Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

myWizz
myWizz
Пријавување
ДОДАЈ БАГАЖ
Најди резервации

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

често поставувани прашања

ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

БАГАЖ

ПРИЈАВУВАЊЕ

НАЗНАЧЕНО СЕДЕЊЕ

ВО АВИОНОТ

WIZZ СМЕТКА

КОНТАКТ

ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

- РЕЗЕРВАЦИИ

Како се резервира?

За повеќе информации за опциите на резервација, погледнете ја страницата како се резервира.

Дали е безбедно да се резервира карта преку интернет?

Многу се трудиме, вклучувајќи преземање разумни технички и безбедносни дејства, за заштита и безбедно складирање на вашите лични податоци и за да ги заштитиме истите од неовластен пристап, користење, злоупотреба или од неовластено бришење. Посебно внимание се посветува на безбеден пренос на лични и финансиски податоци. Овие податоци се пренесуваат од вашиот компјутер до серверот за резервации на Wizz Air преку шифрирани канали со поддршка на најновата технологија Secure Socket Layer (SSL). Покрај тоа, нудиме нова безбедносна интернет услуга за сопствениците на картички VISA и MasterCard. Потврдени од VISA и MasterCard, плановите со безбедносна шифра ви овозможуваат да регистрирате дополнителна лозинка за вашата кредитна картичка. Со ова помагате да се спречат неовластени купувања на вашата кредитна картичка, што значи дека можете да купувате на интернет со дополнителна безбедност и без грижи. За време на одјавувањето, доколку вашата банка учествува, ќе ви биде побарано да се регистрирате за еден од двата плана. Едноставно следете ги упатствата на интернет за да ја поставите новата лозинка. Некои банки нудат опција да се пријавите подоцна, но други ќе инсистираат веднаш да се пријавите на планот за да ја завршите интернет трансакцијата. Наскоро плановите ќе бидат задолжителни за сите сопственици на картички. Доколку имате прашања за планот, контактирајте директно со издавачот на вашата картичка.

Може ли да резервирам поврзани летови?

Wizz Air не работи со поврзани летови и затоа не може да го олесни преносот на патници или на нивниот багаж до други летови (без разлика дали со нив управува Wizz Air или друга авиокомпанија). Од таа причина, не преземаме одговорност за кои било последователни летови што патниците можеби ќе го пропуштат. Ве советуваме да си дозволите доволно време помеѓу закажаното време на летот што пристигнува и закажаното време на поаѓање на следниот лет.

Речиси завршив со процесот на резервирање кога ја добив пораката „Сесијата истече“? Што значи тоа?

Од безбедносни причини, временското ограничување за резервирање е 30 минути. По тоа системот автоматски се одјавува. Доколку пораката се појави на крајот од процесот на резервирање, контактирајте со Повикувачкиот центар, наведувајќи го датумот на поаѓање и маршрутата за да проверите дали сте извршиле резервација.

Ги помешав името и презимето во резервацијата. Дали тоа е проблем?

Подобро е да го промените за да избегнете недоразбирања на аеродромот. Ова не е промена на име, па нема да ви се наплатат такси за промена на име. Повикајте го Повикувачкиот центар бидејќи тие можат да го сторат тоа бесплатно.

При резервирање преку интернет погрешно го напишав името/телефонскиот број/адресата на е-пошта на патникот. Што треба да направам?

Контактирајте со Повикувачкиот центар за помош и тие ќе ги поправат грешките. Забележете дека не можеме да менуваме целосни имиња, туку само печатни грешки.

Јас и мојата партнерка резервиравме лет, но до времето на патување ќе бидеме во брак, а планот на патување го содржи моминското презиме на сопругата. Што треба да направиме?

Во таков случај, потребна е промена на име. Тоа може бесплатно да се направи доколку се прикажат патничкиот документ и изводот од книгата на венчани. Испратете ги сите релевантни документи до Одделот за односи со клиенти, поднесувајќи го барањето на нашата веб-локација најскоро што е можно или контактирајќи со Повикувачкиот центар.

Кога ќе биде потврдена мојата резервација?

Доколку сте платиле со кредитна картичка, по завршување на процесот на резервирање, ќе примите потврдувачка шифра (на екранот) и ќе ви биде испратена копија преку е-пошта. Доколку не сте примиле потврдувачка е-пошта (план на патување) проверете ги поставките на филтерот на вашата е-пошта и сите сандачиња што содржат филтрирана пошта. Планот на патување ќе содржи и потврдувачка шифра, датуми, вкупната цена за превоз и сите други неопходни детали. До овие информации можете да пристапите преку сопствениот профил на Wizz Air под делот „моја резервација“ доколку резервацијата е направена додека сте биле пријавени.

Која е мојата потврдувачка шифра?

Штом резервацијата успешно ќе се изврши, ќе добиете потврдувачка шифра (PNR). Таа ќе се прикаже на страницата со потврда, како и во планот на патување испратен по е-пошта (потврдувачка е-пошта). Се состои од 6 знаци (вклучувајќи броеви и/или букви). Забележете дека никогаш не го содржи бројот 0 (нула), секогаш е буквата „О“.

Како да ја откажам резервацијата?

Не можете да ја откажете резервацијата преку интернет. Бидејќи поголемиот дел од барањата се од итна природа, ве молиме веднаш да контактирате со нашиот Повикувачки центар. Забележете дека откажувањето ќе се обработи согласно Општите услови на превоз (Член 6.5.1.).

Може ли да направам промени на резервацијата?

Можно е да се сменат датумите и времињата на летовите, дестинациите и имињата на патниците на интернет преку менито „Мои резервации“ или преку Повикувачкиот центар до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Имајте предвид дека за тие промени се плаќа надомест. Можат да се купат и дополнителни услуги, како WIZZ Priority Boarding приоритетно качување.
Во случај на промена на датумот и/или дестинацијата, треба да се плати такса за промена на лет и во ситуација кога треба да се промени името на патникот, за промена на име.
Имајте предвид дека во случај кога цените на билетите се различни, треба да се плати и разликата во цената. Може да постои и разлика во таксите за багаж (како пријавена торба, така и голема кабинска торба), што зависи од планот и сезоната (ниска или висока) на новите летови.

Wizz Air го промени мојот лет/летови. Што да направам сега?

Во случај на промени на договорот од страна на Wizz Air ќе ве контактираме за да ве информираме за промената и вашите можности, преку е-пошта на адресата што сте ја навеле за време на резервирањето. Проверете ги поставките на филтерот на вашата е-пошта и сите сандачиња што содржат филтрирана пошта за да примате сродни известувања. Освен тоа, следете ги и ажурирањата објавени на нашата веб-локација.

