Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

myWizz
myWizz
Пријавување
ДОДАЈ БАГАЖ
Најди резервации

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

УСЛОВИ ЗА WIZZ Privilege Pass

Исклучоци/ограничувања:

1. Дефиниции

Такса за багаж ја означува таксата како што е дефинирана на wizzair.com и подложи на плаќање од страна на патникот за секое парче чекиран багаж.

Екстра просторот за нозе ја означува услугата која му овозможува на патникот да седне на едно од најудобните седишта во авионот, во редовите за излез во итни случаи. Користењето на оваа услуга е подложно на определени ограничувања кои може да се проверат на wizzair.com.

Седиште во преден ред ја означува услугата која осигурува дека патникот може да седне на седиште во првиот ред на авионот. Користењето на оваа услуга е подложно на определени ограничувања кои може да се проверат на wizzair.com.

Голема кабинска торба означува едно парче нечекиран багаж кој им е дозволен на патниците да го земат со себе во авионот, како што е дефинирано во Политиката за дозволен багаж на Wizz Air на wizzair.com

Такса за голема кабинска торба ја означува таксата како што е дефинирана на wizzair.com и е подложна на плаќање од страна на патникот за секое парче голема кабинска торба.

Член ја означува личноста што ги користите услугите за превоз на патници на Wizz Air и чие име е дадено како член на WIZZ Privilege Pass за време на купувањето на WIZZ Privilege Pass.

Приоритетно качување ја означува услугата која на патниците им овозможува приоритетно качување на авионот.

Такса за избор на седишта ја означува таксата што подложи на плаќање од страна на патникот за секое седиште, ако е избрано индивидуално, како што е дефинирано на wizzair.com.

Предно седиште ја означува услугата која осигурува дека патникот може да седне на седиште во првите 2-4 реда на A320 и 2-5 реда на авионот A321. Користењето на оваа услуга е подложно на определени ограничувања кои може да се проверат на wizzair.com.

Wizz Air ја означува Wizz Air Hungary Ltd.

WIZZ Privilege Pass означува дванаесетмесечна програма за членство која на членот му дава право да додаде приоритетно качување, избор на кое било седиште (вклучително и седиште во првиот ред, седиште во предните редови и седиште со екстра простор за нозе) и голема кабинска торба за резервација на лет раководен од Wizz Air без да му биде наплатена такса за приоритетно качување, такса за избор на седиште или такса за голема кабинска торба.

2. Купување WIZZ Privilege Pass, права на членовите

2.1.  Членот може да купи WIZZ Privilege Pass
-       со резервација на интернет заедно со плаќање на таксата за WIZZ Privilege Pass; или
-       посебно на wizzair.com

2.2.  При купувањето на WIZZ Privilege Pass, на членот ќе му биде наплатена годишна такса.

2.3. Таксата за WIZZ Priority Pass е подложна на промена од страна на Wizz Air, во секое време и без известување на членот. Секое зголемување на таксата за годишно членство ќе важи по обновувањето на WIZZ Privilege Pass.

2.4. Членовите немаат право на надоместок за која било такса за членство по откажувањето на WIZZ Privilege Pass.

2.5. WIZZ Privilege Pass е поврзана само со членот кој е назначен како член на WIZZ Privilege Pass при процесот на купување на WIZZ Privilege Pass. Членот има право да користи WIZZ Privilege Pass само за време на резервациите на сопствениот лет (на пример, членот ќе биде назначен како патник за време на резервацијата за која тој/таа би сакал/а да има придобивка од членството на WIZZ Privilege Pass).

2.6. Членот не може да ја надгради бесплатната голема кабинска торба на чекиран багаж преку „додај услуга“ во деловите „моја резервација“, „резервации“ или „пријавување“.

3. Важност на WIZZ Privilege Pass

3.1. Времетраењето на WIZZ Privilege Pass е период од дванаесет последователни месеци започнувајќи на денот на неговото купување (на пример, плаќање на таксата за WIZZ Privilege Pass, на датумот на започнување) и завршувајќи на денот (заклучно со тој ден) пред последователната годишнина од датумот на започнување.

4. Разно

4.1. Членството не е достапно за деца под 14-годишна возраст.

4.2. WIZZ Privilege Pass не може да се пренесе; не е возможно да се промени името на членот на определена WIZZ Privilege Pass. Членовите мора навремено да го известат Wizz Air за неовластена употреба на нивниот WIZZ Privilege Pass штом тоа ќе приметат.

4.3. Членовите не смее да купуваат карти за препродажба со користење на нивниот WIZZ Privilege Pass. Промената во името на патниците кај определена резервација исто така не е возможна доколку за резервацијата се користел WIZZ Privilege Pass. Придобивките од WIZZ Privilege Pass исто така се применливи на новиот лет во случај на доброволна промена на летот или промена на распоредот од страна на Wizz Air.

4.4. Услугите купени од Wizz Air подлежат на Општите услови на превоз на Wizz Air, освен како што е назначено во тековните услови. Освен ако нема поинакви назнаки, дефинираните термини во Општите услови на превоз на Wizz Air го имаат истото значење во овие услови.

4.5. Wizz Air изречно забранува нудење WIZZ Privilege Pass за комерцијални цели од страна на членот или од страна на трето лице, особено на наддавања на интернет или на други платформи засновани на интернет.

4.6. Понудата важи додека не се повлече. Клиентот изјавува дека ги прифаќа тековните услови.

4.7. Wizz Air го задржува правото за измена на овие услови и правила во секое време, без претходно известување. Wizz Air ќе ги информира сите членови за таквите измени преку својата веб-локација (wizzair.com).

4.8. Wizz Air нема да биде одговорен за какво било оштетување што произлегува од злоупотреба на WIZZ Privilege Pass или доколку тој се изгуби или открие на други лица.

4.9. Овие услови ќе се толкуваат и спроведуваат во секоја смисла, согласно законите на Унгарија. Споровите што ќе произлезат од тековниот договор првенствено ќе се решаваат со преговори помеѓу страните.


Стапува во важност од 8 април, 2015 година