Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

myWizz
myWizz
Пријавување
ДОДАЈ БАГАЖ
Најди резервации

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

WIZZ Privilege Pass

WIZZ Privilege Pass претставува годишна програма за членство која ви помага максимално да го искористите патувањето со нас. Станете член за годишна сума од 99 евра и уживајте во одличните придобивки. Ние разбираме дека на деловните и честите корисници на летови најбитни им се леснотијата и удобноста, па со WIZZ Privilege Pass повеќе нема да треба да чекате при качување во авионот, да се тркате за најдобрите седишта во авионот или да се грижите за ограничувањата за вашиот кабински багаж. Можете едноставно да се качите и да тргнете и да си продолжите со денот.

ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ПРОПУСНИЦАТА:

Бесплатен избор на седиште

Одберете го вашето омилено седиште бесплатно. Достапните седишта ги вклучуваат:

  • Седиштата во предниот ред и предните седишта кои се наоѓаат во предниот дел на авионот и ви овозможуваат да бидете помеѓу првите што ќе излезат од авионот по слетувањето.
  • Седиштата со екстра простор за нозе имаат повеќе простор за нозете за поудобно патување.

Земете предвид дека изборот на овие седишта е предмет на определени ограничувања.

Седишта во преден ред:

Седиштата во преден ред се наоѓаат во првиот ред на авионот. Од безбедносни причини, патниците наведени подолу НЕ се подобни за седење во ред 1:

  • Патници под 18-годишна возраст
  • Патници со преголема тежина
  • Бремени патници
  • Патници кои патуваат со деца (под 2 години)

Седишта со екстра простор за нозе:

Седиштата со екстра простор за нозе се наоѓаат во редот за излез во итен случај. Од безбедносни причини, патниците наведени подолу НЕ се подобни за седење во редот за излез во итен случај:

  • Патници под 18-годишна возраст
  • Патници со преголема тежина
  • Патници на кои им треба помош
  • Бремени патници
  • Патници кои патуваат со деца (под 2 години)

Неограничено приоритетно качување

Бидете меѓу првите патници кои ќе бидат повикани да влезат во авионот секој пат кога ќе патувате со нас.

На патниците со приоритет на влегување во авионот им е дозволено да носат 1 дополнителен личен предмет заедно со мала или голема кабинска торба.

Дополнителниот личен предмет може да биде рачна торба, торба за лаптоп или фотоапарат што не ги надминува максималните димензии 40x30x18 cm.
Ако патник со приоритет на влегување во авионот носи 2 парчиња рачен багаж и и двете ги надминуваат максималните димензии на дополнителниот личен предмет, патникот мора да пријави една од торбите и да плати соодветна такса.

Бесплатна голема кабинска торба

Немојте повеќе да се грижите за ограничувањата за кабинскиот багаж! Ви дозволуваме бесплатно да земете голема кабинска торба на секој лет, па едноставно качете се и тргнете! Можете бесплатно да земете багаж со димензии од 56x45x25 cm во авионот.

Можете да користите WIZZ Privilege Pass за резервации на лет кои се направени пред вашето купување на WIZZ Privilege Pass, а кои уште не се остварени. За да ги искористите предностите од придобивките на WIZZ Privilege Pass за постоечките резервации, треба да го назначите членството на резервациите преку „додај услуга“ во деловите „моја резервација“, „резервации“ или „пријавување“.

Земете предвид дека сопствениците на WIZZ Privilege Pass не може да ја надградат својата бесплатна голема кабинска торба во чекирана торба.

Ако сте член, можете да ги купите и WIZZ Premium и WIZZ Premium Plus пакетите за пониска цена бидејќи големата кабинска торба и приоритетното качување веќе се вклучени во вашиот WIZZ Privilege Pass.

Земете предвид:

  • Членството не е достапно за деца под 14-годишна возраст.
  • WIZZ Privilege Pass не може да се пренесе; не е возможно да се промени името на членот на определена WIZZ Privilege Pass. Членовите мора навремено да го известат Wizz Air за неовластена употреба на нивниот WIZZ Privilege Pass штом тоа ќе приметат.

Ако сакате да ги прочитате условите, кликнете тука!