своите резервации.

Откажувањата може да се направат најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на Вашиот појдовен лет, а платените средства од билетот ќе се вратат на Вашата WIZZ сметка. Имајте предвид дека платениот износ за услугата WIZZ Flex ќе се одземе од вкупниот платен износ и не може да се врати. Ако се побара поврат на средства на WIZZ сметка, сите летови за сите патници во резервацијата ќе станат неважечки. Вратениот износ на Вашата WIZZ сметка ќе биде достапен во период од 3 месеци и може да се употреби за купување летови и услуги на Wizz Air. Ако се откажат резервации што опфаќаат членство во WIZZ Discount Club или пак, членство во Privilege Pass, платените средства за членството нема да се вратат. Иако резервацијата е откажана, членството важи согласно соодветните Правила и услови.

За жал, тоа не е можно. Ќе треба одново да резервирате. 

Може да се додаде новороденче или дете на веќе постојна резервација.

Контактирајте со Центарот за поддршка на Wizz Air за помош. Нема да се наплати такса за трансакција преку Центарот за поддршка.

 

Делумна промена на летот не е можна на интернет за резервации со 2 или повеќе патници. Затоа, контактирајте со Центарот за поддршка на Wizz Air за помош. Нема да се наплати такса за трансакција преку Центарот за поддршка. 

Дополнителни услуги во резервацијата може да се додадат на страницата со Вашиот план на патување. Еве како може да стигнете до страницата со Вашиот план на патување:

  • кликнете на копчето Пријавување и резервации во горниот десен агол на страницата
  • внесете го Вашето име и шифрата за потврда (што ја добивте по е-пошта по резервирањето)
  • притиснете го копчето Пребарување
  • освен тоа, може да се најавите со Вашата WIZZ сметка

услуги на WIZZ може да се купат најдоцна 3 часа пред времето на поаѓање.

Имајте предвид дека патничкото осигурување и автобускиот превоз ги обезбедува трета страна, па ваквите услуги може да се купат најдоцна 3 дена пред датумот на поаѓање. Достапна е опција за потврда преку SMS ако е наведен број на мобилен телефон при резервирањето.