ИМАМ РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА 6 ПАТНИЦИ И ЕДЕН ОД НАС САКА ДА ПАТУВА НА ДРУГ ДАТУМ, НО НЕ МОЖАМ ДА ГО СМЕНАМ ЛЕТОТ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ. ШТО ТРЕБА ДА СТОРАМ?

Поради технички ограничувања, делумни промени на летовите не се дозволени за резервации со 2 или повеќе патници. Контактирајте со нашиот Телефонски центар и нашите агенти ќе Ви помогнат.

САКАМ ДА ДОДАДАМ УШТЕ ЕДЕН ПАТНИК НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА. КАКО МОЖАМ ДА ГО СТОРАМ ТОА?

За жал, тоа не е можно. Направете нова резервација за Вашиот сопатник.

- ДЕЦА И МАЛИ ДЕЦА

Како можам да патувам со моето дете/мало дете?

Малите деца на возраст до две години може да патуваат со такси, во скутот на возрасниот придружник. Сепак, доколку цената за карта во еден правец на придружникот е пониска од тековните такси, истиот износ ќе важи за таксата за мало дете. На еден придружник дозволено е само едно мало дете. Таксата за мало дете може да се плати преку интернет за време на процесот на резервација или преку Повикувачкиот центар. За повеќе информации, погледнете ја страницата резервација за деца. Малите деца мора да бидат на возраст под две години како на поаѓање така и на враќање. Доколку малото дете достигне возраст од две години по поаѓањето, а пред враќањето од патувањето, мора да се купи седиште и во тој случај треба да се направат посебни резервации за следниот лет и за летот на враќање. За деца постари од две години не е дозволено да патуваат во скутот на полнолетниот придружник.

Дали е дозволен багаж за мало дете?

Бебињата немаат право на багаж, освен на нишалка / преклопна носилка / бебешко седиште за во автомобил за едно бебе (се превезуваат без доплата). И една од овие работи ќе се превезе бесплатно за децата (меѓу 2 и 14 години). Имајте предвид дека лежалки за бебиња и инвалидски колички се чекираат со другиот багаж и се превезуваат бесплатно само ако корисникот на опремата е патник. Меѓутоа, ако нема бебе или дете, овие работи ќе се превезат како чекиран багаж за дополнителен надомест.

Дали деца на возраст под 14 години може да патуваат сами?

Децата помали од 14 години може да летаат доколку се придружувани од возрасен со најмалку 16 години и кој ќе преземе целосна одговорност за детето. За повеќе информации за резервација на деца, погледнете ја страницата резервација на деца.
Забележете дека специјални услови важат за жителите на Романија на возраст под 18 години. Согласно романскиот закон бр. 248 од 2005 [што се однесува на слободно движење на романските граѓани во странство], романските граѓани помали од 18 години може да патуваат во странство само ако ги придружуваат двајцата родители или еден родител/еден возрасен и ако ја имаат потребната документација. Wizz Air ќе одбие превоз на патници кои нема да ја достават потребната документација.
Информирајте се за формалностите пред патувањето.

Може ли да понесам дубалче/трицикл наместо количка за дете?

Не, cе прифаќа само количка/корпа за бебе што се склопува/детско седиште за автомобил по дете да се пријави бесплатно.

Веќе имам резервација. Како можам да го доведам моето дете?

Контактирајте со Повикувачкиот центар и нашите агенти ќе ви помогнат.

- ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Корисник сум на инвалидска количка. Како може да добијам помош, специјална помош?

Патниците на кои им е потребна помош со инвалидска количка мора да го советуваат Повикувачкиот центар за време на резервирањето. Инвалидските колички кои работат со мокар акумулатор што може да истече, не се прифаќаат за патување. За повеќе детали проверете го делот услови на патување.

Што треба да направам ако ми е потребна посебна помош на аеродромот?

Доколку патниците на кои им е потребна помош се регистрираат за време на резервирањето, аеродромскиот сервис ќе бидат свесни за тоа и ќе дејствуваат соодветно. Одете до шалтерот за пријавување најрано што е можно каде што аеродромскиот сервис ќе ви помогне.

Бремена сум. Може ли да патувам со авион?

Бремените жени нема да патуваат со летови на Wizz Air по 34-та недела од бременоста. Жени кои ја поминале 28-та недела од бременоста можат да патуваат со Wizz Air под услов да добијат медицински сертификат што ја потврдува нивната способност за патување со авион. Wizz Air ќе биде одговорен само согласно овие Општи услови на превоз за кои било здравствени проблеми на бремените жени и/или на нивното неродено дете, што може да настанат за време на или како резултат од патувањето со авион.

- ПЛАЌАЊА

Кои форми на плаќање може да се користат?

Wizz Air прифаќа Visa, MasterCard, Maestro, UATP и Wizz кобрендирани дебитни и кредитни картички за плаќање. Ако немате кредитна/дебитна картичка или картичката не се прифаќа за плаќања преку интернет, може да се плати за летот преку банкарски трансферили преку кредитот на сметката Wizz.

Ако имате Wizz ваучер, можно е да се користи и за резервирање билет.Преостанатата сума (ако ја има) треба да се плати со банкарска картичка.Услови за ваучерот:

Дали ќе добијам фактура?

Wizz Air дава електронски фактури за вкупната цена на превоз. Електронските фактури ќе се достават по електронски пат само на адресата на е-пошта, што е назначена за време на резервирањето. Електронските фактури се издаваат во согласност со релевантните правни регулативи на Унгарија. Дополнително, може да се побара копија на хартија од електронската фактура преку Повикувачкиот центар за определена такса. Копијата од електронската фактура на хартија ќе биде испратена по пошта на адресата назначена за време на процесот на резервирање. Може да побарате изменета фактура што содржи различни детали од оние наведени при резервирањето, за којашто го задржуваме правото да наплатиме такса. За повеќе информации прочитајте го нашиот водич за наплата.

Што да направам доколку кредитната картичка ми е одбиена?

Проверете дали кредитната картичка е важечка. Бројот на кредитната картичка мора да се внесе во последователни броеви, без „празно место“ или „-“. Исто така, проверете дали има празни места на крајот од бројот на кредитната картичка. Доколку проблемот повторно се појави, контактирајте со банката за да проверите дали ви е дозволено плаќање преку интернет со картичката или дали има лимит на купување.

Би сакал да платам за картата со банковен налог. Кога треба да го уплатам износот?

Плаќањето мора да се изврши за 24 часа од резервацијата. Потврдата на резервација може да трае и до 4-5 работни дена.

Платив со банковен налог. Како да знам дека Wizz Air ја примил уплатата?

