Колачиња за сајтот на Wizz Air

Користиме колачиња за да бидеме сигурни дека ќе имате најдобро доживување на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате сајтот на Wizz Air без да ги смените поставките за колачињата, ќе претпоставиме дека се согласувате да ги примате сите колачиња од сајтот на Wizz Air. Можете да ги смените поставките за колачињата во секое време. Повеќе информации има во Политиката за колачињата.

Wizz Air

Wizz AirWizz

myWizz
myWizz
Пријавување
ДОДАЈ БАГАЖ
Најди резервации

Внесете го корисничкото име (адреса на е-пошта). Новата лозинка ја испративме на вашата регистрирана адреса на е-пошта.


Регистрирај

за компанијата

кратка, но богата историја

Во јуни 2003 само се направи планот за основање на Wizz Air, кога шест луѓе со широк опсег на стручност на полето на воздухопловството, како и успешни приказни од многу индустрии зад себе, се здружија со Јожеф Варади (József Váradi), Извршниот директор на компанијата. По само три месеци, Wizz Air стана регистрирана компанија подготвена за летање.

Првиот авион полета на 19 мај 2004 од Катовице. Денес Wizz Air нуди преку 410 маршрути од 22 бази во регионот: Гдањск, Лублин, Познањ, Катовице, Варшава и Вроцлав во Полска, Будимпешта и Дебрецин во Унгарија, Софија во Бугарија, Букурешт, Клуж-Напока, Таргу Муреш, Крајова и Темишвар во Романија, Киев во Украина, Прага во Република Чешка, Белград во Србија, Вилнус во Литванија, Скопје во Македонија, Рига во Латвија, Тузла во Босна и Херцеговина и Кошице во Словачка.

По деценијата непрекинат развој во најголема нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, Wizz Air успешно ја заврши почетната јавна понуда на хартии од вредност на 25 февруари 2015 и стана дел од Лондонската берза. На Лондонската берза, компанијата денес се води под тикерот WIZZ.

На својата единаесетта годишнина во мај 2015, WIZZ најави целосно подмладување на брендот и нова изглед на авионите со цел да одговори на барањата на напредните патници, истовремено заземајќи го своето место меѓу главните авиокомпании во Европа. WIZZ доби свеж, енергичен, софистициран изглед и допир, а некои од иницијативите што се воведоа во врска со иницијативата за брендирање се однесуваат на распоред на седишта, приоритетно влегување во авионот, подобрен систем за продажба на билети, и многу повеќе.

понуда на услуги

Wizz Air е авиокомпанија ориентирана кон вредност што се фокусира на постојано воведување новитети на патувањата на корисниците. Целта ни е летањето да го направиме пристапно за луѓето од ЦИЕ, а и да обезбедиме нови патувачки искуства за патниците од ЕУ. Воведовме и најнови технологии за да бидеме сигурни дека „искуството со Wizz Air“ е исклучително во однос на услугата и вредноста за парите. Wizz Air нуди „едноставен модел на услуга“, што значи: патување без билет, употреба на споредни аеродроми што ги намалува трошоците и времето, конфигурација од кожени седишта во една класа и кетеринг на барање со доплата.

Според Air Transport World, водечко списание за авионската индустријата, Wizz Air е „Авиокомпанија од вредност на годината“ за 2016.

Wizz Air се обврза да користи нови авиони изработени со најдобрата технологија, што ги одржуваат некои од најценетите компании, како што е Lufthansa Technik. Тоа овозможува компанијата да достигнува постојано високи стандарди на услуги за патниците. Wizz Air располага со флота од нови авиони Airbus A320 со 180 кожени седишта, како и авиони A321ceo со 230 седишта.
Освен тоа, Wizz Air има нарачано и 110 Airbus A321neo, односно авион со опција за нов мотор што треба да започне да се доставува во 2019. Тоа дополнително ќе ги намали оперативните трошоци и јаглеродниот отпечаток.

аеродроми и мрежа

Wizz Air постојано бара можности за проширување на својата мрежа на дестинации, како и за обезбедување евтин авионски превоз до и од Централна и Источна Европа. Во моментов, Wizz Air нуди летови на преку 410 маршрути во Европа и пошироко. Мрежата постојано се проширува и се воведуваат нови дестинации. Wizz Air се стреми да ја постигне најниската основна цена во регионот, а изборот на аеродромот има клучно влијание. Токму затоа Wizz Air соработува со голем број главни, споредни и регионални аеродроми што нудат ниски цени, а тоа се гледа од цените на билетите на WIZZ. Притоа, обезбедува и пријатна и брза услуга на клиентите. Wizz Air води постојани преговори за поставување мрежа на соработка со повеќе аеродроми што обезбедуваат евтин авионски превоз за Централна и Источна Европа.

луѓе

Ние во Wizz Air веруваме дека луѓето ја прават целата разлика. Членовите на тимот на Wizz Air, во авионот и на тлото, имаат иста страст: страста на нашиот бизнис. Тимот на Wizz Air верува во високи етички стандарди предводени од одличен пристап на тимски играчи. Во моментов, во нашата авиокомпанија работи персонал од различни земји ширум Европа. Благодарение на посветениот, мултикултурен раководен тим од професионалци, движечка сила и клуч на успехот во начинот на водење бизнис во Wizz е лидерството и мотивацијата. Wizz Air во моментов вработува повеќе од 2600 луѓе.

Флотата на Wizz Air

Wizz Air има флота што ја сочинуваат нови авиони од типот Airbus од семејството авиони A320, што опфаќа и авиони A320s и A321ceo. Wizz Air го доби својот прв авион A321ceo во ноември 2015 и ќе добие уште преку 20 авиони во текот на 2018. Wizz Air има нарачано и 110 Airbus A321neo по нова технологија со напредни системи и мотори што дополнително ќе ги намали основните трошоци на Wizz Air како водач во индустријата, како и јаглеродниот отпечаток на компанијата. Сите нови авиони ќе имаат вметнато уреди во крилцата, т.н „Sharklets“.

Airbus A320-200

Авион со нов изглед A320 на Wizz Air

Airbus A321 ceo

Авион A 321ceo на Wizz Air
Димензии A320-200 A321ceo
Распон на крилја: 35,80 m (117ft 5in) 35,80 m (117ft 5in)
Должина: 37,57 m (123ft 3in) 44,51 m (146 ft 0in)
Висина: 11,76 m (38ft 7in) 11,76 m (38ft 7in)
Моќност 2 X International Aero Engines IAE V2500-A5
Оперативна тежина (празен) 43200 kg 48500 kg
Максимална тежина при полетување 71500 kg до 89000 kg
Екипаж за летање 2 2
Стандарден кабински екипаж 4 5
Капацитет на седишта 180 230
Макс. брзина на летање 903 km/h (487 kt) 903 km/h (487 kt)
Економична брзина на летање 840 km/h (454 kt) 840 km/h (454 kt)
Капацитет на резервоар за гориво 24000 L 24000 L

Адреса на компанијата

Wizz Air Hungary Ltd.
BUD International Airport Building 221
H-1185 Будимпешта
info@wizzair.com
Metropolitan Court as Court of Registration, Reg.No.:01-09-964332
EU VAT No: HU13122605
контрола: Орган за национален превоз
Агенција за цивилно воздухопловство http://www.nkh.gov.hu/a-hatosagrol
1675 Будимпешта, Pf.: 41.