Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

myWizz
myWizz
Пријавување
ДОДАЈ БАГАЖ
Најди резервации

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

Чекирање

Чекирање и качување

Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Унгарија:

Пријавувањето започнува 2 часа и завршува 40 минути пред поаѓањето, согласно распоредот на аеродромот на местото на поаѓање. Доколку не успеете (а) да ги завршите постапките на пријавување до крајниот рок за пријавување или (б) навремено да се појавите на пријавницата или на портата за качување во авион од која било причина, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви биде забрането. Вкупната цена ќе ви биде надоместена, откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. Препорачуваме да купите осигурување што ќе покрива загуби, кои поради која било причина, настанале поради ваша спреченост за патување или за пристигнување на пријавувањето на аеродром во дадениот рок.

Патниците со посебни барања или посебни потреби треба да се присутни кај пријавувањето два часа пред закажаното време на поаѓање. Во спротивно можеби нема да можеме навремено да ја завршиме процедурата на пријавување за тој патник.

Доколку со вашиот лет управува Wizz Air Украина:

Пријавувањето започнува 2 часа и завршува 40 минути пред поаѓањето, согласно распоредот на аеродромот на местото на поаѓање. Доколку не успеете (а) да ги завршите постапките на пријавување до крајниот рок за пријавување или (б) навремено да се појавите на пријавницата или на портата за качување во авион од која било причина, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви биде забрането, без право на надоместок, освен во услови посебно напоменати во законот на Украина или во Општите услови на превоз за патници и багаж.

Патниците со посебни барања или посебни потреби треба да се присутни кај пријавувањето два часа пред закажаното време на поаѓање. Во спротивно можеби нема да можеме навремено да ја завршиме процедурата на пријавување за тој патник.

Кликнете тука за да се пријавите на интернет

Пријавување преку интернет

Како дел од залагањето за намалување на цените и нудење поевтини карти на патниците,Wizz Air има опции за бесплатно чекирање на интернет за летовите на Wizz Air Hungary и Wizz Air Ukraine. Пријавувањето на аеродром купено во моментот на резервирање ќе чини 10 EUR, а доколку се купи на аеродром на денот на поаѓање ќе чини 30 EUR.

Доколку изберете пријавување преку интернет мора да ја испечатите картата за влез во авион и да ја покажете на портата за качување во авионот заедно со важечките патнички документи (пасош или карта за национален идентитет). Доколку немате патнички документи од ЕУ, мора да се појавите на шалтерот за пријавување за да ви ги проверат документите и да ви стават пасош во картата за влез во авион, пред да продолжите кон портата за качување во авион. Доколку патувате со чекиран багаж за во склад мора да се појавите на шалтерот за оставање багаж, не подоцна од 40 минути пред поаѓањето на летот. Доколку не ја покажете испечатената карта за влез во авион, потребно е да платите такса за пријавување на аеродром за да ви ја испечатат картата на шалтерот за пријавување.

Пријавувањето на аеродром е достапно од 30 дена до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот.

Водич за пријавување преку интернет

услови:

Патниците со чекиран багаж мора да се појават на шалтерот за оставање багаж не подоцна од 40 минути пред закажаното време на поаѓање на летот. На некои аеродроми, шалтерот за пријавување функционира и како шалтер за оставање на багажот.

Патниците што се пријавиле преку интернет треба да се присутни на портата за качување во авионот и да бидат подготвени за качување не подоцна од 30 минути пред закажаното време на поаѓање на летот.

Патниците што не се од ЕУ/ЕЕЗ мора да продолжат до шалтерот за пријавување на Wizz Air за проверка на документите, пред да продолжат кон обезбедувањето и поаѓањето. Доколку тоа не се направи, патувањето може да биде одбиено.

Патници што патуваат во шенгенското подрачје не мора да ги наведуваат информациите од патниот документ, само да ја завршат постапката за чекирање преку интернет.