Во случај да не примите потврда за вашата резервација за време од 5 работни дена од плаќањето со банковен налог и/или статусот на резервацијата во вашиот Wizz Air профил се прикажува како „на чекање“, контактирајте со Повикувачкиот центар за да проверите дали е примено вашето плаќање. Не праќајте потврди за уплата ако не Ви се бара доказ за плаќање во случај да не може да се најде.

Добив карта за лет што бара плаќање со банковен налог, но би сакал да го платам салдото со кредитна картичка.

Треба да направите нова резервација преку интернет, со најновите цени за превоз.

Резервирав лет и сметам дека износот одбиен од мојата кредитна картичка не е точен. Што треба да направам?

Во таков случај, прво контактирајте со добавувачот на кредитната картичка за да го идентификува проблемот. Ако причината не е некоја дополнителна наплата од банката или не е употребен различен курс на размена, најрано што можете контактирајте нѐ преку Повикувачкиот центар или поднесете барање во категоријата „Грешка при плаќање“.

Зошто гледам друга сума наплатена од мојата кредитна/дебитна картичка одошто конечната цена на потврдата за резервацијата?

Ако платите со кредитна или дебитна картичка, уплатата се обработува преќу меѓународниот систем за обработка на плаќања со картички. Кога конечната цена ја наведуваме во валута што не е EUR или GBP, можно е сумата наплатена од дебитната или кредитната картичка да е различна (и може да биде поголема) од конечната цена на потврдата за резервацијата поради разликите во валутните конверзии што ги прави меѓународниот систем за обработка на плаќања со картички.

- ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Како да додавам услуги на постојна резервација преку wizzair.com?

Дополнителни услуги можат да се купат со кликање на копчето ДОДАВАЊЕ УСЛУГИ откако ќе се најавите и сте ја презеле резервацијата. Дополнителните услуги на Wizz можат да се купат до 3 часа пред времето на поаѓање.
Имајте предвид дека патничкото осигурување и автобускиот превоз го обезбедуваат други лица, затоа тие услуги можат да се купат до 3 дена пред датумот на поаѓање.
Потврда преку СМС е достапна само ако е даден број на мобилен во времето на резервирањето.

Обично имам проблем со просторот за нозе. Може ли да резервирам седиште со поголем простор за нозе?

Да, патниците може да резервираат седишта со екстра простор за нозе. За повеќе детали, кликнете тука.

Кого треба да контактирам за услугите од трети страни?

Ние сме само посредници помеѓу патниците и компаниите на трети страни. Контактирајте директно со нив повикувајќи се на својата потврдувачка шифра и бројот на ваучерот. Деталите за контакт може да се најдат во е-поштата за потврда на летот, примена за време на резервирањето.

- ГРУПНА РЕЗЕРВАЦИЈА

Како да резервирам карти за група?

Ако сакате да резервирате за група меѓу 11 и 50 патници најмалку 15 дена пред поаѓањето, можете да пребарувате летови и да резервирате преку интернет на wizzair.com. Треба да се регистрирате или да се најавите за да резервирате групи. Ако датумот на поаѓање е за 14 денови од резервирањето или групата има повеќе од 50 патници, вашето барање ќе се поднесе и ќе бидете известени по е-пошта во рок од два работни дена кога ќе бидат седиштата достапни за резервирање на wizzair.com. Имајте предвид дека цените за групните билети не ги вклучуваат надоместот за багаж, чекирањето на аеродромот и други услуги. Ќе можете да ги изберете летовите и датумите и да го поднесете изборот преку интернет. Имајте предвид дека специјалните промоции не важат за групи.

Имајте предвид дека специјалните промоции не важат за групи.
За повеќе информации одете на:http://wizzair.com/bg-BG/B2B/group_reservations

Кога треба да ги испратам имињата на патниците?

Имињата на патниците треба да се поднесат преку интернет на wizzair.com не подоцна од 72 часа пред поаѓањето. Имињата може да се поднесат само откако ќе се прими целосната уплата. Пред патувањето проверете дали сте добиле конечна е-пошта за потврда (со имињата на патниците), бидејќи може да не сме го примиле прилогот со имиња на патници и можеби ќе треба да платите такса за Промена на име за секој патник. Доколку не сте добиле е-пошта на два работни дена пред датумот на поаѓање, побарајте ја со контактирање на Повикувачкиот центар.

- ЦЕНИ ЗА ПРЕВОЗ И ПРОМОЦИИ

Резервирав вчера, но денес цените се поевтини. Како може да ја побарам назад разликата во цената?

Генерално, колку порано резервирате, толку цената ќе биде поевтина. Сепак, го задржуваме правото да воведеме промотивни цени помеѓу датумот на вашата резервација и датумот на патувањето (таквата промоција може да влијае на маршрутата за која сте направиле резервација пред почетниот датум на промоцијата). Воведувањето промотивни цени не ви дава за право да барате разлика во цената помеѓу вкупната цена за превоз, што сте ја платиле за резервацијата и вкупната промотивна цена.

Дали цената за превоз го вклучува и превозот на багажот?

Секое парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса, по торба, по лет и по патник. Нашата цел е да обезбедиме конкурентни цени каде што се достапни опции на дополнителни услуги за дополнителни такси, само кога е потребно.

Како да бидам известен за специјални и промотивни цени?

Промотивните цени се нудат за ограничен број на седишта на специфични маршрути. За најновите случувања, ве поттикнуваме да ја проверувате нашата веб-локација и/или да се пријавите за Wizz билтен или за членство во Wizz Discount Club.

БАГАЖ

- ЧЕКИРАН БАГАЖ

Колку багаж може да пријавам?

Можете да пријавите до 6 парчиња багаж, што не надминуваат 32 кг поединечно. Секое парче багаж што треба да се пријави е подложно на такса за багаж, којашто се плаќа по торба, по лет и по патник. Првите три парчиња може да се купат преку интернет, а следните три на аеродром. Бројот на торби што треба да се пријават мора да биде назначен и да биде платено за време на процесот на резервирање. Повеќе парчиња багаж може да се додадат подоцна, преку интернет или преку Повикувачкиот центар. Дополнителните парчиња чекиран багаж купени на аеродромот ќе бидат подложни на повисока такса за багаж. Износот ќе зависи од тоа дали е купен на шалтерот за пријавување или принудени сме да пријавиме преголема или претешка рачна торба на портата за качување во авионот. Доколку се пријави помалку багаж, таксата за багаж не се надоместува. Ако сакате да го прегледате износот на надоместот за багаж за Вашето патување, можете да го користите и калкулаторот за багаж.

ИМАМ ПРИЈАВЕН БАГАЖ ОД 27 KG. ШТО ТРЕБА ДА ЗНАМ?

