Информации за компанијата

Информации и услуги

Wizz Air

Информации и услуги

Информации за компанијата

Кратка, но богата историја

Во јуни 2003 се направи планот за основање на Wizz Air, кога шест луѓе со огромна стручност во областа на воздухопловството и други успешни приказни се здружија со Јожеф Варади (József Váradi), Извршниот директор на компанијата. По само три месеци, Wizz Air стана регистрирана компанија подготвена за летање.

Првиот авион полета на 19 мај 2004 од Катовице. Денес Wizz Air нуди преку 420 маршрути од 25 бази во регионот: Гдањск, Лублин, Познањ, Катовице, Варшава и Вроцлав во Полска; Будимпешта и Дебрецин во Унгарија; Софија во Бугарија; Букурешт, Клуж-Напока, Тиргу Муреш, Јаши, Сибиу, Крајова и Темишвар во Романија; Киев во Украина, Прага во Република Чешка, Белград во Србија, Вилнус во Литванија, Скопје во Македонија, Рига во Латвија, Тузла во Босна и Херцеговина; Кутаиси во Грузија и Кошице во Словачка.

По една деценија стабилен раст, стана најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа. Wizz Air успешно заврши почетна јавна понуда на хартии од вредност на 25 февруари 2015 и доби место на Лондонската берза. На Лондонската берза, компанијата сега се води под тикерот WIZZ и брои повеќе од 2500 вработени.

На својата единаесетта годишнина во мај 2015, WIZZ најави целосно подмладување на брендот и нов изглед на авионите со цел да одговори на барањата на напредните патници, истовремено заземајќи го своето место меѓу главните авиокомпании во Европа. WIZZ се префрли на пожив, свеж, софистициран изглед и чувство. Неколку од иницијативите воведени заедно со иницијативата за брендирањето, меѓу другото, опфаќаат доделување седишта, приоритетно влегување во авионот и подобрен систем за издавање билети. 

Во 2016, Wizz Air го доби признанието „Авиокомпанија од вредност на годината“ од Air Transport World, водечко списание во индустријата. 

Понуда на услуги

Wizz Air е авиокомпанија насочена кон вредност и фокусирана на иновации во текот на целото патување на корисниците. Целта ни е летањето да го направиме пристапно за луѓето од ЦИЕ, а и да обезбедиме нови патувачки искуства за патниците од ЕУ.

Ги воведовме и најновите технологии за да бидеме сигурни дека „искуството со Wizz Air“ е исклучително и во однос на услугата и во однос на вредноста за парите. Нудиме едноставен модел на услуга: патување без билет, употреба на споредни аеродроми што заштедува пари и време, конфигурација од кожени седишта во една класа и кетеринг на барање со доплата.

Нашите авиони, најдобри во својата класа, се направени по најнова технологија од некои од најугледните компании, како што е Lufthansa Technik. Тоа овозможува компанијата да достигнува постојано високи стандарди на услуги за патниците.

Аеродроми и мрежа

Wizz Air постојано бара можности за проширување на својата мрежа на дестинации и за обезбедување евтин авионски превоз. Wizz Air се стреми да ја постигне најниската основна цена во регионот на Централна и Источна Европа, а изборот на аеродромот има клучно влијание. Токму затоа соработуваме со голем број главни, споредни и регионални аеродроми што нудат пријатна и брза услуга на корисниците за ниски цени, а тоа се гледа од цените на билетите на WIZZ. Постојано сме во преговори за создавање мрежа на соработка со повеќе аеродроми.

Луѓе

Сметаме дека луѓето ја прават целата разлика. Нашиот тим, и во авионот и на тлото, ја дели истата страст: страста за воздухопловниот бизнис. Тимот на Wizz Air верува во високи етички стандарди поттикнати од одличниот пристап на тимски играчи. Нашата авиокомпанија вработува посветен персонал од различни земји ширум Европа. Благодарение на посветениот, професионалниот и мултикултурниот управувачки тим, водството и мотивацијата е движечката сила и клучниот фактор за успех во начинот на водење бизнис на WIZZ. 

Флотата на Wizz Air

Wizz Air располага со нова флота од еден тип Airbus од фамилијата на A320 што опфаќа A320s и A321ceo. Wizz Air го доби својот прв авион A321ceo во ноември 2015 и ќе добие уште преку 20 авиони во текот на 2018.

Wizz Air има нарачано и 110 авиони Airbus A321neo по нова технологија со напредни системи и мотори што дополнително ќе ги намали основните трошоци на Wizz Air како водач во индустријата, како и јаглеродниот отпечаток на компанијата. Сите нови авиони ќе дојдат со т.н „Sharklets“, што се уреди вметнати во крилцата.