Патниците со претходно закажана помош мора да пристигнат на аеродромот 2 часа пред поаѓањето и веднаш по пристигнувањето на терминалот ќе контактираат со член од персоналот за пријавување.

Деца под 14 години ќе бидат придружувани и пријавени преку интернет од патник на возраст над 16 години.

Патниците кои патуваат со мало дете мора да ја испечатат картата за влегување во авион на малото дете и да ја покажат на портата за качување во авион.

Картата за влегување во авионот од интернет, заедно со важечките патнички документи, ќе ја испечатите и ќе ја покажете на обезбедувањето на аеродромот и на портата за качување во авион.

Истите патнички документи, наведени за време на пријавувањето на интернет, мора да се покажат на обезбедувањето на аеродромот и на портата за качување во авион.

За време на чекирањето преку интернет може да Ви се побараат детали за визата кога патувате на одредени рути. Ако не е потребна виза за одредиштето, само напишете ххххххх во полињата за виза.

По пријавувањето преку интернет сѐ уште може да се направат промени на резервацијата (освен промена на летот и името) или да се купат дополнителни услуги. Забележете дека во случај кон резервацијата да се додадат WIZZ Xpress, WIZZ XXLong или WIZZ Reserved Seat, тогаш треба
-повторно да се испечати картата за влез во авион
или
-да се продолжи кон шалтерот за пријавување на аеродромот за да се добие налепница која ги прикажува промените на постоечката карта за влез во авионот.

Доколку податоците наведени за време на пријавувањето преку интернет не се точни, патувањето може да биде одбиено.

Пријавувањето на аеродром

Пријавувањето на аеродром е подложно на такса, којашто се плаќа по патник и по лет. Пријавувањето на аеродром може да се купи во моментот на резервирање или подоцна користејќи ја опцијата „Додај услуга“ или преку Повикувачкиот центар. Пријавувањето на аеродром што се купува на аеродромот е подложно на повисока такса. Доколку услугата за пријавување преку интернет сѐ уште не е достапна на аеродромот на поаѓање, пријавувањето на аеродромот ќе биде бесплатно сѐ до оспособувањето на услугата.

Листа на аеродромите каде што не е достапно чекирање преку интернет (чекирањето на аеродром е бесплатно)

Dubai - to Budapest only
Hurghada
Antalya
Istanbul
Corfu
Palma De Mallorca
Kutaisi (on mobile app)
Zaragoza

Чекирање со мобилен

Ако се чекирате со апликацијата, ги имате следниве опции да ја земете пропусницата за качување:

• Посетете го wizzair.com, внесете го бројот за потврда на летот и испечатете си ја пропусницата за качување • Сочувајте си ја пропусницата за качување во Passbook* за да имате пристап и кога телефонот не ви е во мрежа • Земете си ја пропусницата за качување преку апликацијата ако телефонот Ви е поврзан на интернет

Имајте предвид дека апликацијата и картата за качување не се достапни за Ајпед

Вие сте одговорни пропусницата за качување да Ви е сочувана во Passbook или да имате пристап на интернет во секое време при чекирањето и качувењето во авионот. Некои аеродроми во мрежата на Wizz Air уште не поддржуваат мобилни пропусници за качување. Во тие случаи, кога се чекирате со апликацијата, нема да се направи мобилна пропусница за качување. Посетете го wizzair.com, вчитајте ја својата резервација и испечатете си ја картата за качување

PassWallet е достапна и за уредите Amazon Kindle со надомест.

*Passbook е нативна апликација за Apple iPhone и iPod touch како дел од iOS 6. За уредите со Android ја препорачуваме апликацијата Passwallet за преглед и чување на картите за качување на Wizz Air. Овие апликации им овозможуваат на корисниците да чуваат и користат електронски купони, авионски пропусници за качување, возни билети, филмски и билети за други настани, картички за награди од клубови, картички за подароци, како и други облици мобилно плаќање.