Wizz Air разликува 2 типа пријавени торби според тежината. Се плаќаат различни такси за пријавени торби до 23 kg и над 23 kg, но максимум до 32 kg. Може да изберете да додадете или 23 kg или 32 kg пријавени торби во резервацијата. Ако очекувате пријавената торба да надмине 23 kg, Ви препорачуваме да си ја купите дозволената торба од 32 kg при резервирањето. Сè уште може да ја промените пријавената торба од 23 kg во 32 kg при додавањето услуги или пријавувањето преку интернет најмногу 3 часа пред летот. На аеродромот, во текот на пријавувањето или качувањето во авионот, важат повисоки такси отколку на интернет.

Веќе имам резервација. Како да купам дополнителни парчиња багаж?

Може да се додаде багаж во резервацијата преку нашата веб-страница, апликацијата за мобилен или Центарот за поддршка. Имајте предвид дека ако купите сместување багаж на аеродромот, може да треба да платите дополнителен надомест на агентот на аеродромот освен надоместот за багаж. Поточни информации за дополнителните цени што ги наплаќа агентот можат да се добијат од аеродромот.

РЕЗЕРВИРАВ ГОЛЕМА КАБИНСКА ТОРБА, НО ИЗЛЕЗЕ ДЕКА ЌЕ ЛЕТАМ СО ПОВЕЌЕ БАГАЖ ОДОШТО ПЛАНИРАВ. МОЖЕ ЛИ ДА СЕ НАДГРАДИ ЧЕКИРАНИОТ БАГАЖ?

Со нашата нова опција за надградба за голема кабинска торба можете да изберете чекирана торба наместо претходно купената голема кабинска торба и ќе треба да ја платите само разликата во надоместокот. Оваа измена може да се направи во Вашиот профил откако ќе се најавите.

ДАЛИ МОЖЕ ДА МИ СЕ НАДОМЕСТИ ВИШОКОТ СРЕДСТВА АКО ПРИЈАВЕНИОТ БАГАЖ Е ПОЛЕСЕН ОД ОПЦИЈАТА ШТО СУМ ЈА ИЗБРАЛ/А?

Не. Дозволениот багаж не може да се промени од 32 kg во 23 kg ако тежината на торбата не надминува 23 kg на пријавниот пункт. Ако сте купиле пријавена торба од 32 kg, вишокот средства нема да Ви се надомести ако торбата тежи помалку.

РЕЗЕРВИРАВ САМО ГОЛЕМА КАБИНСКА ТОРБА, НО ЌЕ ЛЕТАМ СО ПОВЕЌЕ РАБОТИ ОД ПЛАНИРАНОТО. ДАЛИ МОЖЕ ДА НАДГРАДАМ НА ПРИЈАВЕН БАГАЖ?

Со опцијата за надградување од голема кабинска торба, може да изберете пријавена торба наместо претходно купената голема кабинска торба и притоа треба да ја платите само разликата во таксите. Промената може да се направи преку Вашиот профил откако ќе се најавите. Ако веќе сте купиле пријавена торба, не постои можност за надградба.

Што да направам ако багажот се оштети за време на патувањето?

По пристигнувањето пополнете извештај за штета, пред да заминете од транзитната област, потоа однесете го багажот на поправка, земете сметка, а ние ќе го покриеме трошокот за поправката. Доколку багажот не може да се поправи, земете пишана потврда од работилницата за поправка, што ќе ги назначува типот и вредноста на багажот. Ќе ви биде дадено писмо со упатства по пријавување на проблемот на аеродром. Следете ги упатствата соодветно.

Што да направам доколку ми се загуби багажот?

Агентот за управување ќе ви даде извештај за задоцнувањето на багажот, што може да се користи како осигурување/барање, доколку е потребно. Проверете дали вредноста на багажот е назначена во извештајот. Ќе ви биде даден референтен број, што мора да се користи во секој контакт што ќе го остварите со нас. Ќе ви биде дадено писмо со упатства по пријавување на проблемот на аеродром. Следете ги упатствата соодветно.

- КАБИНСКИ БАГАЖ

КОИ СЕ ДИМЕНЗИИТЕ НА КАБИНСКИОТ БАГАЖ?

1. Мала кабинска торба:
- Ако кабинската торба има димензија 42х32х25 см или е помала може да се внесе во авионот бесплатно. Таа мора да се смести под седиштето пред Вас .

2. Голема кабинска торба:
Ако кабинскиот багаж е поголем од димензиите на мала кабинска торба, но не надминува 56x45x25 см, може да се внесе во авионот по плаќање на соодветна такса. Таа мора да се смести во горниот кабински багажник . Патникот мора да е во состојба сам и без помош од некого да ја стави торбата во горниот кабински багажник .
Багажот и големиот кабински багаж се плаќа поскапо во сезона.

На патниците со приоритет на влегување во авионот им е дозволено да носат 1 дополнителен личен предмет заедно со мала или голема кабинска торба.

Дополнителниот личен предмет може да биде рачна торба, торба за лаптоп или фотоапарат што не ги надминува максималните димензии 40x30x18 cm.

Ако патник со приоритет на влегување во авионот носи 2 парчиња рачен багаж и и двете ги надминуваат максималните димензии на дополнителниот личен предмет, патникот мора да пријави една од торбите и да плати соодветна такса.

Смеам да носам женска чантичка или торба за лаптопот освен рачниот багаж?

Смеете да внесете или една мала, или една голема кабинска торба.

На патниците со приоритет на влегување во авионот им е дозволено да носат 1 дополнителен личен предмет заедно со мала или голема кабинска торба.

Дополнителниот личен предмет може да биде рачна торба, торба за лаптоп или фотоапарат што не ги надминува максималните димензии 40x30x18 cm.

Ако патник со приоритет на влегување во авионот носи 2 парчиња рачен багаж и и двете ги надминуваат максималните димензии на дополнителниот личен предмет, патникот мора да пријави една од торбите и да плати соодветна такса.

Стоките купени на аеродромот по безбедносната проверка се дозволени во кабината бесплатно!

Може ли да носам течност во рачниот багаж?

Течностите во кабинскиот багаж се подложни на следните владини ограничувања:

  • Течноста е во сад со максимален волумен од 100 ml
  • Сите садови со течност што го исполнуваат максималниот волумен од 100 ml можат удобно да се сместат во провидна пластична кеса од 1 литар, што може повторно да се затвори, со димензии 20cmx20cm.
  • Пластичната кеса треба да се прикаже одделно кај безбедносната контрола
Кај безбедносната контрола ќе мора да се ослободите од течностите што не ги исполнуваат горенаведените барања.

