WIZZ Discount Club

Информации и услуги

Wizz Air

Информации и услуги

WIZZ Discount Club

wdc_min10_eur

мин. 10 евра

ПОПУСТ

на цените на билетите

wdc_discount_on_cabin_bag

5 евра

ПОПУСТ

на голема кабинска торба и
пријавен багаж

booking_for_groups_fixed_price

СОПАТНИЦИ

ПОПУСТ

проширете ги погодностите на Вашите
сопатници

wdc_premium

ПРЕМИУМ

ПОНУДИ

добијте пристап до
зделки само за членови

wdc_companions_discount

СТАНДАРДНО ЧЛЕНСТВО

ЧЛЕН + 1 СОПАТНИК

29,99 евра / годишно

booking_for_groups_fixed_price

ГРУПНО ЧЛЕНСТВО

ЧЛЕН + НАЈМНОГУ 5 СОПАТНИЦИ

49,99 евра / годишно

Купете Стандардно членство ако обично патувате сами или со еден сопатник или изберете Групно членство ако патувате со повеќе луѓе!

  • гарантиран минимален попуст од 10 евра за секој лет на сите цени од 19,99 евра, во секое време додека трае Вашето членство 
  • попуст од 5 евра на секоја голема кабинска торба и пријавен багаж што се купени на интернет
  • попустите важат и за резервацијата на сопатникот на членот ако резервирале заедно (во истата резервација како и членот, најмногу уште еден патник по резервација за Стандардно членство и најмногу 5 патници за Групно членство)
  • добивајте информации за промотивни понуди само за членови по е-пошта пред другите и добијте пристап до дополнителни попусти откако ќе се претплатите на Специјални понуди на WIZZ

Како функционира тоа?

Пример за штедење со Стандардно членство

Двајца патници патуваат со големи кабински торби на повратен лет.

Цена на Стандардно членство во WIZZ Discount Club за една година: 29,99 евра

Заштеда на цените на билетите: 4 x 10 евра = 40 евра 
Заштеда на таксите за торби: 4 x 5 евра = 20 евра 
Вкупна заштеда: 60 евра

Пример за заштеда со Групно членство

Четиричлено семејство патува со две пријавени торби на повратен лет. 

Цена на Групно членство во WIZZ Discount Club за една година: 49,99 евра

Заштеда на цените на билетите: 8*x 10 евра = 80 евра 
Заштеда на таксите за торби: 4*x 5 евра = 20 евра
Вкупна заштеда: 100 евра

Кога ќе резервирате патување како член на Wizz Discount Club, исто како во примерите погоре, веќе ќе имате заштедено повеќе од износот на годишното членство.

Колку повеќе патувате, толку повеќе штедите со WIZZ Discount Club!

Како се станува член во WIZZ Discount Club?

Само следете ги овие 4 лесни чекори:

  1. изберете ги летовите што сакате да ги резервирате
  2. кликнете на копчето „Купи“ за да го додадете износот за годишно членство во Wizz Discount Club во Вашата резервација
  3. завршете ја резервацијата со пополнување на деталите за контакт и плаќање за резервацијата и износот за членството. Вашето членство во WIZZ Discount Club  ќе се активира во времетраење од една година, сметано од денот на купувањето
  4. секогаш кога ќе сакате да резервирате по цените на WIZZ Discount Club, најавете се на Вашиот профил со Вашите адреса на е-пошта и лозинка
  5. откако ќе се најавите, ќе може да ги прегледате информациите на Вашата сметка, како на пр., неодамнешните резервации или пак,  датумот на истекување на Вашето членство во WIZZ Discount Club

Надградба 

Ако веќе сте член, може да надградите на Групно членство во секое време додека важи Вашето членство со плаќање на разликата во цените на различните членства.

Надградбата на членството нема да го продолжи датумот на истекување на Вашето членство. 

Не заборавајте да се регистрирате за Специјалните понуди на WIZZ на почетната страница за да добивате информации за специјалните промотивни понуди за членови!

  • Кога резервирате лет во друга валута, износите може да варираат поради промените на девизниот курс.
  • Цените на билетите и таксите за багаж онлајн на WIZZ Discount Club важат за сопатници само кога и членот на Клубот е патник во резервацијата.
  • Бројот на седиштата по назначената цена на WIZZ Discount Club зависи од достапноста. 
  • Попустите на таксите за багаж не може да се искористат за резервации што се направени пред купувањето на членството.
  • Прочитајте ги Правилата и условите на WIZZ Discount Club.        

WIZZ Discount Club - ЧПП

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Промотивните цени се нудат за ограничен број седишта на одредени маршрути. За најновите ажурирања може да се информирате на нашата почетна страница.

Регистрирајте се на билтенот на WIZZ и придружете се на WIZZ Discount Club за да го искористите максимумот од понудите и промоциите.

При резервирањето, може да изберете една од следните опции: „Купи Стандардно членство“ или „Купи Групно членство“. Вашето членство во WIZZ Discount Club ќе се активира во времетраење од една година, сметано од денот на купувањето. Секогаш кога ќе сакате да резервирате по цените на WIZZ Discount Club, најавете се со Вашите адреса на е-пошта и лозинка. Откако ќе се најавите, ќе може да ги прегледате информациите на Вашата сметка, како на пр., неодамнешните резервации или пак, датумот на истекување на Вашето членство во WIZZ Discount Club. Дознајте повеќе за WIZZ Discount Club!