- СПЕЦИЈАЛЕН БАГАЖ, НЕОБИЧНИ ПРЕДМЕТИ И ЖИВОТНИ

Како може да носам кршливи предмети (на пр. алати, апарати и кујнски уреди, материјали за кои е потребна посебна нега) или предмети со невообичаена форма или големина?

Треба да нѐ информирате за вашата намера да носите некои од горенаведените предмети за време на резервирањето, преку Повикувачкиот центар. Доколку не успеете да го пријавите преносот на гореспоменатите предмети, истиот може да ви биде одбиен и/или ние нема да бидеме одговорни за загуба, уништување, одложување и оштета на таквите предмети.

Како може да носам музички инструмент?

Патниците што ќе купат голем кабински багаж можат да внесат футрола за музички инструмент во авионот со максимална должина 80 см. Другите димензии на футролата не смеат да надминуваат 45 x 25 cm. Такви инструменти се виолината, флејтата, кларинетот, трубата, укулелето. За да се провери големината, футролата за музички инструмент треба да се стави во рамката за голем кабински багаж: ширината и длабината мора да ги собира, а висината треба да биде околу 1,5 пати помала од дозволената. Патникот не треба да има друиг кабински багаж освен малиот музички инструмент. Во авионот музичкиот инструмент треба да се смести во горната преграда.
Музички инструменти што не ги собира во горе наведените димензии треба да се превезуваат или како чекиран багаж, откако ќе се платат соодветните такси, или на седиште во авионот со плаќање за дополнителното седиште. Резервациите преку интернет може да се направат внесувајќи го презимето на патникот како семејно презиме и назначувајќи „EXST“ како име.
Забележете дека инструменти поголеми од виолончело (пр. двоен бас, харфа итн.) мора да се пријават со ознака за ограничено издавање. Овие инструменти се премногу големи и тешки за да се сместат на седиште.

Како можам да ја носам својата спортска опрема?

Превозот на спортска опрема е подложен на такса за спортска опрема и мора да биде назначен и да се плати за време на процесот на резервирање. Багажот што е оштетен, кршлив, гломазен, несоодветно спакуван, со задоцнето пријавување или преголем, ќе се прими за превоз со ознака за багаж „Ограничено издавање“ и Wizz Air не прифаќа одговорност за таквите предмети. За барањата за пакување прочитајте ги Корисните информации. Имајте предвид дека дозволената тежина за опрема е 32 кг.

Може ли да носам лекови во чекираниот багаж?

Чекираниот багаж не смее да содржи лекови. Сепак, смеете да носите лек што е потребен за време на летот во кабинскиот багаж. Погледнете ги безбедносните регулативи за носење течност во авионот.

Дали на летовите на Wizz Air може да го носам мојот миленик?

Wizz Air не превезува живи животни освен кучиња-помошници што патуваат заедно со патниците со посебни потреби и ги имаат документите наведени во регулативите на Земјите што учествуваат во превезувањето и ги почитуваат условите на тие регулативи.

Смеам ли да носам литиумски батерии?

Дали може да се носат литиумски батерии во воздушниот превоз зависи од конфигурацијата на батеријата и или капацитетот во ват-часови (Wh) (за батериите што се полнат) или содржината на литиум (LC) (за батериите што не се полнат).

Според ICAO Doc 9284, Technical Instructions (технички упатства), кога патниците ги носат за лична употреба, потрошувачките електронски уреди (часовници, машини за пресметување, фотоапарати, мобилни телефони, лаптопи, камери и сл.) што содржат литиумски или литиум-јонски ќелиски батерии, треба да се внимава на следново:

  • Резервните батерии треба да се посебно заштитени за да се спречи краток спој (со ставање во оригиналното малопродажно пакување или со изолирање на половите на друг начин, на пр. со лепење на изложените полови или со ставање на секоја батерија во посебно пластично кесенце или заштитна торбичка) и да се носат само во кабинскиот багаж. Резервните батерии не смеат да бидат во чекираниот багаж!
  • Освен тоа, секоја инсталирана или резервна батерија не смее да ги надминува следниве спецификации:
  • за батериите од литиум или од литиумска легура, содржината на литиум да не е поголема од 2 грама; или
  • за литиум-јонските батерии, капацитетот во ват-часови да не е поголем од 100 Wh.
  • Литум-јонските батерии со капацитет поголем од 100 Wh, но помал од 160 Wh, може да се носат како резервни батерии или во опремата само во кабинскиот багаж и само со одобрените од Wizz Air. Едно лице не смее да носи повеќе од две (2) посебно заштитени резервни батерии со капацитет од 100 до 160 Wh. Контактирајте со нашиот повикувачки центар за да добиете одобрение.
Ват-часови (Wh) или содржина на литиум Конфигурација Кабински багаж Во чекиран багаж Одобрение од операторот
100 Wh (2g) Во опремата Да Да Не
Резервна / заменска Да (без ограничувања) Не
Меѓу 100 и 160 Wh Во опремата Да Да Да
Резервна / заменска Да (најмногу 2) Не
Над 160 Wh Не се прима за превоз со Wizz Air

Напомена: вообичаените литиум-јонски батерии на лаптопите имаат капацитет од околу 53 Wh

ПРИЈАВУВАЊЕ

- ПРИЈАВУВАЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Се обидов да се пријавам преку интернет, но не работи. Што треба да направам?

Пријавувањето на аеродром е достапно од 30 дена до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Проверете дали на аеродромот на поаѓање е достапна услугата пријавување преку интернет. За сите други случаи јавете се во Повикувачкиот центар или преземете ја нашата мобилна апликација и извршете го мобилното чекирање не подоцна од 3 часа пред времето на поаѓање.
Водич за пријавување преку интернет

Резервирав дополнително седиште за виолончелото. Може ли да го пријавам преку интернет?

Да. Треба да го пријавите виолончелото со истите детали за патничките документи како вашите.

Може ли да направам промени на резервацијата или да купувам услуги по пријавувањето?

Откако ќе се чекирате преку интернет, може да се додадат дополнителни услуги преку интернет за резервацијата Забележете дека во случај кон резервацијата да се додадат приоритетно качување или бирање седишта, тогаш треба
-повторно да се испечати картата за влез во авион
или
-да се продолжи кон шалтерот за пријавување на аеродромот за да се добие налепница која ги прикажува промените на постоечката карта за влез во авионот.

По чекирањето преку интернет, можат да се прават промени на летот и името преку интернет преку Телефонскиот центар најдоцна до 4 часа пред закажаното поаѓање на летот. Ќе треба да платите надомест за промената. Имајте предвид дека во случај на промена на летот или на името по чекирањето преку интернет ќе треба повторно да се чекирате и повторно да ја испечатите пропусницата за бординг.

Треба ли да го пријавам бебето?

Да. Патниците кои патуваат со мало дете мора да ја испечатат картата за влегување во авион на малото дете и да ја покажат на портата за качување во авион.

Како да го пријавам багажот на аеродром кога веќе го пријавив преку интернет?

Доколку патувате со чекиран багаж мора да се појавите на шалтерот за оставање багаж, не подоцна од 40 минути пред поаѓањето на летот. Доколку не ја покажете испечатената карта за влез во авион, потребно е да платите такса за пријавување на аеродром за да ви ја испечатат картата на шалтерот за пријавување. На некои аеродроми шалтерите за чекирање служат и како шалтери за оставање багаж.

НЕ МОРАВ ДА ПОДНЕСАМ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТНИОТ ДОКУМЕНТ ПРИ ЧЕКИРАЊЕТО ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ. ЗОШТО?

Ако патувате во шенгенското подрачје не мора да ги наведувате информациите од патниот документ, само да ја завршите постапката за чекирање преку интернет.

- ПРИЈАВУВАЊЕ НА АЕРОДРОМ

Треба ли да платам за пријавување на аеродром?

Доколку услугата за пријавување преку интернет сѐ уште не е достапна на аеродромот на поаѓање, пријавувањето на аеродромот ќе биде бесплатно сѐ до оспособувањето на услугата. Чекирање на аеродромот може да се купи во времето на резервирањето или подоцна преку опцијата „Додавање услуги“ во „мои резервации“ или преку Повикувачкиот центар. Пријавувањето на аеродром што се купува на аеродромот е подложно на повисока такса.

Што се случува на шалтерот за пријавување?

Агентот за пријавување ќе побара да се идентификувате, да ги покажете потврдувачката шифра и важечките патнички документи. Пријавениот багаж ќе се измери и ќе се испрати во складот за багаж во авионот. На крај ќе ви биде издадена карта за качување во авион.

Треба ли да го испечатам планот на патување и да го поднесам за време на пријавувањето?

Не.

- ПАТНИЧКИ ДОКУМЕНТИ

Кои документи ми се потребни за да патувам со Wizz Air?

Wizz Air бара сите патници да обезбедат неопходни и важечки патнички документи при пријавувањето и да ги почитуваат барањата на земјата од којашто се полетува, прелетува или на земјата на слетување. Wizz Air нема да биде одговорен за кои било последователни сродни трошоци, доколку на патникот му се одбие влезот во земјата, поради неточен пасош или виза. За најточни информации за визните барања контактирајте со амбасадите или конзулатите на земјите што би сакале да ги посетите.

Пасошот ќе ми истече пред повратниот лет. Што треба да направам?

Доколку сѐ уште немате потврдена резервација, препорачуваме да ги резервирате појдовниот и повратниот лет во две различни резервации. Во тој случај можете да користите два различни патнички документи при пријавувањето. Во случај веќе да имате потврдена резервација, контактирајте со Повикувачкиот центар.


ИЗБОР НА СЕДИШТЕ





Како можам да го изберам или променам моето седиште?

При резервација, седиштата автоматски и бесплатно ви се назначуваат и се прикажуваат на мапата на седење. Возможно е да се променат претходно назначените седишта со определено плаќање, преку одбирање различни седишта за сите патници во резервацијата. Ова може да се изврши во чекорот Избор на седиште. Броевите на избраните седишта и соодветните цени секогаш се прикажуваат во полето Извод на плаќања.

Седиштата може да се променат со определено плаќање:

  • • За време на резервацијата, во чекорот Избор на седиште
  • • За време на пријавувањето на wizzair.com или преку апликацијата
  • • Со користење на „Додај услуги“ за постоечки резервации до 3 часа пред поаѓањето, на интернет или преку апликацијата
  • • Преку Повикувачкиот центар
  • • На аеродромот

За деталните суми, кликнете тука.

Како можам да го изберам моето седиште на интернет?

При резервација, седиштата автоматски и бесплатно ви се назначуваат. Возможно е со дополнително плаќање да изберете различни седишта во чекорот Услуги.

За постоечките резервации, седиштата може да се менуваат со користење на „Додај услуги“ во НАЈДИ РЕЗЕРВАЦИИ по пријавувањето.

При правење групна резервација, седиштата бесплатно и автоматски ќе им се назначат на сите патници. Тие може да се променат со дополнително плаќање подоцна, од страна на главното лице што ги прави резервациите или од страна на поединечните патници кога нивните имиња се додадени или за време на пријавувањето.

Можам ли да го изберам кое било седиште?

Ќе можете да одберете кое било седиште на авионот, според достапноста и безбедносните ограничувања: до прозорец или до просторот помеѓу седиштата, во предниот, задниот или средниот дел на авионот.

Седиштата во предниот ред и предните седишта се наоѓаат во предниот дел на авионот и ви овозможуваат да бидете помеѓу првите што ќе излезат од авионот по слетувањето.
Седиштата со екстра простор за нозе имаат повеќе простор за нозете за поудобно патување.

Од безбедносни причини, патниците наведени подолу НЕ се подобни за седење во редот за излез во итен случај или во преден ред:

  • • патници помали од 18 години
  • • патници со преголема тежина
  • • патници на кои им треба посебна помош
  • • бремени патници
  • • патници кои патуваат со деца (помали од две години)

Може ли да резервирам лет без да изберам седиште?

Да, но ќе треба да го прифатите седиштето назначено од страна на Wizz Air, без дополнителни трошоци, за време на процесот на резервирање.

Кога ќе можам да се пријавам на интернет по воведувањето на назначувањето на седиштето?

Пријавувањето е овозможено од 30 дена пред закажаното поаѓање на летот. Назначениот број на седиште ќе биде отпечатен на вашата карта за влез во авионот и ќе се прикаже на вашата мобилна карта за влез во авионот.
Патниците на кои им е потребна посебна помош мора да го контактираат Повикувачкиот центар пред пријавувањето на интернет.
Ако го измените вашиот избор на седиште по пријавувањето, одново отпечатете ја вашата карта за влез во авионот.

Mobile Boarding Pass

Mobile Boarding Pass

Резервирав лет преку туристичка агенција. Како можам да го изберам моето седиште?

Проверете си го бројот на назначеното седиште за време на пријавувањето за вашиот лет на wizzair.com.

Веќе платив за избраното седиште. Можам ли да го променам моето седиште?

Изборот на седиште може да се промени до 3 часа пред поаѓањето, на интернет или преку апликацијата за мобилен телефон, со користење на „Додај услуги“ во МОЈА РЕЗЕРВАЦИЈА по пријавувањето; или преку Повикувачкиот центар, или на аеродромот пред затворањето на шалтерот за пријавување (40 минути пред закажаното поаѓање), со плаќање на соодветната сума.

Во случај на пријавување на аеродром, можам ли да си одберам од седиштата кои уште се достапни?

Ако некое седиште не ви е автоматски назначено (на пример, ако вашиот лет имал слободни седишта во времето на резервирањето), агентот на аеродромот ќе ви ги назначи седиштата вам. Можете да земете различни седишта со плаќање на соодветната сума на шалтерот за пријавување.

Можам ли да купам седиште (резервација) на аеродромот?

Да, можете да одберете седиште наместо претходно назначеното седиште на аеродромот. За деталните суми, погледнете во Такси за услуги.

Можам ли да го променам изборот на моето седиште откако се имам пријавено?

Изборот на седиште може да се промени до 3 часа пред поаѓањето, на интернет или преку апликацијата за мобилен телефон, со користење на „Додај услуги“ во МОИ РЕЗЕРВАЦИИ по пријавувањето; или преку Повикувачкиот центар или на аеродромот пред затворањето на шалтерот за пријавување (40 минути пред закажаното поаѓање) со плаќање на соодветната сума. Земете предвид дека можете да го промените вашето седиште само еднаш откако ќе се пријавите.

Ако го измените вашиот избор на седиште по пријавувањето, одново отпечатете ја вашата карта за влез во авионот.
Ако имате Privilege Pass – според достапноста - можете да одберете кои било седишта, вклучително и седиштата во првиот ред, предните седишта и седиштата со екстра простор за нозе, ако сте во согласност со важечките услови во врска со тие седишта.

Колку пати можам да го променам изборот на моето седиште?

Изборот на седиштето може да се менува неограничен број пати, до 3 часа пред поаѓањето, на интернет или преку апликацијата за мобилен телефон, со користење на „Додај услуги“ во МОИ РЕЗЕРВАЦИИ по пријавувањето; или преку Повикувачкиот центар или на аеродромот пред затворањето на шалтерот за пријавување (40 минути пред закажаното поаѓање), преку плаќање на соодветната сума. Откако се имате пријавено, можете да ги промените вашите седишта само еднаш.

Ако имате Privilege Pass – според достапноста - можете да одберете кои било седишта, вклучително и седиштата во првиот ред, предните седишта и седиштата со екстра простор за нозе, ако сте во согласност со важечките услови во врска со тие седишта.

Како да изберам добри места за моето семејство?

Цел ни е патниците кои се дел од истата резервација и кои немаат избрано седишта поинакви од претходно назначените, да ги седнуваме заедно, но ова не е гарантирано. Земете предвид дека има некои седишта кои не се соодветни за мали деца или деца, па осигурете се дека сте го избрале вистинскиот тип патник за малите деца и децата во резервацијата пред пријавувањето. Земете предвид дека од вас може поради оперативни или безбедносни причини да биде побарано да го промените вашето седиште.

Како можам да се осигурам дека ќе седам со мојот пријател или со колегата ако имаме посебни резервации?

Можете да го промените седиштето и да изберете да седите заедно при пријавувањето, со плаќање дополнителна сума. Препорачливо е да ги купите новите одбрани седишта заедно.

Промена на летот

Мојот лет беше променет од страна на авиокомпанијата. Што се случува со назначените седишта?

  • • Ако има временска промена (ист ден, но различно време на поаѓање): резервацијата на вашето седиште ќе остане истата и од вас не се потребни никакви дополнителни активности;
  • • Ако летот е променет поради промена во распоредот (различен ден на поаѓање), а веќе имате платено за вашите седишта:

Пријавете се на wizzair.com, повратете ја вашата резервација и одберете ‘Додај услуги’, каде што можете

  • • да изберете седишта со иста или помала вредност
  • • да изберете поскапи седишта. Во овој случај ќе треба да ја доплатите само разликата во цената помеѓу двете седишта

Ако изберете седишта со пониска вредност од вашето салдо, контактирајте со нашиот Повикувачки центар за да ви ги надоместат парите.

Јас го променив мојот лет. Што се случува со назначените седишта?

Ако сте одлучиле да го промените вашиот лет и /или седишта, а веќе имате платено за вашите седишта: сумата што сте ја платиле за избраните седишта не се надоместува.

Можете

  • • да ги прифатите седиштата кои ние ќе ви ги назначиме при процесот на промена, без дополнителен трошок
  • • да изберете седишта со иста или помала вредност
  • • да изберете поскапи седишта. Во овој случај ќе треба да ја доплатите само разликата во цената помеѓу двете седишта.

Ако ги прифатите назначените седишта или ако изберете седишта со вредност пониска од вашето салдо, преостанатиот дел од салдото може да се искористи за која било друга услуга, но нема да биде надоместен.

Услуги за удобност и Privilege Pass

Можам ли да купам седишта со екстра простор за нозе или резервирани седишта како посебна услуга?

Не. По воведувањето на назначеното седење, седиштата кои претходно се нарекувале седишта со екстра простор за нозе или резервирани седишта може да се изберат при процесот на резервирање во чекорот Избор на седиште.

Можам ли одделно да купам приоритетно качување?

Да. По воведувањето на назначеното седење, приоритетното качување сѐ уште ќе им биде достапно на патниците кои сакаат да го сведат на минимум времето за чекање во редови при качувањето и да бидат меѓу првите што ќе влезат во авионот.

Купив Privilege Pass. Дали назначеното седење
влијае врз вклученото приоритетно качување?

Да, но на позитивен начин бидејќи го додадовме изборот на седиште за сопствениците на Privilege Pass бесплатно. Имате право да одберете кое било седиште, вклучително и седиштата во првиот ред, предните седишта и седиштата со екстра простор за нозе, ако сте во согласност со важечките услови.

Качување

Како функционира процесот на качување со назначеното седење?

Патниците кои купиле:

  • • Приоритетно качување
  • • Priority Pass

како и патници кои патуваат со деца, се повикуваат да истапат за први да се качат на авионот.
Патниците на кои им треба посебна помош се качуваат следни.
Сите други патници се качуваат потоа.

Кога започнува качувањето со назначеното седење?

Од вас се бара да бидете присутни на портата најмалку 30 минути пред времето на поаѓање на летот.

Каде се наоѓаат моите седишта во авионот?

Можете да ја проверите местоположбата на вашето седиште на Мапата на седење. За да ни помогнете да одржиме навремено поаѓање, користете ја:

  • • предната врата ако седите во редовите 1-15 и
  • • задната врата ако седите во редовите 16-30

ВО АВИОНОТ

Какви електронски уреди смеам да користам за време на летот?

На патниците им е дозволено да користат преносни електронски уреди (Portable Electronic Devices -PEDs) како мобилни телефони, електронски читачи и таблети на сите летови на Wizz Air. Во согласност со релевантните прописи, можете да ги користите тие уреди кога работат во режимот за авион при сите фази на летот. Од патниците се бара да ги извадат слушалките за време на безбедносните известувања на екипажот и да ги исклучуваат електронските уреди кога екипажот не може да потврди дека тие работат во режим за авион и одговараат на критериумите за користење за време на лет. Поголеми електронски уреди што можат да предизвикаат повреди, како лаптопи, треба да се складирани при летнување и слетување.

Ги заборавив работите во авионот. Со кого да контактирам?

Веднаш контактирајте со службата „изгубено-најдено“ на аеродромите на поаѓање и на пристигање.

Какви оброци обезбедувате?

Неколку минути по летнувањето ќе почнат услугите Wizz Café и Wizz Boutique. За време на услугата ќе ви бидат понудени разни производи, од топли пијалаци до подароци и модни додатоци. Ако сакате да ја видите целоснат понуда на Wizz Café и Wizz Boutique, кликнете овде.

WIZZ СМЕТКА

- МОЈ ПРОФИЛ

Како може да се регистрирам?

За регистрирање посетете го wizzair.com и кликнете „Пријавување“.

Не можам да пристапам до мојот WIZZ профил. Зошто не можам да се најавам?

Можно е да сте се регистрирале во минатото и да има повеќе постоечки WIZZ Сметки со истата адреса на е-пошта, коишто се блокираат меѓусебно. Во тој случај контактирајте со Повикувачкиот центар и тие можат да ги соединат сметките во една.

Ја заборавив лозинката. Што треба да направам?

Одете на wizzair.com и кликнете „Совет“ под полето за пријава. Треба да ја наведете регистрираната адреса на е-пошта за да добиете потсетник за лозинката. Нема потреба да контактирате со Повикувачкиот центар, бидејќи тие не можат да ви ја дадат таа информација од безбедносни причини.

Не можам да си ја најдам резервацијата во мојата корисничка сметка. Зошто?

Веројатно сте се најавиле со друг профил при резервирањето. Контактирајте со нашиот повикувачки центар..

Што да правам ако за време на регистрацијата сум згрешил?

Можете да ги поправите грешките ако се најавите и кликнете „Ажурирање на личните податоци“, освен името, насловот и е-поштата за пријава. Овие детали може да се поправат само преку Повикувачкиот центар.

Зошто не добив фактура за мојата резервација?

Забележете дека доколку сте ја направиле резервацијата од салдото на својата WIZZ Сметка, не се креира фактура. Во други случаи, контактирајте со нашиот повикувачки центар.

- ДОПОЛНУВАЊЕ НА WIZZ СМЕТКА

Што е дополнување на WIZZ сметка?

Дополнувањето на WIZZ Сметка е механизам за вложување пари на вашата WIZZ Сметка и посебно е насочено кон честите корисници на летови. Вашето салдо може да го користите за резервирање кое било седиште или помошна услуга со Wizz Air, вклучувајќи ги и промотивните седишта. По регистрирањето со wizzair.com добивате десетцифрен број на WIZZ Сметка. За повеќе информации прочитајте ги Условите и правилата на Wizz Сметка.

Како да ставите пари на Wizz Сметката?

Сметките WIZZ може да се дополнат или преку нашиот Телефонски центар , или со претворање на поените добиени на кобрендираните кредитни картички на Wizz (како заедничката банкарска картичка Wizz Erste во Унгарија). Имајте предвид дека билансите на сметките WIZZ дополнети со поени претворени од кобрендираните кредитни картички на Wizz може да имаат рок на траење, согласно Вашиот договор со издавачот на картичката.

- WIZZ Discount Club

Што е Wizz Discount Club?

Wizz Discount Club ви нуди ексклузивен пристап до промотивни карти, што може да се поевтини и до 10 EUR по лет во еден правец од редовните цени. Забележете дека промотивните карти на Wizz Discount Club се подложни на достапност. За вистинските попусти и достапноста секогаш проверете на wizzair.com или повикајте го Повикувачкиот центар.
Цените за карта на Wizz Discount Club важат и за придружните патници само во случај кога членот на Клубот е патник во таа резервација и резервацијата не надминува 10 патници (вклучувајќи го членот на Клубот и децата, но без малите деца). Ако членот на Клубот не патува со истата резервација, цените со попуст не се достапни за другите патници. Бројот на седишта по назначената цена на Wizz Discount Club се подложни на достапност.

Како да купам членство во Wizz Discount Club?

Следете ги овие едноставни чекори: 1. Пријавете се на сопствениот профил на Wizz Air. Доколку не сте регистрирани кај Wizz Air, регистрирајте се тука наведувајќи ги личните детали и адресата на е-пошта.
Доколку не сакате да ги пропуштите специјалните зделки и понуди, не заборавајте да се пријавите за Wizz Билтен!
2. Изберете ги летовите што сакате да ги резервирате.
3. Кликнете на копчето „Зачлени се во клубот“ за да ја додадете годишната членарина за Wizz Discount Club на резервацијата. Ако не се прикаже копчето „Зачлени се во клубот“ автоматски, кликнете на иконата Информации до цената Wizz Discount Club за избраниот лет.
4. Довршете ја резервацијата со пополнување на информациите за контакт и со завршување на плаќањето. Вашето членство во Wizz Discount Club ќе се активира во траење од една година сметано од денот на купувањето.
5. Секогаш кога ќе сакате да резервирате со снижените клупски цени, најавете се на својот профил „myWIZZ“ со својата адреса за е-пошта и лозинката. По најавата, ќе можете да ги видите информациите за сметката, како последните резервации или датумот на завршување на членството во Wizz Discount Club.
Секојпат кога се најавувате на страницата на својот профил, ќе можете да ги гледате информациите за корисничката сметка, како што се неодамнешните резервации или датумот на истекување на членството во Wizz Discount Club.
За да ги прочитате условите и правилата на Wizz Discount Club кликнете тука.

КОНТАКТ

- ПОВИКУВАЧКИ ЦЕНТАР

Како да контактирам со Повикувачкиот центар?

Погледнете ја страницата контактирајте нѐ за детални информации и за телефонските броеви.

Не можам да контактирам со Повикувачкиот центар. Дали бројот е важечки?

Повикувачкиот центар на Wizz Air е достапен преку броевите по првокласна цена. Имаме посебен број за секоја земја каде што работиме. Првокласните броеви може да се повикаат само во земјата. Пристапот до броевите по првокласна цена може да е блокиран за определени линии. Доколку се сомневате повикајте го вашиот давател на услуга.

- ЖАЛБИ

Како можам да поднесам барање?

Пополнете го образецот за барање и особено внимавајте при изборот на релевантната категорија.